Многу се довоумам што да правам, дали да одам во ГАК, или да одам кај матичната 8 часа ми изгледа тоа како доста поопширно.
Уште не сум се одлучила....и искрено морам што побрзо, за да се пријавам денес/утре ако се одлучам за ГАК
Јас одев во Лулка на вежби и ни ги држеше сестра од патронажна. Моментално ги посетувам часовите и во ГАК и можам да кажам дека сум многу задоволна поопширни се и подетални и низ ГАК се шетавме. Оди во ГАК нема да зажалиш
Имате бројче кое е активно сега за закажување? И во која недела се закажува односно се почнува со вежбите?
Сноу јас го имам овој бр. 078 485 530, Beautiful-Princess рече она закажала ама јас се обидувам да добијам веќе подолго време и никако да добијам. Ѕвонев и денес сабајла и не крева никој.
И јас ѕвонев сабајлево (во среда сум на часови па нели не се работи, и да се информирам што како ) и никој не се јавува. Ѕвонам на тој во ГАК што е , ми го даваат мобилниот. Се скренав цел ден.
Да ви кажам колку сум се изненадила. Сега пред малце (6.30pm) ми се јави една жена и ми вика сте ѕвонеле на бројот за закажување за вежби за трудници Ме шокираше, толку време вртев во тек на работно време никогаш не добив сега таа ми се јави Па од идниот месец одам на вежби
Да и мене ми се јави. Утре треба да сум на часови и нели неработен ден. А баш мислев да пишам да ѕвоните, ми се јавија.
Искрено да ти кажам, врска немам какви вежби се.Ги викаат подготвително часнови. Другарки ми ги препорачаа па ќе одам. Знам дека те учат како да дишиш кога ќе дојде време за пораѓај, ти кажуваат што треба да спакуваш кога ќе дојде време, најверојатно ќе ни покажат како се дои бебето, како да го облекуваме и повиваме. И знам дека одиш на обиолка во ГАК, како да видиш каде што како. Јас почнувам од 6ти па ќе ти пишам повеќе тогаш ако сакаш. А ти сигурна си дека во Струмица нема? Да се распрашаш на гинекологија таму, може не е општо позната информација. Ни тука не, ако некој ти спомен случајно, ќе дознаеш, доторите не каќуваат ништо.
ее обавезно да ми пишеш како што.. дури и како се дише а треба да се распрашам да видам дали има.. мада не верувам тука владее хаос у нашата ГАК
Сноу, почна ли да одиш на часовите? Јас само што правев муабет со една другарка за тоа. Ми вика супер биле, навистина вреди да се оди, ама дека треба и мажот да биде таму. Мојот не може да оди, на работа е тоа време. Мора да биде таму или не? Јас ќе одам заедно со другарка па ако има вежби или нешто што треба да се прави во пар можам да го правам со неа
Јас одев сама маж ми се погодуваше да има обврски после работа. Точно е дека повеќето одеа со мажи, ама искрено кога беше тој часот со вежбите подобро да не беа тука(слика-10тина трудници наведнати со раце и нозе на душек кои очајно се обидуваат да направат вежба, не е баш убава слика ), а и кога шетавме низ ГАК на мажите не им беше дозволено со нас. Јас на мм после секој час му кажував што е важно да се запамти, во случај да заборавам а и се си запишував, така да останува во сеќавање. Инаку часовите се доста корисни, само единствено што не ни се свиѓаше на сите трудници беа презентациите за матични клетки. Кај го кратат времето на сестрите, па и 2 пати неделно се јавуваат за состанок.
Нема некое правило дека мажот треба да биде присутен. Во мојата група имаше мајки кои беа без мажот. Пошто и мојот мм тоа време беше на работа јас мајка ми ја земав за друштво, мм само еднаш беше А инаку во мојата група им беше дозволено на мажите да шетаат низ ГАК, а имаш право за делот кога се вежбаше. Во мојата група никоја не стана да ги прави вежбите непријатно е пред другите мажи да се креваат нозе.
Девојки, во петок треба да имам пак вежби - НО, во петок треба да одиме на роденден во Кичево со маж ми, што значи не би можела да присуствувам на вежбите во петок. Дали они секој ден имаат вежби и сега им се 2ри часови? Пример ако отидам среда/четврток би ме пуштиле...? Или би требало телефонски да се јавам.
Секој оди во својата група, односно еднаш месечно има една група(или барем така беше). Не верувам дека има и друга група.
Најдобро би било да се јавиш и сестрите ќе ти кажат кој друг ден да отидеш. Секој си оди во својата група, ама кога ќе им ја објасниш причината нема зошто да не те сместат во друга група. Една трудница повеќе не е проблем. Инаку групи има секој ден (бар така беше сега).