Активна бев секој ден 8-9 години, тежински вежби, стомачни, пешачење, планинарење. Во рана бременост сум (5н.) и ништо не правам откако дознав, освен што пешачам. Смеам да воведам плус некоја активност или сега за сега не?
Најчесто препорачуваат после првиот скрининг во 12та недела, ама тоа да ти одобри докторот. До тогаш можеш само да си пешачиш
Зошто да не ако немаш болки, крварење и се осеќаш добро. Да не се напрегаш претерано нели, намали тежина и интензитет, едноставно самиот организам ќе ти каже колку е доволно и кога е доста, ама кога е здрава бременоста вежбањето не е проблем. Напротив, не е убаво да залегнеш, посебно ако си била активна претходно. Прилагоди ги вежбите или уште подобро, води се по некоја пренатална програма. Јас вежбав по оваа https://youtube.com/playlist?list=PLYovK-I6zn_rYY3-tCNw2lvZkApsaaiWt
Не сум се осеќала никогаш подобро. Немам болки ама имам грчеви, како да ми крчи матката, како да осеќам дека нешто работи и неколку пати како да ме штрека-боцка. Читам дека е океј тоа. И на тоа се надевам. Следната недела сум на лекар, па ќе почекам до тогаш. Ако можам да вежбам било што, ќе биде одлично.
Zdravo 7 nedela sum i sakav da prasam dali smeam barem 10 15min na orbitrek da povezbam.ili nisto od toa ke treba da cekam uste nedeli ?
Треба да се консултираш со гинекологот, ама мислам дека првите 3 месеци треба да се штитиш најмногу што можеш
Јас во 7ма недела сум кренала шкаф, ама не знаев дека сум бремена тоа е индивидуално, консултирај се со гинекологот, секој е различен. Не е форумов да ти каже, лекарот те знае најдобро. А за кај брзаш да вежбаш?!
Консултирај гинеколог ама најдобро е првото тромесечие да се воздржиш од вежбање. Верувај дека преку ноќ знаат да се случат компликации во прво тромесечие и затоа најдобро е малце повеќе да се чуваш до 12-13 недела.
Јас вежбав со две од децата на почеток на бременост, пред да дознааам дека сум забременила до кај 8, 9 недела. Се качував на планини, трчав, во теретана кревав тежини после паузирав со двајцата до кај 20 недела по препорака на гинеколог. Сепак, и вл тој период пешачев по 9.000/10.000 чекори, возев велосипед мали релации и еве со третава бременост не пуштив бебе од раце и крени спушти по 1000 пати на ден. После 20 недела пренатлана јога, пешачење исто бааѓи, кога патуваме и по 18км имаше денови кај шо достигнував. За скоро влегувам во 9 месец, ми иде да ги касам по дома што не кожам да се извежбам својски
Здраво девојки. Ме интересира дали некоја има искуство со пливање на базен во текот на бременоста? Знам дека не се препорачува, меѓутоа јас си имам проблем со дискус хернија и пливање најмногу ми помага...Да знаете некој базен каде е најчисто и одржувано, или некоја со слично искуство / мака ? Фала ви!
Колку и да ти изгледа чисто не е препорачливо, истата вода кружи, ако можеш да си дозволиш море/езеро, би било поубаво...
Фала ти на одговорот Бевме на море 6 дена и таму немав никаков проблем, ама сега се укочив и еве, 1 недела не можам од кревет да станам па си барам чаре
Има некоја активна мама со вежбање? Колку вежбањето помага да ги контролираме килограмите? Какви вежби правите? Јас сум 16та недела. Осеќам дека ми треба активност, сакам да се запишам кај Драга Фитнес на инстаграм. Дали некоја вежба кај неа?
Прекинав со аеробик часовите на кои одев долго време. Ми фали вежбањето, само шубе ми е да вежбам бремена. Пешачиме со партнерот секој ден, тоа ми е најбезбедно. Навикната сум на физичка активност и многу ми е чудно вака сега.
Вежбам Пилатес за бремени онлајн во Фитлајф, супер ми е до сега. Не постигнувам 2 пати неделно, ама еднаш неделно ќе извежбам и супер се чувствувам. За килограмите не знам, до сега имам качено 2 кг..
Кај Драгана вежбаш? Лесни се вежбите? Докторот ми дозволи, само ми рече без напрегање, лесни вежби да бидат.
@elenaklasik да кај Драгана. Па мислам дека се лесни, јас не сум неокој спортски тип Зависи дали претходно си вежбала Пилатес. Вежбав јас и постпартум со првото, така што во континуитет вежбам година дена. Во секој случај прилагодени се за трудници. Часот трае 60 мин, ама често прави пола час истегнување или размрдување, пола час пилатес, така што не е монотоно.