Какво мислење имате за вежбање со степер?Дали вежбате со него и какви резултати дава? Се двоумам дали да го купам па би ви била благодарна доколку споделите ваше искуство
Moјата справичка ! Јас вежбам на ова веќе година дена,и више може. И се најубаво би кажала за справава. Значи почнав да вежбам од 15 мин.на ден,и секој ден покачував по 5 минутки и стигнав до 45 минути дневно. Ама буквално секој ден,не пропуштав ниеден,и за неполн месец имав стапче ноџиња Бутови ми ги намали скрос значи,особено оној дел каде што се тријат. Нозете доле ми се истенчија исто така. Абе јас сум многу задоволна! Исто како на скали да се качуваш е. И воопшто не е заморно,барем мене не ми е. Дома имам и тотал џим па не ми е толку филнг тоа,и тешко ми е така прилично. А ова како вода лесно е,музика на уши и терам преку пола саат дневно,и секако резултати има! И да,за стомакот исто да кажам дека се намалува,не премногу како на пример нозеве но има колку толку резултати.Јас би ти го препорачала,осебно ако сакаш да ги ослабнеш/затегнеш нозете
3200 во Топшоп,може да го најдеш и на други места каде што се продава фитнес опрема по слична цена позззз.
Јас си купив ваков мини степер од техномаркет 2.199 ден. Го користам околу 3 недели и многу сум задоволна одличен е
А да ве прашам, дали со степерот ќе го подигнам или зголемам задникот? Или уште толку ќе ми се намали?
Неможе од вежбање да се намали задникот,тоа може кај оние што имаат голем па да се намали и оформи како што треба,а ти ако имаш мал мислам дека би требало да ти се зголеми барем малку бидејки ке направиш мускул и убаво ке ти се оформи,тоа е моето мислење.
И јас почнав да вежбам на степер Првиот ден вежбав 30 минути, вториот 40 и третиот 60 минути. Не е тешко јас дури се зачудив како вежбам толку време Има да ги ослабнам нозете
Иако темава е за степер, тука ќе го поставам моето прашање Спојлер ( да не отвараме тема за секоја справа ) Имено, кое е вашето мислење или можеби искуство за следнава фитнес справа? ... ми изгледа интересно вежбањето http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... 3Vrk1lVASw
и јас сакав да прашам за истава справа....дали некој ја има користено справава? сега сум при пари и сакам да си ја купам....одев 3 год на фитнес но престанав поради работата и за 2 месеци се здебелив итоа најмонгу во бутовиве и задникот а оваа справа ми гледа како совршено решение за мојов проблем ама колку е ефикасна ?
Добро изгледа справава... Инаку, јас имам степер дома и топ си е вежбањето. Прво правам вежби за загревање, а потоа си пуштам епизода од сериите од фокс и се заборавам од вежбање на степерот Само би ги прашала оние што вежбаат подолго на степерот, дали ви се развива мн бутот? ја сум појака во тој дел, па ми е страв да не направам ептен фудбалерски бут? ПС Го купив од она што беше Орка Спорт (Линен, како и да е сега) во ГТЦ за 1800 ден пред 2 години.
Денес за прв пат вежбав на степер, а го меркав ден-два на фитнес. 25 минути вежбав без престан, не беше воопшто тешко. Мислам дека како за прв пат е супер, ќе си го зголемувам времето секој нареден пат. Се надевам утре. Сакам и јас да сум како Beauchamp, за толку брзо време да го снема тој омразен дел помеѓу нозеве. На фитнес планирам 2 месеци да одам, па мислам дека ќе е доволно колку-толку да ги ослабам, комбинирано со кардио на статичен велосипед и други вежби за нозеве. Инаку, на степерот каде што вежбав јас не ги одбројуваше изгубените калории, а пак другиот до мене (што е понов) ги одбројуваше. Девојката која вежбаше на него ми рече дека на секои 2 чекори се губи по 1 калорија, но некако ми е нелогично. Стварно е така?
Па јас не го ни гледам дисплејот што одбројува калории и чуда, затоа што не верувам дека со два чекори убиваш калорија како и да е, јас си гледам на време, тоа ми е мерка колку сум вежбала...нит бројам чекори, нит калории Скоро секој ден (по можност, нели ) 5 мин загревање, 15-20 мин вежби за раце, нозе и стомак, потоа 20-30 мин на степер, и завршувам со некои вежбички за раце, нозе... отпилика ова е мојата програма
Испадна дека девојката не знаеше што ми зборува.. Јас тек сега прочитав дека пишува Килоџули и ги одбројува нив, а не калориите. Јас знаев дека не е исто ама за секој случај прогуглав и испадна така. Еден ден пак, гледам на екранчено изгубени 600 нешто. Не бе, не ми беше верно. И ко ги пресметав во калории, 130-40. Ама убаво ме зезна таа..