@Kitten Не се обидувм да ослабнам,туку онака само да имам некоја активност. Во почетокот на бременоста само бев малаксана и ми се спиеше нон стоп,па сега се чувствувам добро и сакам малку да се раздвижам.
Секаде пишува дека второ тромесечие е таман за физички активности. Пешачење 30мин или пилатес мислам дека е најдобро. Ако имаш дозвола од гинеколог ич не се мисли.
Секако, разбирам дека не е заради слабеење Но човек што не вежбал знаеш како на почеток му реагираат мускулите и лигаментите, така што ако ти е само за релаксирање најдобро јога. Зумба незнам колку е препорачливо посебно зашто не си вежбала во континуитет.
Зумаба за трудници, ова ми е ново Супер ако има програма прилагодена за бремени жени. Баш е тешко да се најде нешто соодветно освен јога. За првата бременост бев, не ми се допадна воопшто. Вежбав аеробик и сега повторно сум бремена ама не ми се престанува. Не можам да најдам нешто што ми одговара а аеробиков не е баш за во прв триместар. Каде е зумбава?
Во Охрид ја затвориле Школата за бремени, а сакам да почнам некаде на јога или пилатес за бремени, па женски од Охрид чекам предлог
Женски каде има во Скопје нешто пилатес за трудници или слично? Уште малце ќе влезам во второ тромесечие па сакам да почнам со некаква физичка активност, досадно ми е само пешачење...
Мешиња одам на јога и најпогодна е баш за трудници. Лесни вежби кои ни одговараат, опуштање мускулатура, релаксација на цело тело и дава огромна смиреност. Дефинитивно јога според мене.
Мешиња не си трошете пари за јога ... Мажот под рака и на пешачење ... Јас ниеднаш не извежбав нити една вежба, а се породив за 20 мин. Само пешачење и качување скали му е мајката.... Од искуство... Една познаничка даде еден куп пари на јога и на крајот заврши со царски....Не е да ве плашам.... Ова се искуства две од скоро породени мајки пешачев секој ден до 36 недела и одев на работа, дома имаме скали кои не знам колку пати ги качував во текот на денот....последниот пат не можев сама да се накачам и после два дена се породив
^^^ Не се работи за трошење пари, се работи за релаксација и мир. Одев на јога и пред бременост, и со првата бременост. И никогаш не беше за да се отвориш побрзо или да родиш полесно. И одев на јога, и скали качував, и пешачев цело време, па пак на царски завршив. Тоа е толку индивидуално, и реално нема врска колку си се движел во бременост со тоа како ќе се породиш. Движењето ќе помогне да си до последно размрдан и активен, ќе помогне за крвоток, притисок, да не се осеќаш тромаво.. А јогата е прекрасна за релаксација, смиреност, истегнување - без разлика дали се работи за бремени или не. И не дека е нешто ново и тренди па чини премногу пари.
Дали може да почнам јога во бременост ако не сум вежбала јога претходно? претходно активно возев велосипед, ама сега не смеам, па барам замена за раздвижување.
Mожеш слободно, благи се вежбите. Само барај инструктор обучен за работа со бремени. Многу ќе те примат во обична група а појма немаат кои вежби не смееш да ги работиш.
Малку да ја активираме темава Сегашни трудници, дали вежбате? И ако вежбате, од која недела почнавте и со кои вежби? Препораки?
Најбезбедно е да почнеш од второ тромесечие. На фб ми искачаат реклами за јога и аеробик за трудници и таму пишува од второ тромесечие. Првите месеци се за одмарање, телото го прифаќа и се навикнува на плодот, мачнини, болки и нема потреба од дополнотелно оптоварување. Јас лично си вежбав дома Орбитрек пола саат и 3 пати неделно вежби од youtube (наизменично задник, стомак, нозе). Сега сум во план да почнам да пешачам секоја вечер пред спиење ама ладно ми е некако
Бидејќи вежбав по 4 пати неделно пред да дознаам дека сум трудна баш се распрашував. Има едно девојче во Кисела Вода држи пилатес за трудници. Кога и пишав ми рече по 12та недела да дојдам а истото и гиникологот ми го кажа. Е сеа има друг проблем - загадувањето. Јас претходните години за време на загадувањето си вежбав по дома, има студии кои кажуваат дека е подобро да не вежбаш ако е загаден воздухот отколку да вежбаш. Ама сеа трудна шубе ми е сама да си изигравам тренер по дома иако најдов некои бесплатни тренинзи за трудници на интернет. И сега не знам....