Филотеа, вежбаш уште? Јас пробав со вежбите нејзини, ама не ми одговараат на мој ритам. Скоро цел час ми е премногу за трудница. Имам мало детенце и ми беше неизводливо толку време да посветам на вежби, додека е будно. Додека спие, пак, сакам нешто друго да правам, да се одморам да јадам... Нешто поконцизно, пократко во време а сепак ефектно е потребно за трудница. Плус, некако не се баш најлесни. Или пак тоа што е долго времето, веќе те заморува по пола час, па додава на тежина. Јас со прескокнување ги правев. Не се ни најтешки, таман работа aма има со клекнувања со виткање и мислам дека некоја која воопшто не вежбала, е премногу. И, цената не е баш ниска за 8 видеа. За таа цена плаќам интернет, на него ако побараме, ќе најдеме сѐ. Значи веќе си плаќаме и пред нос нѝ е сѐ. Веројатно сум веќе доволно активна во денот: дома чистење, шетање со детето, шетање попладне и некако уште цел час вежби ми доаѓа премногу, а скапо е, ако не вежбаш и не искористиш, џабе парите. Искрено, денес многу се опуштија луѓево. Прирачници за јадење бујрум за 20 евра, вежби за трудници бујрум 1000ка, за деца игри, курсеви за сенешто..А интернетот дома нѝ е, сѐ што треба е да отвориме и побараме. И решив да не трошам пари на вакви нешта, кога "бесплатно" можам да ги најдам. Едино останувам доследна на онлајн нарачки со достава
Извини што упаѓам во постот сакам да ти пратам линк јас што вежбав кога не ме мрзеше , имаш видеа и за вежби во бременпст и за после пораѓај , по пола саат се , мене супер ми беа , види може ќе најдеш нешто што ти одговара , и потполно се сложувам дека претеруваат со цените на било што https://youtube.com/c/PregnancyandPostpartumTV
@elenaklasik да уште вежбам Те сфаќам и за мене има денови кога ми е премногу еден час, па си кратам вежбам 30 мин, па друг ден ќе довежбам... и јас сум со мало дете (мислам тука негде генерација сме ), така што исто, се борам со времето за да најдам време и да вежбам... ама упорна сум зошто претходната бременост бев многу пасивна, и последните месеци имав многу отоци. Сега чувсвувам дека многу добро ми прија што сум активна и што вежбам, и се надевам дека ќе ми помогне во последните месеци и за полесно породување... Мој совет е доколку најдеш нешто поедноставно, што ќе ти одговара и во временска и во финансиска смисла, да се обидеш. Еве гледам има и јога за трудници и кај нас, а и онлајн како што велиш имаш бесплатно.
Знам дека малку каснам со одговор али еве го моето досегашно искуство.Мене прво гинекологот ми кажа дека можам да одам на пливање и дека е препорачливо. Кога ја прашав за можни инфекции ми рече дека е мала шансата да се фатат, а дека предносисте од пливањето се огромни. Потоа сменив гинеколог од лични причини и новиот гинеколог ми рече да не одам на базен. Кога му го кажав ова што ми го рече првиот гинеколог и дека многу ми прија пливањето, он ми одговори - „ па добро ако случајно нешто се случи ќе бидеме превидни и ќе го излечиме“. Го прашав колкави се ризиците за нешто да фатам и тоа да има многу негативни последици? - ми рече ако внимавам на хигиена и се проверувам редовно (не знам на што точно мислеше, дали на брисеви или мокрача)- скоро никакви. Ова секако не е искуство, туку мислење на гинеколози. Првиот гинеколог е Рушка Серафимова, вториот гинеколог е Павле Димчев од Систина. Секако тебе ти препорачувам да се консултираш со својот гинеколог доколку му веруваш, сепак ова не треба да го слушаш од некој форум, туку од доктори. Ако на личниот гинеколог не му веруваш, побарај друг гинеколог за второ мислење
Инаку каде има друг вид на вежби во Скопје за бремени? Јога, пилатес или било што препорачливо за бремени? Јас сепак не можам да одам на базен некој период бидејќи ми најдоа бактерија уреаплазма(ова се пренесува преку полов однос, а не е од базен) и сега морам некој период многу да внимавам и си барам друга спортска активност. Не можам да заспијам ако не се изморам барем малку
Танцов клуб Сонриса имаа еден период незнам дали сеуште имаат прашај, имаат Аеродром и Дебар мало групи
Девојки, вие што пешачите, колку пешачење е многу пешачење Пешачам секој ден по еден час, пешачев и пред бременоста. Прва бременост ми е, 18-та недела сум, почнав да го чувствувам бебулево како се движи и ми стана некако шубе. Збунета сум зашто се изначитав различни мислења за тоа колку често и колку временски треба да се пешачи
Се е нормално.Слушај си го телото ког аќе ти каже дека треба да одмориш ќе одмараш.Ако и претходно си пешачела нонстоп продолжи си,не е нова активност телото ти е навикнато на тоа.Само не се форсирај
Не можам да се одлучам дали да вежбам со Бубало или Драгана фит лајф, дали некоја од вас има искуство со некоја од нив?
Јас и со двете вежбам Со бубало веќе 2 години вежбав и почетокот на брменоста си продолжив со неа, но од 4 месец (сега сум вежбам со Драгана оти осеќав дека ми требаат повеќе вежби за флексибилност. Јас за во тек на бременост би ти ја препорачала Драгана, но и доколку претходно си била активна бидејќи малку се поинтензивни тренинзите но верувај се подобри. Мене и малку ми е два пати неделно па вежбам и по 5 пати и преееедобро е чувството немам до сега воопшто осетено гадење, лошење, отеченост а најмалку било какви болки. Најтопло ти ја препорачувам. По само еден или два тренинзи ќе сфатиш дека навистина е супер
Јас вежбам активно 10 годни и кога дознав дека сум бремена прво прашав дали смеам да продолжам и кога ми дадоја зелено светло пресреќна бев вежбам од почеток без никаков прекин активно 4-5 пати неделно. Последните 4 месеци повеќе пешачење и пилатес правам
видов на инстаграм Драгана фит лајф има програма за трудници. Дали вреди? искуства? има ли некој што е на програмата?