Како сум го напишала ова... Значи, вежбав орбитрек и вежби самостојно пред да забременам, да не помислите да вежбате орбитрек или слично бремени.
Баш денес добив дозвола од гинекологот дека можам да почнам со вежби зошто веќе сум 15+4. Е сега и јас ја имам истата дилема, да почнувам со одење на вежби по загадениов воздух и ладново, не знам дали е паметно Инаку, какви ви се искуствата за пилатес, какви за јога? Што е подобро да се одбере, како за некоја што претходно не одела ниту на пилатес, ниту на јога?
Jas vlegoc vo vtor semestar posto vo mojot kraj nema nisto za trudnici samo pesacam skoro sekoj den, a pred da ostana bremena vezbav pilates i aerobik i non stop pesacev, pa moze i ke pocnam so vezbi joga doma ima dosta aplikacii za trudnici. Bitno e da bideme aktivni cela bremenost
Сакам да прашам дали може да се прават чучњави сакам малку да ги стегнам нозете ми се појавил целулит, сега сум во 17та недела ?
Zdravo.Sakam da prasam nesto.Zaradi situacijata so koronava nemav bukvalno nikakva fizicka aktivnost vo bremenosta.A imav normalna bremenost.Dali ke imam problemi so poroduvanjeto?Deka vikaat treba mnogu pesacenje za polesen priroden poragaj? A jas bi sakala prirodno da se porodam ama eve ova so vezbive nekako me zamisluva pa dali ke uspeam da se porodam prirodno so ogled na toa sto voopsto ne bev fizicki aktivna.No sekako ne bev fizicki aktivna i prethodno.Me interesira mislenje.Blagodaram
Не сум гинеколог ниту фитнес тренер,ама моето искуство е следново: Со првото бев многу физички активна,но поради плацента превиа се породив царски. Втората и третата бременост раѓањата беа природни,со разлика што во третата бременост најмалку бев физички активна а и најмногу се поправив во килажа. Од голема помош ми беа техниките на дишење за време на контракциите и некои положби и движења . Овие информации теоретски претходно ги добив од гинекологот а после и практично од акушерката кога ме примија на оделот за раѓање. И верувам дека ми беа од голема помош. Од големо значање е акушерката која ќе те води низ самиот чин на раѓање,бидејќи гинекологот иако е присутен (првиот пат не ни стигна многу брзо се породив ) неговите задолженија се исклучиво доколку има потреба да интервенира,и на крај да се осигури дека постелката е цела и доколку е правена епизотомија да зашие. Најдобро е да се консултираш со гинекологот и да ти посочи видеа со техники на дишење,положби и движења за време на контракции. Истите и дома ги практикував во третата бременост бидејќи многу често имав лажни контракции а беа интензивни дури ме нервираа . Нека ти е со лесно бременоста.
Идни мами во второ тромесечие, дали вежбате некоја физичка активност? Јас истражував на интернет од часови пилатес за трудници Драгана Фитлајф ја најдов, па размислував да почнам со часови, онлајн се часовите и се вежба кога ви одговара, само да добијам амин од гинеколог.
Zdravo , poradi sostojbata so virusot nikade ne se odrzuva joga so fizicko prisustvo Dali imate nekoja programa na youtube sto mozam sama da si praktikuvam vezbi doma ? Spodelete nekoj linkovi Vi blagodaram
Ја се токмев цела бремемост да почнам да вежбам и никако не почнав. Првин ми беше ниско бебето па ајде мирував да се качи нагоре. После ми се воспали нервот кај опашката пак неможев. Ајде кога реков се средив почнаа болки ниско како да ќе ми падне мешето и докторот ми рече кога ќе можеш да стоиш седни, кога ќе можеш да седиш легни не си играј дете чувај си го газот. Мн ти се оптегнати лигаментите еве матката ти сигнализира дека и е тешко немој да ја истегнеш мн нема да ти се врати и јас му викам значи вежбање нешто вика абе ти ме слушаш ли чувај си газот. Викам па за породување нели полесно побрзо и ми рече за да ме утеши најверојатно ти имаш таква градба ќе се породиш лесно. Ајде викам ја по малку ќе земам ќе пешачам и се заразив со корона и сега ме фаќа страв дека ќе ми знае газот на породување
Јас одам на онлине часови кај Мартина Димитров на инста има профил yogawithmartina и сум презадоволна,сега за сега немам болки во нозете,половината,грбот,не сум здрвена а пред да почнам бев катастрофа.Има два пати неделно тренинг а видета можеш да си го гледаш цела недела и да вежбаш кога ти одговара.Секој тренинг е за различна група на разлабавување и има и динамични вежби
Препорака за добро студио за трудници во Скопје? Евентуално некоја сигурна апликација за онлајн вежбање, што се плаќа ама ви е пробана. Аеробик, пилатес...anything.
Јас вежбав онлајн кај Драгана фитлајф, има специјализирана програма со вежби за трудници. Часовите се одржуваат во живо преку фб, а достапни се да ги гледаш кога сакаш. Задоволна сум вежбав до 36та недела. Се породив бо 39та супер лесно
Се јавив вчера да прашам, има и онлајн и со физичко присуство,ама не биле само трудници, имало двајца инструктори и кажувале кои вежби смејат трудниците така да мешан час што не ми се допадна.