Мешиња јас читав за вежби и пдоготвителни часови за трудници во ГАК ама затоа што тоа е за околу 30та недела отприлика сакам претходно освен редовно пешачење да имам и дополнителна активност ама нешто како фитнес, аеробик и зумба за трудници.Имате искуство со нешто такво низ градов ?
Јас вежбав зумба пред да забременам и откако дознав се консултирав со неколку доктори ми рекоа не до 5 месец, иако немав крварење и проблеми. Од 5 месец се движев шетав на кеј по 1 час дневно а од 7 ми дозволија јога. Има тема јога за трудници, прочитај мислења таму. Зумба не било препорачливо иако има многу примери каде ништо не им е на некои што вежбале цела бременост. Јас не би ја провоцирала гравитацијата до толку полесни движења се сепак попрепорачливи.
Хелоу Јас сум тазе мамичка и прилично млада 24, иначе пред да ми се случи шоков наречен бременост бев многу физички активна, напорни фитнес тренинзо 6 дена во неделата. Сега сум 8ма недела и незнам дали да продолжам, не толку активно и напорно. Од друга страна па незнам колку е нормално да се крева тежина, стомачни или кардио. И не ми се чудите на прашањава, појма немам што смеам а што не,,,,
Никако ништо од тоа што го наведе. Освен многу лесни јога вежбички и тоа само со консултација со гинеколог ако ти одобри. најдобро да останеш физички активна со прошетки, тоа е најбезбедно. Не се препорачува никаков напор, ако се измориш, обавезно земи одмор, не се напрегај ниту при секојдневните физички обврски, а посебно не со вежбањето.
Смееш да вежбаш вежби за трудници. Во консултација со доктор, јас вежбав пилатес за трудници. Но од 3 ти месец па натака. Ти посакувам лесна бременост
јас ке ви кажам со лесно само и треба да се чувате и пазите многу немпојте да се оптеретуватем премногу јас имав прилично лесна бременост (за разлика од какви случсеви има) па пак на крај си нспраив беља со крварење со ми беше предизвикано од голем напор-не сметав дека е толку голем ама ете телото си реагираше...јас пошто идев на работа бев исцрпена плус домашните обврски не ми ни текнуваше на вежбање....
za trudnici spored mene e najdobro joga i strikno samo preporacani vezbi za trudnici,ne si igrajte igracki,ne si mislete "e ova e lesno,nisto nema da mi bide" zaso ke se zafrknete gadno...jas vezbav joga za trudnici i vo mojot slucaj jogata mn mi pomogna kako za bolkite vo kicmata,taka i za poragjajot taka da toplo vi ja preporacuvam,nema sto da izgubite,osven nekolku minuti vo denot(za tie sto mozat da si dozvolat)
Јас Имам слушнато дека има во аеродром. Powerhous pilates, Кај банките, под зегин аптеката. Има тука и некој парк со количиња и вртелешки за деца.
Lele koga citam pomisli za vezbanje se ezam a ne pak da pomislam.Pred da ostanam znaev deka na trudnici se preporacuva so poveke pesacenje ama jas i odenje ne smeam a ne pesacenje.Zatoa na site ko nekoja baba i jas preporacuvam miruvanje miruvanje miruvanje. Sala na strana na site vi posakuvam pred se lesna bremenost i odmarajte,za vezbanje vreme ima.Posle ke nemate vreme so se vika ni za odmor.Ako si napravite problem od uzurluk grizata na sovest nema da vi ja smiri vitkata linija. Da ne se razbereme pogresno nemam nisto protiv od devni aktivnosti ama uzurluci i pravenje od gotovo veresija epten me plasi.
Јас сум личност која цел живот спортува секојдневно, од пилатес, аеробик, џогирање, тенис буквално секој ден. И се си бев убедена дека кога ќе бидам трудна пак ќе бидам активна, барем со пилатес. Е арно ама од како останав јас сум преплашена, не вежбам ништо, не планирам ни да почнам. Теорија било едно, ама реалноста друго. Самото тело не ми сака. Првите месеци па само рабоетењето на работа ме преморуваше, а не па уште. Од друга страна, многу ми е страв да не направам беља, и така си решив овие месеци сум си на одмор, па од лето здравје.
irena.1 И јас сум си мн физички активна, јога , insanity, теретана а сакам да останам бремена, дали ти вежбаше пред да останеш бремена, она моментот додека не знаеш дали си бремена.
Ако ти се вежба вежбај ке ти годи многу. Барем мене ми годеше подобро да си активна одколку улежана. И јас работев но на работа седев 8 часа. Мислам дека на вежбањето сњ солжи тоа што распукав сосема малку, само 2 конци имав
Да, два дена пред да го направам тестот за бременост изџогирав како луда, со најдобар резултат за себе . И кога дознав дека сум бремена се шокирав и многу уплашив. Знам дека некои си вежбаат цела бременост, јас лично престанав. Се е индивидуално.
Јас кога останав бремена вежбав инсинити аеробик и пешачев со брзо одење 6-7км секој ден пешачење, а вежбање аеробик 3-4 неделно...Бидејќи фала му на бога останав од прва бремена и тогаш не сум ни знаела дека сум бремена а си вежбав напорно а може и вежбањето влијае позитивно на забременувањето незнам, битно за штетно во никој случај не е штетноА после првиот триместар не вежбав ништо, од вториот почнав со јога за трудници и сега пешачам по 3-4км на ден и добро се осеќам, јогата не е напорна и ме смирува Со лесно во забременувањето и вежбањето може само од корист да ти биде верувај
@irena.1 ме насмеа со тоа што викаш изџогирав како луда, исто и јас вежбав аеробик инсинити трчав како луда на часот и истиот ден направив тест и позитивен и прво што и спомнав на докторката беше тоа
Фала девојки баш вакви искуства сакав да слушнам, малку бев претходно во недоумица, значи вечер на час инсенити, утре на јога
Здраво феминки, петта недела сум од бременост, тазе ептен. Дали е препорачливо вежбање во овие први три месеци ?