Вежбање и диети за тинејџерки

Дискусија во 'Фитнес' започната од osmatetratka, 12 април 2014.

  1. osmatetratka

    osmatetratka Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    108
    Допаѓања:
    10
    "Еј мила како си? навистина ми изгледаш пополно од последниот пат кога те видов"
    "Ааа душо, да не ти е потребен совет околу диети? си се здебелила"
    "Си се здебелила, вежбаш нешто ти?"

    Не, не. Неможам повеќе да ги слушам овие реченици морам да се одлучам да го намалам јадењето и да го зголемам вежбањето :!:
    Јас, сум 15г. 160 см. имам 57 кг. Да, можеби сум пополна од последниот пат кога ме вишле но тоа се само неколку килограми бев 53 :doh: !
    Добро, да се признае.. и јас кога ќе си се погледнам во огледало не се чувствувам удобно во алиштата кои ги носам :| ме прават уште по ниска и поширока без разлика што и да облечам а кога сум на гакички и прслуче не се гледам толку широка мислам како да сум таман ама повторно кога ќе се погледнам подобро пак се гледам таква дебелка и нискичка не бев до толку порано :sweat: бев послаба и поубаво изгледав, не се ни приметуваше нискоста :worried:
    А морам да признаам, минатото лето, и зимово сега нагло почнав да јадам! Значи се живо и диво беше во мојата уста до благо, до солено, до кисело СЕ! Не внимавав на исхраната а ниту пак вежбав нога не мрдав освен во училиште на физичко еден круг околу салата два пати неделно што не се смета за ништо. Е сега сеуште сум си таква, ниту вежбам ниту ништо а премногу сум стресна за тестови едно друго и неможам вежбам,време немам..а си јадам исто и сега го чекам првиот ден од летото за да се подготвам за вежбањеее, а секако и за диета. Незнаев дефинитивно каде да ја ставам темава бидејќи и двете работи ми се потребни ВЕЖБАЊЕ и ДИЕТА!
    Па, никогаш не сум држела диета ниту активно сум вежбала барам совети и разни критики од вас! Секако и поголема мотивација.
    Имам едно прашање, би можела ли да ослабам и да бидам згодна, да имам рамен стомак и убави секси нозе и малце поголема височина ако почнам да внимавам на исхраната и правам вежби? А исто така имам проблем и со нервозата па сакам некако негативната енергија да ја исфрлам преку вежбањето и уште нешто бидејќи реков дека премногу јадев од благо до мрсно а добро познатата изрека ти си тоа што јадеш е присутна чувствувам дека имам инфекција на вагината бидејќи имам постојано бело прање исто и влакната насекаде ми се присутни сигурна сум дека е од нездравата храна и од невежбањето..затоа сакам малку и здравјето да си го подобрам. Па сега, има уште многу време до крај година и почеток на летото но би сакала за тогаш да не бидам уштукана уште сега да спремам да си направам список на диета и на вежби како што напоменав погоре, за извишување, за рамен стомак,половина,образи,за СЕКСИ НОЗЕ, за СЕКСИ ЗАДНИК и така натаму... Може некој да ме подготви? :?:
    ПС. Вежбањето да биде во домашни услови, без никаков спорт и теретани.. трчањето ќе биде на стадион..
    И се прашував дали може да трчам и вежбам со обичен пушап прслук мислам нормален и хеланки и маичка или кратки панталони сеедно.. или да купам спортски градник? (срам ми е да и речам на мама) морално ли е спортски градник?
    И убаво ли би било да ставам ќеса под маицата кај стомакот за да се поти местото? Би сакала и рутина да си направам пример станувам во 6 правам вакви вежби ова она после трчам и се така по ред и внимавање на исхрана..мислам дека бев доволно јасна и сфатлива нели? Ме разбравте? Ве молам советувајте ме подолги коментари и од постов да би имала се би прочитала и ви била благодарна САМО САКАМ ДА СТАНАМ ЗГОДНА..
    (Ви се извинувам за предолгиот пост) :*
     
    На angelche16, Shpagetta и chocolate...girl им се допаѓа ова.
  2. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    168
    ВЕЖБАЊЕ и ДИЕТА во лето

    И јас ИСТО, скроз исто се осеќам, како јас да го пишев ова.
    Сега на 15ти полнам 15 години, висока 161 тешка 65.Вака се чини дека сум предебела, али имам само 6 кг за симнување.
    Баш сега уште со солзи сум во очите, полуматурнка сум оваа година, и со мама се искараваме не можам да си најдам фустанче што ќе ми стои убаво, дека сум подебелка.И тоа ептен ме погоди.
    За диета од денес, ако каснам нешто што не треба,не знам ќе се убијам. :lol:
    Нервозна сум вкрај, храната ја мразам од сега, буквално ја мразам.
    До лето, уште 2 месеци има.Ќе јадам само овошје, зеленчук, супи, леб благо и мрсно скраја да е,нешто млечни производи, житарки и вода во ОГРОМНИ количини.
    Си ја симнав преграмата фокус т25,ја вежбам напоредно џилиан мајклс, скокам на јаже и праам чучневи.
    Исто да ми помине оваа недела со тестови, сакам и по 2/3 пати во неделата да одам на фитнес.
    А за на лето е полесно.Имаме на избор премногу овошје и зеленчук, цело време сме слободни, можеме да вежбаме кога сакаме, фитнес, ова она.
    Доволна е само мотивација, тоа денес го сфатив после милион пролеани солзи. :x

    Мама сега прави пита со печурки месо и кашкавал, и тука потпишувам дека НЕМА ниту едно парче да каснам.Кога ќе се настрвам еве ова ќе го прочитам. :swear:
     
    На chocolate...girl му/ѝ се допаѓа ова.
  3. chocolate...girl

    chocolate...girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    ВЕЖБАЊЕ и ДИЕТА во лето

    И јас го имам истиот проблем сега во јули ке полнам 15 години, висока сум некаде 165-6 цм, а тешка 70 кг во моментот бидејќи веќе цели 3 недели сум на диета. Инаку јас лани бев полуматурантка бидејќи моите порано ме запишале на школо :P ама што лани не држев никаква диета и си бев дебелка на полуматурската ама нвм..е сега е проблемот што и јас сакам да ослабам до летото...затегнати задник и нозе, рамен стомак, слаби раце ама како да го постигнам тоа..како што реков веќе 3 недели сум на диета и сум ослабела 3 кг. Значи не јадам благо, леб, мрсно, само за доручек јадам по салам да кажеме и преку денот апнувам овошје, зеленчуци, јадам житарки, пијам не многу маслено млеко, тук там апнувам благо како житарки со коцки чоколадо, а најлошо од се е што не вежбам..сега да ми завршат тестовите и писмените и ќе почнам да вежбам на орбитрејк и плус да одам на зумба или аеробик или да трчам..ааа мора да се стане шланк :lol: :rofl: Па ајде почнете па да видеме што ќе направиме до летото :* Немам некоја посебна диета за вас ама еве јас ви кажав не јадете благо, мрсно, многу солено, тестенини и јадете повеќе пати во денот ама во мали количини и после 6 и пол часот навечер нема јадење. позз :*
     
    На hristinnnna му/ѝ се допаѓа ова.
  4. stojanovskata

    stojanovskata Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    473
    Допаѓања:
    122
    ВЕЖБАЊЕ и ДИЕТА во лето

    Ау девојки све 15 годишни :D И јас сум исто 15 годишна само што сум очигледно многу повисопка 180 :)
    Све што треба да направите е најпрво да решите како сакате да изгледате и да си најдте најголма мотивација.За мене поголема мотивација ми е сите луѓе кои сакам да не видат дека се откажувам одколку кога све ми е нај екстра.Јас почнав пред некој еден и пол месец д авежбам и тогас з анедела време ослабнав 5 кила али со 4 пати вежбање во недела и многу сдрава храна јадење.Послем тоа се разболев две недели,па свтикав нога,па празници ја пак вежбав али не ослабуав туку само ја одрзаавв тежината.Од оваа недела вежбам многу појако од тога,вежбам два пати во ден послем школо правам едно видео 6 weeks-6 pack и вечер зависи од денот тренирам.Значи во една недела вежбам два часа аеробик,еден пилатес,трчам еден ден,едн ден возам точак и еден ден бутови.Односно 6 пати вежбам еден ден одмарам од вечерниот тренинг а ојој послем школо го правам.За јадењето сега уште се уходавам послем празнициве постепено се откажувам од све што е нездраво.Послем толку диети и читање мислам дека скоро све што треба да знам ,научив во врска со ослабувањево.Уште малце мотивација д ами се качи и ке биде перфектно :) Идеме јако женски до лето ,најзгодни ќе бидеме ;) Ако нешто не ви е јасно слободно пишете ми лп ќе ви помогнма колку толку и ќе ве уходам во ''бинисов '' :D Позз :*
     
    На ColoursOfTheRainbow и hristinnnna им се допаѓа ова.
  5. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    671
    Допаѓања:
    1.022
    ВЕЖБАЊЕ и ДИЕТА во лето

    Леле, и јас имам скоро 15, годинава сум полуматурантка а се имам здебелено :worried: .
    Уште од средината на февруари почнав демек да внимавам на исхраната, да вежбам почесто и да пијам повеќе вода. И леб сега јадам поретко, не вечерам, а за вежбањето, правам стомачни, чучневи и некој други вежби, некогаш скокање на јаже и трчање, и чоколадо сега почнав само црно или пак од оние чоколадните житарки со млеко, кога ми се јаде ептен благо.
    Ама јас не гледам резултати, еве веќе 2 месеци вака пробувам помалку да јадам и повеќе да вежбам, ама џабе е, и почнувам да губам мотивација :doh: ...
    Ама не се откажувам сеуште ^_^ :muscle:
     
  6. hristinnnna

    hristinnnna Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2013
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    168
    ВЕЖБАЊЕ и ДИЕТА во лето

    Леле, како бе 2 месеци без резултати? :worried:
    Кај мене за 1 недела се појавуваат, али јас брзо се откажувам, која глупачка сум.
    Иначе утре и сабота ќе одам на фитнес, и ќе пробам за викендов да не јадам нездраво, а од другата недела здравје боже посериозно ќе си ја фатам работата, заради гадното време неможев од кревет да мрднам, цела позитивна енергија ми ја зеде.
    Иначе вежбам фокус т25, и јилиан 6 week 6 pack,а и одкако ќе се подстопли времето ќе почнам велосипед да возам.
    Ајде се ќе биде женски, треба само мотивација и трпение :)
     
    На Shpagetta му/ѝ се допаѓа ова.
  7. lightning123

    lightning123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2014
    Пораки:
    801
    Допаѓања:
    389
    ВЕЖБАЊЕ и ДИЕТА во лето

    Не оди сѐ така. Треба да намалите со храната,но:месо, леб и сѐ што содржи житно растение, млечни производи, сендвичи, мајонез и сл. Повеќе салати внесувајте, таман е времето. Може сѐ да се најде, од:краставици, зелка, марула, кромид, лук (знам дека овие не ги сакате), јаболки, маслинки, домати и ориз исто така може. На многу места по нет ќе најдете дека јогуртот треба да се внесува, но не. Тој само ја надразнува слузокожата во желудникот и после ќе имате нагони на повраќање и ждригање. Овие периоди се добри за зеленчукова и овошна диета, но не баш за вежбањето. Вежбајте, но во сала или пак дома. Со вас обавезно носете шишенце вода. Не претерувајте со вежбите и диетите, може да има обратен ефект. Може еден ден да ви се сврти во главата и да се разбудите во болница. Пазете што правите. Ви посакувам успех на сите :*
     
    На hristinnnna и Shpagetta им се допаѓа ова.
  8. Shpagetta

    Shpagetta Популарен член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2011
    Пораки:
    671
    Допаѓања:
    1.022
    ВЕЖБАЊЕ и ДИЕТА во лето

    Мене ми е проблем што никогаш немам доволно време да се изнавежбам убаво, освен за викенд :(. Сега ќе се запишам на фитнес па ќе видиме...
    Изгледа не сум доволно упорна, од сега со повеќе енергија :D
     
  9. chocolate...girl

    chocolate...girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2012
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    147
    Пол:
    Женски
    ВЕЖБАЊЕ и ДИЕТА во лето

    Девојки веќе 2 и пол недели одам на аеробик и има резултатиии јееј.. почнаа да ми се намалуват нозете ама од стомаков ништо е сега веќе сум и на по строга диетичка само 2 пати јадам во денот немам ужини а и плус во мали количини апнувам. Ии нешто што мора да го правете секое утро и вечер ќе почнете да си правате топла вода со мед и лимон. Пијалок што помага во топењето на маснотиите што ги внесувате. Од утре почнувам и на Зумба и да почнам тоа со предизвикот со чучневањата..па ќе видиме што ќе бидее :D :P :lol: 8)
     
  10. Buubbbiiiii

    Buubbbiiiii Нов член

    Се зачлени на:
    20 мај 2014
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    0
    ВЕЖБАЊЕ и ДИЕТА во лето

    Здраво,
    Имам 12 години 157см сум висока и тешка сум 53кг.Тренирам одбојка веќе цела година но никак да се намали големото стомаче.Ова лето со другарките ќе одиме на одмор. и срам ми е како да се облечам во бикини пред нив.Но имам една слаба страна:не живеам без. ЧОКОЛАДО .ве молам кажете ми што да правам имам време до27јули
     
  11. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.933
    Eпа мораш да почнеш да живееш без чоколадо :) И за рамен стомак,мораш мноооогу вода да пиеш,и имам слушнато дека вода со лимон исто било добро да се пие за рамен стомак и мораш да вежбаш (се ова пишувам 2 дена пред да треба да идеш,ама ете сеа ја најдов темава :lol: )
    Јас пред негде 1 година,со се јадење се најнормално само со склекови ко забегана,имав стомачни и на рацеве мускули и ко маж некој се осеќав.Ама сеа се тоа отиде у вода :angel: :angel: Пред еден месец пак почнав да вежбам.ама прекинав во последно време,незнам зашто :^) Сега само пијам мноогу вода,коа ке станам прво што правам пијам чаша вода па се друго.Иначе моментално имам 48 кила а висока сум 168. :)
     
  12. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.482
    Допаѓања:
    4.320
    Пол:
    Женски
    јас сум 15 год. и висока сум 168 см. не се имам мерено колку тежам околу 1 година.. иначе имам рамен стомак ама пак се чуствувам неудобно и се чуствувам како да треба уште да ослабам.. почнав да вежбам оваа годнина редовно џогирам , правам вежби секоја ден и пешачам најмалу 4 пати во неделата.. треба да пиеш многу вода и да пазиш на исхраната .. на пример јас си обожавав да си јадам мајонез и таквии мрсни работи.. сега ич не јадам мајонез и избегнувам многу мрсна храна.. исто така чоколади избегнувам , ако јадам чоколада ќе биде мали парчиња црна чоколада затоа што таа е поздрава.. јади овошје многу цитрон е најубаво затоа што читав дека согорува калории + пробај да пиеш зелен чај пред оброци тој помага за согорување калории исто и за слабеење.. хмм друго многу е убаво да пиеш домашен јогурт за метаболизмот .. јади кисело млеко и павлака. тоа за исхраната.. да се вратиме на вежбањето , оваа ти го кажувам од искуство , немој да вежбаш многу наеднуш во една ден, јас така си викам една ден океј денес ќе почнам да вежбам и пуштив вежби на јутуб и се напрајв цела жива вода и ноќта ме болеа сите мускули.. најголемата грешка.. кога планираш да почнеш да вежбаш почни по малку секоја ден и со тек на времето појачувај .. на пример ние на физичко овде почнувавме со истегнување на нозете и рацете , после правевме 20 стомачни и 15 склекови.. исто така на физичко трчавме 1 милја секој месец и тоа баш ме инспирира да вежбам затоа што имав строга наставничка и ако застанеш ти одземаше поени од отценката ( е сега јас не ти викам да истрчаш ти 1 милја без стопирање првиот ден ) почни да трчаш денеска на пр. по 5 минути па одмор па пак 5 минути , утре трчај 10 минути и така .. и најважниот дел е да си мотивирана додека вежбаш , оти ако го правиш на сила ништо нема да постигнеш
    :*
     
  13. Stefani999

    Stefani999 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    694
    Допаѓања:
    594
    Jaс како петел се дигам во 6 и нешто,пијам вода се облекувам и на трчање еден саат.Дел пешачење дел трчање.Почнав пред 2-3 недели ама се заташкаа работите :tmi: ама од вчера озбилно си ја фанав.Плус со комбинација на 8 часовната диета,ама ќе гледам само здрава храна да јадам..Се надевам дека барем 7кг ќе симнам :?:
     
  14. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.186
    Допаѓања:
    9.084
    Пол:
    Женски
    Јас сум 151висока и 50кг.Имам тврди стомачни но од салото не се гледаат и кај половината имам сало, .Исто сакам малку и нозете да ги намалам.Сум слушнала за стомачни да се вовлекува стомакот и навистина помага, кога носам тесни блузи цело време стомакот ми е вовлечен зошто ми е срам да го покажам.Значи секаде сум слаба само во стомакот и во погорниот дел од нозете.Ајде помош и за колку време отприлика?Неможам да прикачам слика ми ја става наопаку.
     
    На teddi му/ѝ се допаѓа ова.
  15. N.Kety

    N.Kety Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    1.219
    Допаѓања:
    1.756
    пијте јаболков оцет растворен во вода,мн е здрав,многу помага и содржи мн витамини.. помага за слабеење и исто така за оние посериозни болести како висок крвен притисок и холестерол. Јас читав по интернет дека една до две чаши на ден убаво е да се пие,но секогаш со вода или сок,никако само оцет оти е штетен за забите
     
  16. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.186
    Допаѓања:
    9.084
    Пол:
    Женски
    Викате дека треба да се пие многу вода па ме интересира дали мора да се пие обична вода или може и кисела?Дека јас повеќе конзумирам кисела вода :)
     
  17. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.482
    Допаѓања:
    4.320
    Пол:
    Женски
    обична :!: кисела вода додека спаќа во газирани пијалоци и не е здраво за тебе..
    ние имавме едно село во мк каде што течеше кисела вода и одевме да наполниме често .. за такваа вода би рекла да .. оти е природна и има многу минерали .. а за кисела вода од продавница не..повеќето содржат многу шеќер. Кога ќе пиеш обична вода можеш да пиеш и да вежбаш , кога ќе пиеш газирана ќе се напиеш 2-3 пати и ќе те направи многу подуен и ќе неможеж да станеш од стол.
    http://www.livestrong.com/article/51721 ... xercising/ еве тука има повеќе информација
     
    На srhsejbsk му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ivonaaa07

    ivonaaa07 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јуни 2014
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    9
    Здраво!
    Имам 13 год и почнав да вежбам пред една недела,но прочитав декаако вежбам за времене раст можам да не извишам и да останам ниска.Трениран и кошарка ама сепак сакам да вежбам повеќе.Не одам во теретана(правам стомачни,склекови,чучњеви и сл),ама ми е страв дека ќе се набилдам,и ќе останам ниска зошто сум околу 150 цм.Ве молам ако знаете нешто кажете и помогнете.
    Однапред фала Ви.
     
  19. RockNroLLGirL

    RockNroLLGirL Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2014
    Пораки:
    1.482
    Допаѓања:
    4.320
    Пол:
    Женски
    :lol: :lol: нема врска тоа дека ќе останеш ниска , ти ако си почнала пред една недела нема да се набилдаш преку ноќ со мускули :rofl: , со склекови и стомачни само вежбаш , вежбањето е баш добро за тинејџерки и е многу здраво во време на развој .. е сега ако пишеше дека креваш 50 кг тега тоа е не е добро , ама со обични вежби како што наброја во твојот пост гајле немаш
     
  20. Golden

    Golden Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2013
    Пораки:
    1.065
    Допаѓања:
    1.398
    Пол:
    Женски
    Не бе не можеш да останеш ниска. :D Имам слушнато доклку креваш тегови,дека ќе останеш ниска,но не знам колку е точно.
    Инаку денес бидејќи станав рано и ја отворив темава. :D Читам сите пешачите,трчате,здраво се храните и одма и ја надвор да пешачам. :rofl:
    Печашев еден час како за почеток мислам дека не е лошо.