За вистинските жени ништо не е пречка така да ни менструација! Безразлика колку и да кажувате дека имате болни менструации! Знаете како викаат : Жена си! Се можеш!
Токму така.. шо е една менструација да ме спречи да дојдам до целта. Ма нема запирање кај мене. Ајде.. заминав јас на вежбање. Спојлер Баш физичката активност ги олеснува болките.
Јас немам проблем за време на менструација да вежбам ,само првиот ден неможам затоа што имам преголема болка после немам гајле
Конечно некој со слично размислување. А не да слушам изговори болна менструација ова она. Ти ако се фокусираш на нешто болки,проблеми и др работи исчезнуваат само останува целта. Ми се допаѓа тоа што има девојки кои се решени на здрав живот без изговори.
Менструацијата не е изговор, напротив ги олеснува болките, ја намалува подуеноста на стомакот.Немора да се преоптеретуваш, ама добри 30 мин ќе издржиш да ги извежбаш..
Јас можам, и знам само дека не е убаво ако тогаш почнуваш фитнес, диета првпат или ако се офарбаш бидејќи телото се прочистува и ништо неможеш да промениш.
Имам болни менструација дури и да ми е 3ти, 4ти ден од менструација штом кревам тегови одма после тоа болките ми се зголемуваат, ама ако вежбам пилатес тогаш ништо. Такашто полесни вежби можете да правите и нема да имате болка.
Јас само првиот ден од циклусот имам проблеми, другите денови се е нормално. Ама кај мене не се само болките во стомак, туку и големата вртоглавица и затоа само тој ден прескокнувам вежбање. Пробав еднаш на прв ден и притисокот ми падна и не планирам пак лошо да ми станува, ништо не ми е од еден ден
И да боли, и да вее ништо не е... Често. имам слободно време во периодот на менструација и вежбам. Е, кога веќе крварам многу и умирам од болки, тогаш спијам. Вежбањето може да почека некој саат.
Немам болни менструации и си вежбам секогаш кога можам.Не ми е воопшто проблем што крварам, три рала ѓаќи и две влошки ќе завршат работа
јас немам проблем со болна менструација, точно кога вежбаш болките се намалуваат, нормално не мора ниту да се оптеретиш, јас имам проблем бидејќи ми е многу гадно... се испотам, па со тоа влошка, па секаде се мокро, па само кога помислам на тоа дека треба нозе да кревам, ширим и што друго не, ме предомислува. Едвај одам слободно и онака, па плус да вежбам Затоа никогаш не вежбам првите три дена, не дека не можам ,туку не ми е пријатно, грозно ми е.
Во вакви денови правам полесни вежби или одмарам едноставно.Некогаш едвај се движам,а не па да земам да вежбам,посебно кога Инсенити ми е во распоред Не штетат 5 дена одмор
И во тие денови си вежбам исто како и секој ден, од причина што немам никакви болки. Единствено стомачни не правам.
Па јас вежбам, тогаш имам и помали болки а иначе мислам дека ништо не менува освен што е покорисно да вежбаш
Имам прилично болна менструација, но кога сум активна физички болката се намалува, па баш поради ова вежбам исто како и да немам добиено воопшто.
Понекогаш вежбам кога имам менструација,но потоа многу ме боли стомакот.А пак кога не вежбам тие денови,немам болка.
Не можам и не можам да вежбам додека имам добиено. Не е дека не сакам, желбата за вежбање ми е многу голема, но едноставно јас и физичката активност за време на циклус сме две различни нешта. Обично ми трае по седум дена, од кои пет имам обилно крварење, а последните два ситуацијата полека стивнува, но и тогаш не сум во состојба да вежбам. Секој мој обид за вежбање завршува со несвестица. Се заморувам премногу брзо, немам енергија, млитава сум, обилните крварења не ми оставаат баш простор за премногу движење, а користењето тампон не доаѓа предвид - сум пробала повеќе пати и сум направила белја ; срцето ми бие како лудо после првите петнаесетина минути од вежбањето, губам воздух и во истиот момент ме снемува. Се обидував толку многу време, се нервирав и едноставно се помирив со ситуацијата. Што е, тука е, правам пауза од една недела и продолжувам со истото темпо како претходно.