Цел живот сум била физички активна па дури ни сега несакав да се улежам па почнав со јога, ми ја препорачаа посебно ради вежбите за дишење. Првите три месеци одмарав, но веднаш штом влегов во 4ти почнав. Сеуште сум на почеток, но ми се свиѓа што посебно се обрнува внимание на карличниот дел, вежби за растегнување и слично. Па до крај можеби ќе бидам ваква:
Iva-na-na Ти благодарам многу на информацијата.....знаци ако се породиш во Плодност имаш и попуст на Школата за трудници....супер а не се ни сомневав во нивната професионалност...а кога е најдобро да се почнат вежбите и колку пати неделно се оди??? Или докторот одлучува што како?
МИслам дека е од 24 до 28 недела ама не сум сигурна, јас се консултирав со гинекологот, се пријвив, почекав да се формира група и ми се јавија. Нема да згрешиш ако ја посетиш, ке научиш многу нови работи кои ќе ти го олеснат породувањето и адаптирањето на бебушката. позз
Јас би ги почнала во 36 та недела , се плашам од предвремено породување пошто имам болки во долниот дел од стомакот ...иако се е во ред со бебето и бременоста, само во 12 та недела имав крварење и од тогаш се престрашив многу Вие што мислите ? Доцна е 36 та?
Доцна е. Часовите се еднаш неделно, 4 недели по ред. Што значи ти последниот час ќе го имаш во 40-та недела. Најдобро е да се почнат околу 32 недела.
Ne mislev na casovite , jas veke odam na tie casovi , no tamu ne vezbame , samo ni pokazaa nekolku vezbi koi mozeme da gi pravime koga ke imame bolki. Mislev na fizicki vezbi , kako joga vezbi , intenzivno pesacenje kacuvanje po skali ..
Јога можеш да вежбаш после 12 недела , исто така можеш да пешачиш, за скали не сум баш за заради опасност од пад. Јас вежбам јога, пешачам и постојано сум на нога заради работа.
Јас после се што прочитав, сфатив и одлучив дека и пред да се забремени е добро телото да се активира физички или уште подобро- духовно. Така, се запишав на јога и за сега многу позитивно делува на мене. Доаѓам дома олабавена,растеретена од обврски и грижи, смирена, релаксирана, задоволна со себе. Се надевам дека тоа би ми помогнало полесно да забременам, иако си поставив цел- да не мислам на бременост, туку само да поработам на себе, на мојата физичка и духовна релаксација. Мислам дека и после вашите совети на многу теми, најважно е да не мислиме и да не се преокупирама со помислата= бебе. Тоа само ќе дојде......кога не го очекуваме
Уште пред да забременам вежбав пилатес со години. Кога забременив правев пауза до кеај на трети месец. Потоа си вежбав цела бременост, со пауза за на море. Да напоменам одев на пилатес за трудници . На почеток на 8 ми месец веќе ми стана тешко и жешко. Престанав да одам. А сега веќе сум крај на 8 ми и почнав остите вежби да си ги правам дома. Хи правам вежбите кои што ми беа покажани за полесен пораѓај, се надевсм ке помогнат. Плус пешачам скоро секој ден. Супер се чувствувам.
за мене една другарка се јави, зошто јас на телефонот неможев никого да добијам и ме пишале на списокот (така ми кажа - се надевам нема да ме вратат утре)...незнаев дека е толку гужва и мислев дека само еден ден во неделата се вежбите...
Јас одам кај Дом на АРМ во зградата до неа Фондација Никола Кљусев, секој понеделник и среда за трудници...Дојди денес од 17 почнуваме.