Јас не би сама дома. Идев на јога пред бременоста и друго е со инструктор. Имаше јога во борис Трајковски баш за бременост. Ќе се распрашам.
Мене богами уште дополнителна физичка активност ми фали цел ден по синчево, веќе во 10 вечер се ме боли... мислев да одам на нешто, ама нема шанса немам сили зашто рано станувам 7/7:30 и навака натака цел ден мислам нема да имам сила за вежбање после 17ч
Дoмaшнa вежбaлнa си имaш нaјубaвa јaс сaкaм и ќе вежбaм aмa дoмa oд youtube oти oвa шo гo oбјaви куклa ми е мнoooooгу дaлеку и не ми oдгoвaрa.
Здраво, јас сум нов член на форумов и не знам дали прашањево е за тука, ама да пробам Јас сум трудна 19 недела и не сум многу активна. Работата ми е седечка, со кола се возам, а и дома не сум раздвижена. Затоа сакам да почнам со некои вежби, јога или пилатес, па ако би можеле да ми препорачате каде можам да отидам или имате некакво искуство со тоа?
Бремена сум 18 недела,почнав да одам на фитнес вежбам на Орбитрек и точак и некои за нози вежби,и за раци со тегови по две кила дали има некоја слично вака да вежбала ? Го прашав гинекологот рече дека смеам освен стомачни инаку никогаш претходно не сум одела во теретана многу бев залегната дома и на работа
Zdravo zenski sakam da prasam dali e dozvolena fizicka aktivnost vo prvite nedeli od bremenosta pr. Trckanje lesen sport? Vi blagodaram odnpred
Во теорија, при нормална бременост, физичка активност е дозволена. Пример, познавам жени кои активно вежбаат фитнес (секако со вежби за трудници) иако се во трето тромесечие од бременоста. Некои жени, не знаат дека се бремени и непланирано и ненамерно спортуваат, дали трчаат, дали пилатес/ фитнес, пливање т.е. спортуваат одреден период без пауза. Е сега, некои доктори советуваат бремените жени во прво тромесечие да не одат на подолги патувања, особено ако патот е нерамен со многу дупки. Јас лично не би спортувала, сметам дека прошетки во природа се доволни.
https://www.facebook.com/fero.komerc.1/posts/218379015574635 Dobar tanc za vreme na bremenost pogledajte
Жени, скоро 5та недела сим, претходно бев физички активна, е сега ме интересира дали смеам да трчам, или брзо да пешачам, или сепак треба да чекам да влезам во 4 месец?
Чекај да влезеш во четврти. Може евентуално истегнувања на 'рбет колку да се раздвижиш, но без торзии. После тоа ќе си прилагодиш полесни вежби.
Смееш, ако имаш уредна бременост. Вежбањето е дури и многу корисно за време на бременоста. Само ние во Македонија, вклучувајќи ги и нашите малку заостанати гинеколози сметаме дека трудница е болна жена, и не смее ништо да прави Мене докторот ми рече да чекаме срцева реакција, да фати корен бебето, што би се рекло, и ќе ми дозволи да си продолжам во теретана. Планирам орбитрек, точак, и лесни вежби за грб, раце, нозе. Ќе гледам орбитрекот и точакот на ниско ниво да ги наместам. Тоа што не е дозволено во бременост е аеробик (или било какви вежби) со многу скокање и интензивни стомачни вежби. И пулсот да не е преку 140. Докжано е дека со вежбањето се олеснува бременоста, се подобрува здравјето на трудницата, и пораѓајот е полесен. Секако, доколку се има проблематична или патолошка бременост, не е дозволено вежбање. Јас за првата бременост вежбав дома, на интернет најдов вежби со тегчиња, за трудници, а сега ќе одам во теретана, ако е се во ред.
Вежбате ли во текот на бременоста и какви вежби правите? Јас размислувам да си се запишам на зумба за трудници има,скоро видов. Споделете искуства.
Јас вежбав дома, на youtube најдов убави вежби за трудници, еве линк: Има за секој месец посебно различно видео од девојкава. Сега во 8 месец баш ми помагаат за болките ви грбот.