Јас да ти кажам мое искуство во 5,5 се решив генералка да правам цел спрат, па до попладнето имав кафеав исцедок и отогаш нонстоп одам болница секоја недела а секоја минута се молам се да.е.добро со бебето, затоа седи , одмарај првите три месеци не е играчка јас осетив на моја кожа и секој ден се прашувам се ли е добро, само Мил Боже.се да е добро
Еве некој слики кои на некој од вас можат да ви послужат за мотивација: Јас секогаш вежбав до осми месец.И сега планирам да вежбам до осми месец.Мојата докторка ми рече дека во текот на бременоста е препорачливо да се вежба до 45 минути (некогаш и помалку) бидејки сепак тоа е и еден вид замор.Повеќе пати одам во теретана,но кога едноставно неможам поради некој одредени причини вежбам дома.
Абе женче тебе да те видевме, за овие светскиве белосветскиве лесно е да ги видиме лепотици какви се, нив дома не ги чека маж, деца и алишта куп за пеглање, сарма за виткање... Работата е во реалново време, во реалнава ситуација да видиме колку ние вработени со фул тајм џоб и плус од тоа, со обврски по дома, во Македонијава, можеме да бидеме згодни трудници со секси тело и вака скоцкани постојано.
А јас пак мислев @makgirl е на сликите кога е била бремена, дека 3 деца има до сега и пишуваше и дека вежбала во тететанс па гледајќи и по аватарот многу убава ми е и во друга тема ја прашав дали е она и не ми одговори ни тогаш ни сега, па си претпоставив дека не е она штом не сака да одговара
@kallias не бе срцка.Извини стварно што не сум ти одговорила.Друг пат не сум видела дека си ме прашала дали сум јас.А за овој пат видов ама во тој момент неможев да ти одговорам и после изумив.Навистина извини.Инаку не сум јас ова.На аватарот може некад да се деси да ставам слика некоја и од мене ама вака по теми и некако не ми иде.Извини уште еднаш
@makgirl Кога веќе и на аватар си се ставила, не сваќам зошто не ставиш слики од телото за време на бременоста . Плус и тема имаме за таа намена каде и ликот може да е скриен. Можеш и тука подетално да пишеш каков вид на вежби правиш, траење на истите, интензитет, колку време ти беше потребно за да закрепнеш после пораѓај(зависно дали било природен или царски, или вид на анестезија)...за да почнеш да практикуваш тренинг. Сето тоа би било многу пореална мотивација од некои слики на топ модел.
Да не бидам буцкало, ама мислам оти џабе везете. Ни слика ќе добиете, ни бутур, туку само грижа на совест како може она, а јас не. Епа нека ве копка , нема слика...освен на аватар од лицето, од телото е ту мач, ќе ја познаат. Мистеријата - како до секси тело со три деца, четврто на пат, домашни обврски, секс обврски спрема мУжот, теретана, итн, итн., ќе остане неразрешена.
Едноставно некогаш и несакам.Колку и да може да се покрие фацата едноставно не сакам,сепак мислам дека сите имаме некое свое право нели? Секако дека ќе пишам и реков, но зар тоа мора да биде за два дена.Зар неможе да се почека на неколку дена А за мотивацијата сигорно неколку души бар малку би се мотивирале.Ако на пример ти се мотивираш со вежби некој друг може да се мотивира со тие слики..
Секако дека имаш свое право и секако дека може да не сакаш. Беше само надоврзување на муабетот дека си се лишала од својот анонимитет на овој форум и си ставила своја слика како аватар на истиот, па во склоп на темата мотивација за вежбање каде тврдиш дека активно вежбаш во теретана и работиш на своето тело, слика од истото ќе имаше логика. Но ете не сакаш. Немора да биде за два дена, иако јас очекував описот да биде две минути работа најсикрено кога човек знае што прави. Ама ете, не мора. Јас искрено не верувам дека воопшто си била некогаш бремена а најмалку дека имаш три деца бидејќи освен поздрави/честитки/...немам прочитано ништо др. во темата за бременост што би ме асоцирало на истото. Не верувам ниту дека сити слики кои ги симнуваш од нет како работи кои си ги купила воопшто ги поседуваш. Не верувам ниту дека си адвокатка најискрено. Ама нема веза јас што верувам што не. Ова е форум, ти си пишуваш, јас си пишувам, сите читаме и проценуваме. И на крај еве една моја слика (е не сум ниту гола, ниту полу гола) како мотивација за сите што не вежбаат, дека со нормално извршување на куќните/работните обврски и пешачење/здрава исхрана може да се изгледа пристојно во текот на бременоста.
Сликата ја имав поставено уште на почетокот и тоа на многу кратко..Едноставно сакам некоја приватност.Ако тебе не ти пречи да поставуваш слики и од тебе и од твоето детенце можеш слободно да поставуваш имаш илјада теми за тоа.Ти можеш што сакаш да мислиш за мене и дека немам три деца и дека не сум адвокат и дека ништо од тоа не поседувам.Тоа е твое мислење.Јас во секоја тема можам да коментирам и да поставувам што сакам(секако не работи који што не се дозволени).Едноставно кој каква сака слика нека си има поставено за мене ама тоа сум јас.Што сакате мислте мислете дека сум лажга мислете дека немам ни деца мислете и дека не сум ни адвокат.Едноставно форумов на кој што сите доаѓаме да се опуштиме,да се релаксираме малку ние го направивме катастрофален.Ако сакаш допиши ѓи и другите мислења за мене ама ако имаш некој проблем со мене напиши ми ЛП.Ама едноставно неможам да сватам зошто мислите дека жена со три деца,адвокат( или било која професија сега не зборам стрикно баш за мене),оди во теретана,треба да исчисти да испегла,да среди неможе да биде вистинска или е лажна или не е домаќинка и е од оние жени што баш ѓи брига и за дете и за маж.И за крај јас не реков дека жена која не вежба неможе да изгледа пристојна во бременоста.Сите ние изгледаме пристојно во бременоста и некое килце мислам дека не го опишува зборот непристојна
Предходно пиша дека некад се дешава да си ја ставиш сликата, наднаш дека само на почетокот си ја ставила, а сега ја сакаш приватноста. Никој не побара ти да покажуваш лице, а најмалку од твоите деца, целиот муабет беше постојано за телото за време на бременоста. Немам проблем со тебе, само во постовите кои ги пишуваш низ форумов е очигледно дека никогаш не си искусила бременост. Не го изнесов никаде фактот дека со плус кг се изгледа непристојно во бременоста. Само споделив своето искуство. Оди зирни ја темата предизвиците кои ги носи мајчинството, ќе научиш нешто.
Се што имаш наведено погоре е смешно, та пресмешно не може да биде. Не можеш ти да пропагираш нешто а да немаш доказ за тоа. Зошто да се разбереме, ти зборуваш за нешто кое што доколку е вистина е голем успех, па би требало да се гордееш и без трепнување да поставиш слика од твоето тело тука. Во спротивно, седи си и молчи си. И какво ти е тоа нездраворазумно размислување дека е поприфатливо да ставиш слика на аватар од твоето лице, а телото со скриена или пресечена глава е поопасно по твојата приватност да го објавиш? Една забелешка. На твојот моментален аватар гледам слика од девојче и сликата дефинитивно не е од нет. Какво објаснување имаш за ова? Ќерка ти да не е?
Да некогаш на почетокот,ете тоа мислев.Јас не реков дека мене некој ми рекол да ставам слика од мене или од деца него реков дека ако тебе не ти пречи можеш слободно да ставаш.Тоа беше само надоврзување на муабетот.Јас веќе мислам дека реков кој како сака нека мисли за мене и што сака нека мисли во темите за бременост можам да дадам какво мислење сакам.До сега не сум имала некој посериозни болки и не сум имала потреба од совет.Сакам да помогнам и да дадам совет,но фала му на господ до сега не сум имала потреба од совет.Секако темата не е само за давање некој труднички совети него и за муабет.Ама ете можеби несакам да коментирам за тоа. А што се однесува на таа непристојност во бременост не е битно мислам дека не знам јас убаво да се изјаснам.. Немам потреба да ја ѕирнам доволно сум искусила нека ја читнат малку идните мајки.. @Emy867 Чекај а морам да поставм слика правилата така наложуваат? Јас колку што знам не.Ако поставам сепак некој би зборувал ако не поставам пак би зборувале.Убаво рекле што и да направиш луѓето пак зборуваат.Јас ако сакам ќе ставам слика и од мене и од моето тело и од деца.Ти ако сакаш ќе ставиш слика и од тебе,некој познат од кој сакаш,Тоа е лично твое право.За некој работи можда сте во право ама за некој стварно не сте се.И извини за што ми е доказ.Јас некој притвореник сум па ми треба доказ дека не сум извршила криманлно некое си дело? Ало девојки зар оваа не е форум на кој треба да се опуштиме на кој треба да зборуваме на некој убави теми?? Инаку сликата е од интернет.
Ајде ајде, се изгуби веќе во бескрајните лавиринти од лаги. Паметен човек никако не би ти верувал како и да е.
@danichap Данке ова селово твое ли е, како што гледам патот не е исфалтиран или грешка сум.Како може во Имачка да не е без љутиш Дано Како што имам забележано Макг'рл, постојано става аватари од турската глумица Amine Gulse, патем која беше и Мис на Турција 2014, и игра во серијата Не се откажувам- ( Asla Vazgecmem ) . Инаку јас имам забележано 2 слики кои сигурно се биле нејзини, една и беше летото а другата беше пред месец - два.Ако е таа згодна е, нема што.Мислам дека женава ништо не лаже, јас како што видов изгледа и баш како девојка.Е сега убаво би било да стави мотивација, како и изгледа телото, сега е бремена, но после тоа може.Сепак нејзино право.Мислам дека се зависи до организмот каков и е исто и до гените, па може затоа е згодна.Плус ако вежба и оди во теретана.А и 3 деца да има се по нив да трчаш, богами ќе немаш време ни да одмориш, не на време да јадеш.