Вежби за гради

Дискусија во 'Фитнес' започната од My.self, 14 декември 2010.

  1. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.735
    Допаѓања:
    6.723
    А знае некој вежби за зацврстување и подигање на градите? :( Ги видов овие од јутјуб, ама не ми завршија работа зашто некои се за да градите ви изгледаат поголеми а за други треба склекови да можеш да правиш, а јас неможам. Барав и на јутјуб видеа, ама пак не најдов асални.
    Ениуан?
     
  2. Teresa94

    Teresa94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    326
    Допаѓања:
    108
    Масирај ги кружно со коцки лед :)
     
  3. Cloee

    Cloee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 септември 2011
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    35
    А има ли некои вежби за поттикнување на растот на градите?
     
  4. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Нема.

    Има за мускулот на градите но масното ткиво од тоа не расте освен ако не се здебелиш па да фати и на тие делови :)
     
  5. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.834
    Допаѓања:
    95.060
    Пол:
    Женски
    уфф јас ослабев шо ослабев ама градиве како на баба ми се направија,а во прслукот има место цела рака да пикниш..епа неможе се да биде ко шо сакам!
    сеа ко шо читав сватив дека масното ткиво ми е намалено,мускулот опуштен и затоа ми свиснаа и омекнаа..ке пробам со склековиве и теретана(до сеа само трчав)па се надевам ке има резулатати..виш ми лак...ми падна самодоверба ради нив срам ми е да се соблечам пред огледало не па ли пред машко.. :(
     
  6. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Се замолува најљубезно XMan да ми постира видеа од вежби за зацврстување на градите, т.е за стварање на мускул.
    Имам убави, големи гради, но малку мекички.
    Сакам сериозно да си ги зацврстам и мислам дека со самиот мускул они и одма поубави ќе делуваат, т.е подигнати.

    XMAN на рецепција. :)
     
    На teressa и XMaN им се допаѓа ова.
  7. Reckless

    Reckless Активен член

    Се зачлени на:
    23 август 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    стави силикони ко бугарките, и решена работа :)
     
  8. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Автоматски со зацрврстување и подигање изгледаат и поголеми така да мислам дека склекови и овие eдноставни вежби што може во секое време да се прават според мене се најдобри
    http://www.youtube.com/watch?v=xAH8-SMnXqc
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  9. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    @ anuskaNESTLE

    Веќе се објавени вежбите ама одбрав две видеа што ги содржат сите битни вежби и кои многу добро функционираат во комбинација. И двете видеа се одлични и ќе дадат резултат (фала на @LivingGlam и @sunfemina што ги постираа :)). Важно е и да ги преслушаш видеата зашто е објаснето во детал како правилно да се изведат вежбите.

    http://www.youtube.com/watch?v=IbJ3o6Wq ... r_embedded

    http://www.youtube.com/watch?v=xAH8-SMn ... _embedded#!

    Инаку склековите класично правени главно го развиваат трицепсот (страничниот мускул на надлактицата) додека склековите за гради (како во видеото) се прават со подраширени раце зашто тогаш градните мускули се повеќе активирани :). Јас не признавам женски и машки склекови туку правилни (комплетни) и олеснети. Правилните се прават со тежина од целото тело а олеснетите на коленици па постепено се преоѓа на правилните. Општо склековите класични и за гради се една од најбазичните вежби за сила што треба секој да ги прави. Општо и само склекови за гради да правиш ќе имаш резултат.

    Во второто видео сите вежби се прават со виртуелен напор (дома) но која оди на фитнес може да ги прави со тежини и ќе има нешто подобар резултат.

    Додатна вежба корисна за секого на секоја возраст (на помалите од 17 години ќе им помогне да го прошират градниот кош и рамениците но делува и на градните мускули) е Chest Flys (последната вежба од првото видео) но наместо рацете да се собираат странично, се подигаат и спуштаат во линија на телото, прво на стомакот па преку глава додека се испружат па пак се враќаат на стомакот. Лактите смеат да бидат малку подвиткани за да не настапи повреда.

    На сето ова би препорачал и вежби за дишење (пранајама) кои нема директно но индиректно ќе го зајакнат целиот систем што значи и самиот граден кош. Секако и кога не се вежба треба да се оди исправено за градите да се навикнат на правилна положба. Градници што многу стегаат и потат треба да се отфрлат.

    Вежбај неколку дена па ден одмор и се така наизменично а се вежбаат по неколку серии по вежба со 10 до 15 повторувања (ако е тежината на тегчињата мала).

    Ако е нешто нејасно пријави на рецепција :D
     
    На Anacid, alexx88 и anuskaNESTLE им се допаѓа ова.