Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вежби во текот на бременоста

Дискусија во 'Бременост' започната од Serafima, 3 мај 2011.

  1. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.303
    Допаѓања:
    285.340
    Иако имам тешкотии да те разберам што сакаш да кажеш, ќе се обидам да ти одговорам.

    Не, не се лутам, дури и доколку алудираш на тоа дека сликата не остава впечаток дека е сликана таму каде што јас живеам , или дека не сум јас личноста која е на сликата.
    Или пак само беше некаков вид на химор од твоја страна. Не знам.
    А и не гледам некаква поврзаност на локацијата од сликата со она што е тема на дискусија.

    И со вториот болдиран дел имам повторно тешкотии да те сфатам.
    Иако шемата за ставање слики очигледно не се повторува во предходно споменатата од нејзина, односно дека лична слика ставила на аватар само на почеток од членството и од тогаш се концентрира на својата приватност, а не почеток па неодамна пред месец, другиот дел од текстов ми беше позбунувачки.

    Сигурно биле (се) нејзини тие две слики и АКО Е ТАА :^), згодна е?
    Повторно беше гореспоменатиот хумор или ?

    Никаде не беше згодноста тема на дискусија, или дека мајка на мали дечиња и трудница не може да биде истото.
    Можеби било до нејзиниот организам или генетика за да биде она згодна, па вежбањево е еве плус :^).
    Пак не гледам поврзаност со нашата дискусија.
    Ние само за плусов зборуваме и само тоа не интересира.

    Ти си била бремена?
    Знаеш колку долго трае туширање, средување на телото, сушење коса, облекување хулахопки...па после дури фенирање, шминка и сл.

    Повтојано зборуваме за реалните обврски на една мајка, трудница распоредот на време за вршење на сите приватни и професионални обврски.
    Уствари јас зборував и за вежби и телото во текот на бременоста, односно прашав и за траење на истите, интензитет, колку време било потребно за да закрепнеш после пораѓај(зависно дали било природен или царски, или вид на анестезија) пред да се започне со практикување на тренинг.
    За мене е тоа баш две минути објаснување.
    За некој кој е тука да дели совети, и при првото прашање, односно молба да го стори истото, пишува цели текстови како не сака, наместо во неколку реченици да опише положба на телото и правец на движење на екстремитетите е нелогично.
    За третиот болд се сложувам, затоа и ми беше симптоматично како мајка на три мали деца и трудница во крајна фаза купува толку високи штикли. Зарем не треба да трча по мали деца, да бутка количка, на носи дете/торба за пелени.
    И да, со 3 мали деца баш ќе немаш време на газот да седнеш, односно да јадеш, а не во теретана да одиш.
    А па ич да не правам муабет цел ден неспиен, па цела ноќ да возиш, па другиот ден на шопинзи...вакви филмови само од некој кој никогаш не бил труден.
    Затоа ја посочив на темата за предизвици кои ги носи мајчинството, бидејќи е реално доловен уморот, исцрпеноста, ненаспаноста, тешкотиите да се одвои час за себе, да се најде бејбиситинг на час...и да не редам.

    И на крај ај те молам уште еднаш пиши што сакаше ти да кажеш уствари.
    За момент помислив дека разгледуваш теорија дека е она слаба оти нема време да јаде, евентуално од шетање и шопинзи;)

    Жалосна нели ти прдходно го постираше истиов(или сосема сличен) артикл па го избриша?
    Затоа и знаев дека девојката од сликите е манекенка уствари.
     
    Последна измена: 12 јануари 2016
    На kristina.k, Mariangel, makgirl и 7 други им се допаѓа ова.
  2. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    Da ..samo aj si rekov prvo da cekam odgovor od cupevo nase :lol: pa zatoa go izbrisav :D
     
    На makgirl и danichap им се допаѓа ова.
  3. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.303
    Допаѓања:
    285.340
    И ти си слаба оти немаш време да јадеш.
    Признај ]:)

    Кај тебе првите две дечиња se голема разлика so Анастасија, инаку баш ќе те замолев да кажеш што правиш со вишокот слободно време после работа и извршувањето на сите домашните обврски.
     
  4. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    Eve edna mala motivacia od mene
    Spravata za ukras zad mene a jas se trkalam predneze
    Screenshot_2016-01-12-09-25-58_1.jpg
     
    На Емина1, kristina.k, artemidis и 8 други им се допаѓа ова.
  5. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.121
    Допаѓања:
    2.710
    Пол:
    Женски
    Добро бе девојчиња, како не ве мрзи да и придавате толку многу важност и посветувате толку многу време на некој кој очигледно ЛАЖЕ !! И реплицирате по 100 пати и што е најважно она многу упорна во докажување !! Мислам морончиња да бевме ќе сватевме до сега !!! Несака да даде едноставен одговор на уште поедноставно прашање. Не е веќе во прашање нејзини слики и сл. туку ете само се бараше од нејзе да каже кога почнала со вежби после пораѓај и сл. Ништо страшно за човек со толку многу време на претек, па стигнува и за теретана и сл. Мислам се изнасмеав со женичево најискрено, непотребно пишување на небулози.
     
    На kallias, zalosna и AngelOfArh им се допаѓа ова.
  6. ivi1987

    ivi1987 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2011
    Пораки:
    4.074
    Допаѓања:
    77.011
    Пол:
    Женски
    Ок е да не ставаш слики од себе и децата,ни јас не го правам тоа ама цело време збориш за вежбање во бременост а нит си пишала што вежби правиш,нит колку пати,нит каде и остануваат прашалници.Исто и во темата за труднички муабети освен што поздравуваш една работа поврзана со бременост не си пишала па затоа сите мислиме дека работите што ги пишуваш се невистинити.Темата впрочем е за трудници а не за поздрави и честитки,тоа на сите ни е повеќе од јасно а темава е ако имаш да споделиш свое искуство за да мотивираш трудници што можат да вежбаат ок а ако не нема логика од ставање слики од трудници од нет кои веќе сите сме ги виделе пошто биле доста актуелни.Затоа,незнам која е логиката од правење филмови и пишување работи кои не постојат...
     
    Последна измена: 12 јануари 2016
    На makgirl, zalosna, danichap и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.285
    Пол:
    Женски
    И јас да се пофалам вежбам од време на време... немам ич деца, само ова во мевот, па пак немам време освен 10-15тина минути секои 2-3 дена. Ама ете како онаа мускулестата не изгледам, ни приближно :D :D :D А да... штикли малку потешко... трудна жена со потечени стапала, тежини во мевот, уште штикла фали, хахаха... тоа ќе го каже или некоја што не била бремена, или таа бремената на штикли не се видела на шта личи и најверојатно оди под рака со мажот како на јајца да гази :D :D :D
     
    На Bebulleee, makgirl, Sky-butterfly и 2 други им се допаѓа ова.
  8. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.782
    Допаѓања:
    325.028
    Пол:
    Женски
    Сликиве што ке ги ставам незнам дали ке ве мотивираат или налутат ама дека има згодни трудници има :)
    Од инстаграм се неможам од фб да вадам слики од пријатели се плашам да не се препознае некоја.
    image.png , image.png , image.png

    Втората трудница е во 9 ти месец и и е трето бебче.Знам држи вода дека ним друг им чисти и готви,им ги чува децата...
    Колку е точно незнам бидејки никогаш во туѓ живот не сум гледала.Далеку се од милионерки ,а и секоја од нив гледам се бави со нешто сепак.Рака на срце и овде не има мн во чииј дом друг ни чисти,ни пере прозори или мажот не финансира :)
    Ве молам без лутење сами си ја начнавте темата затоа сликите служат како еден вид пример :)

    Јас во првата бременост не одев на раб,ниту дома било каква обвврска имав па бев дебела.Едноставно не држев до себе си а време на претек имав.И до карактер си е малце.
     
    На Rose-tulip, makgirl, LUCERKA и 2 други им се допаѓа ова.
  9. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.303
    Допаѓања:
    285.340
    Секако дека има згодни трудници Џои1, не би требало да е никакво демотивирање реалноста.

    Дискусијата беше за еден конкретен случај, на макгрл, каде ништо од кажаното до сега не делува реално.
     
    На galapce, ivi1987, LUCERKA и 2 други им се допаѓа ова.
  10. wings

    wings Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    2.889
    @jacqueline.s а што вежбаш од прилика?
    Јас сум генерално во одлична форма, имам и мускулатура и слаба сум 54 кг. Сакам и во бременоста да вежбам ама незнам што е дозволено освен пешачење? И дали да се вежба од сам почеток или после прво тромесечје?
     
    На LUCERKA му/ѝ се допаѓа ова.
  11. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.285
    Пол:
    Женски
    И јас имав 54 кг од прилика :$:$:$ Сега незнам, одбивам да се мерам... докторот ми рече да се мерам, му реков НЕ САКАМ, се изнасмеа, и ми рече добро не мора, хаха.
    Инаку вежбам со тегчиња од по кило (почнав со по 2 кила, ама како што ми растеше стомакот намалив на кило), најдов вежби на нет, со тек на време ги модифицирав, ама почнав со овие:

    Во второ тримесечие (не во прво), вежбав и лесни стомачни, не се кревав до горе, сега веќе не можам, смета мешето :) Почнав да вежбам од сам почеток кога докторот ми рече дека се е во ред (на почеток крварев, тогаш не, по недела дена кога ми дозволи докторот почнав). Вежбав интензивно, секој ден, ама сега ми е мачно, и на 2-3 дена. Ама како што гледаш на клипчето, 10 мин е , нит мускули се прават, нит секси тело.... чисто колку за одржување, забрзување на метаболизам и разгибување :) Особено ми помага при болки во грбот.
     
    На Bebulleee, makgirl, wings и 2 други им се допаѓа ова.
  12. wings

    wings Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2011
    Пораки:
    1.201
    Допаѓања:
    2.889
    Мене ми е некако паника за стомачни да правам,тоа здравје кога ќе се породам, дури и тегови ми е како оптеретување,изгледа до мене е страв ми е. Одам на јога подолго време па таму ќе потпрашам уште нешто ;)
     
    На makgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.306
    Пол:
    Женски
    Значи јасна ни е ко ден ситуацијава, јас девојчево, ќе си земам за слобода да го наречам девојче оти не верувам дека е поголемо од 16 години, го провалив од сам старт, некако не ми се склапаше цела приказна. И иако не се замарам со ничиј профил на форумов и не пребарувам никогаш по мислења и го отворив профилов и и пребарав низ мислења, коментари само во најактуелните теми, форумски игри и поздрави и честитки, како и некои мислења од типот кога бев мала вака, на 32 годишна адвокатка, успешна ко што се преставува, не и доликува. Актуелните мислења ептен ја издаваат, а и приказната која ја фура налик на некои наши пријателки овде ептен е проѕирна, поради тоа ја провоцирав, еве јавно ќе кажам, сама да рече и да се повлече, ама не па не, она инсистираше да се плетка во измислената приказна. Ако, ама терај ја таа приказна на друго место, а не на место кај што се водат и тераат озбилни муабети. И нек и седи, нека продолжи, јас ја ставив на игнор и само ја скролам, не ми е веќе интересна, дури и мислев дека само јас и Данка сме ја откриле ама излезе дека и другите вие сте ја провалиле, и тоа ми е доволно.

    Е сега, мојата приказна за бременоста и моите кила не се фрустрација за да ја нападнам, знам многу ќе речете ете, ти дебела па ти смета секоја слаба трудница, не е точно. Пример многу ми е мила Жаки, а она е слаба трудница, колку и да се фура дека е дебела, грда и слично, имам привилегија да ја видам и во лик и во стас и она е една прекрасна и многу фит трудница. Исто и Данка моја, лепотица од трудница, згодна, убава, па не се фатив за неа ниеднаш дека измислува, ниеднаш не ми дала причина да се посомневам. Јас можам да се ставам, добро до пред еден месец, во пристојна трудница бидејќи качував многу малку, отприлика по половина кило на месец, сега се осетив ко кит веќе бидејќи нагло ми рипна мешето и нагло добив апетит и веќе знам дека на следниот преглед ќе бидам за машала рипната во килцата. Не вежбам, не за друго, немам време, работам од понеделник до сабота од 9 до 6 во најмала рака, дома сум сама и на мене е цела домаќинска работа, од чистење, средување, до ручеци, до пеглање, до перење, време немам, освен да вежбам во недела кога пак правам најмногу овие работиве кои ги наведов во горниот ред. Пример, оваа недела цел ден пеглав, новогодишни празници се десија и не се пеглало, не се работело, се ми се насобра во еден ден. Не гледам начин да вметнам ни 10 минути вежби, мада ме мотивира видеово на Жаки па ќе гледам да станувам насабајле порано пола саат да ги вежбам работиве, да се истуширам и да одам на работа, не за да им изгледам убаво на другите туку за себе, своето здравје и здравјето на бебето.

    Мислам доволно беше разглабање со ситуацијава, идеме на темава веќе ;)
     
    На kjukli, Bebulleee, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  14. zalosna

    zalosna Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2011
    Пораки:
    4.742
    Допаѓања:
    78.090
    Пол:
    Женски
    I jas vezbam po 500 pati na den sedni stani ..vlezi vo kujna pa vdnevna pa wc pa vspalna i taka neznam po koj pat i navecer se osejcam kako pretepana od vezbite edvaj stignuvam da se istusiram i dovleckam do krevet..treningov mi e gratis i povejce vezbam so noze..ama ako ne se zalam takov e zivotov ubav e so decina :) bez niv tesko bogami
     
    На kjukli, bittersweet, Glasna и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.195
    Пол:
    Женски
    Дозволено е јога и пилатес НО прилагодена за трудници. Јас одев на јога некое време додека ми беше полесно (4-5-6ти месец). Бевме само две трудници па поради тоа инструкторот посебно за нас покажуваше вежби или ни даваше знак за вежбите кои смееме да ги вежбаме со останатите.
    Пожелно е во првото тромесечје да не се вежба, а после тоа може до крај.

    Во моментов не сум во Ск, но штом се вратам ќе ја побарам брошурата со вежби што ми ја дадоа и ќе ви постирам вежбички кои можете и дома да ги правите.

    Ако бременоста е нормална и уредна, нема потреба да се плашите да вежбате, само ќе ги избегнувате стомачните и дигањето тегови.
     
    На kjukli, Bebulleee, joy1 и 3 други им се допаѓа ова.
  16. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.727
    Допаѓања:
    322.842
    Јас кога бев трудна само Кегелови важби правев :lol::$
    Имам слика, селфи е, пред огледало, и не е страшна.
    Многу се поправив, ама не внимавав на храна.Си дозволив себе да се разгалам:nod: бидеќи бев свесна дека ова ми е последна бременост па уживав за сите пари.
    Сега би дала совет на трудниците многу да се движат.
     
    На makgirl, LUCERKA, Kitten и 4 други им се допаѓа ова.
  17. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.188
    Допаѓања:
    102.306
    Пол:
    Женски
    Ако е за движење движам, може не колку што треба ама движам, на работа седам ама гледам бар на два саати да станам да се размрдам, до надвор на колешка да и правам друштво за цигара, до градилиште да видам што се дешава, а тоа е прилично големичок објект на два спрата па се да прошеташ, скали надоле нагоре... Јадење ми купува чистачката ама ќе гледам веќе сама да искачам, само да не е ептен ладно или магливо, бар тоа да ми е движење во текот на денот така лонг дистанс, ќе одам до подалечната пиљара :D
     
    На Bebulleee му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Sky-butterfly

    Sky-butterfly Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 декември 2013
    Пораки:
    3.398
    Допаѓања:
    60.834
    Јас вежбав во прва бременост. Најдов на јутјуб јога вежби за трудници.
    Сепак и претходно вежбав. Имам и видео, мм што снимаше скришум, ама не е за темава :D
    Сепак се здебелив скоро 20 кг ама бев подвижна до последниот ден. Многу пешачев. Лесно се породив. Бргу симнав кг.

    Во вторава бременост не се чувствував добро за вежбање. Едвај и пешачев, не можев долго, бебето ниско го носев, ме притискаше, ме болеше. Исто накачив скоро 20 кг. Бргу ги симнав.

    Се е до тоа како една трудница се чувствува.
     
    На kjukli, Bebulleee, makgirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Winter Lady

    Winter Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2015
    Пораки:
    3.421
    Допаѓања:
    26.046
    Пол:
    Женски
    @danichap Не алудирав на тоа дека не си ти на сликата, те знам од модни и знам дека си ти.Не алудирав исто дека таму не живееш, само сакав да се нашалам.Го кажав низ шала, ама ти дефинитивно негативно ме свати.НЕ САКАВ ДА ТЕ ПОТЦЕНАМ НИ НЕШТО СЛИЧНО.
    Јас си кажав како имам забележано, не сум дотолку глупа да не распознавам слики од нет, баш и други ја прашаа дали била таа на сликите.Таа секако не даде одговор.
    Јас само си дадов мое мислење, за женава и реков дека стварно е згодна, ако се нејзини сликите.Секако може и од некое девојче слики да стави, ама ако некој лаже, попрво сам себе се лаже.Само ја пофалив, не мислев да ја исмејувам.За сликите повеќе одговор од неа чекај.Ако дели совети а не сака да даде одговор незнам како да го решиме тоа ние.
    Може цел живот си вежба и оди во теретана, па лесно ги симнува килограмите, кои мислам дека само во стомакот и одат.
    За штикли, јас не сум прочитала дека купила штикли, незнам зошто ми спомна, каде во 3 - от болд гледаш штикли, ама ќе ти кажам дека познавм една трудница која беше бремена, и за 1 - ви Мај носеше штикли, нема веза што не беше рамно, важно таа сакаше да се филма малку.Може за после бременоста и се штиклите и си ужива носејќи ги. :D
    Може децата и се голема разлика, па успевала повремен:Dо да оди во теретана.И ако имала добро зацврстено тело пред да остане бремена, сигурно има некаков бенефит од тоа.
    Јас неа повеќе ја имам читано во труднички муабети, и незнам колку оди по шопинзи, незнам зошто мислиш да разледувам таква теорија.Јас реков само дека од децата неможе да јаде на време, а не друго.И за крај јас тебе те спомнав во 2 реда, очигледно не се изразив најдобро, што си реков не сакав саркастично да изгледа.А за останатото подолу си дадов мое мислење, не мислев дека ти или било кој друг лаже.Тоа си беше мојот став.А таа ако се претставува лажно прво самата себе се лаже и си верува.
    Не знам зошто се фати за менее, но добро.Гледам ти пречеше што се нашалив, па ќе го имам предвид за друг пат.
    За бремена да сум, ќе бидам тек допрва тоа. :mm:
    Ајде прашај уште нешто ако не ме разбра пак.Со задоволство ќе те удостојам со моите одговори. :D
    @Sky-butterfly Тебе дате пофалам многу ми се допадна една слика од тебе како трудница, со кратка коса, многу добро ти стоеше и фризурата и телото ти изгледаше одлично.Слатка беше :D
     
    На makgirl и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  20. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.303
    Допаѓања:
    285.340
    Винтер јас сакам шали, независно на моја или туѓа сметка, слободно шегувај се со/за мене. Едноставно имав тешкотија граматички и суштински да ти разберам твоите реченици.

    Од тука и ајс се нашалив за штиклите, бидејќи по деца кога се трча не се носат штикли де.
     
    На Емина1, Bebulleee, makgirl и 2 други им се допаѓа ова.