Колку често преферирате грбни вежби? Ете мене ми беше полесно да правам стомачни, отколку грбни па едвај правев по 10тина. Ама сега без проблем ги правам 30тина наеднаш. И има резултати.Дали ваквите вежби ги практикувате за зацврстување на грбот ? Јас дефинитивно забележвам резултати, некако позатегнат ми е грбот
Па , речиси воопшто На час по спорт само инаку дома ретко ми се случува. Имам пробано да правам дома и не ми се многу напорни. Ама колку толку грбот и ми е прилично затегнат . Повеќе гледам стомачето да си го затегнам
Lux вежбите погоре се за гради . За грб е многу добро со лат машина или на вратило згибови со широк захват. Тесен захват ќе удри главно на бицепсите додека широкиот на грбот. Може и со тесен хват да се вежба на вратило ако се подигаш само на грбните мускули без користење на бицепсите.
Иксмен мене ми гледа дека помагаат и за грб, добри се бе за грб што им фали? Ако се наменети за гради, ама и грбот се зајакнува со нив.
Секоја вежба најчесто опфаќа повеќе мускулни групи но вежбите погоре се главно за гради но секако и дел од грбните мускули се активирани. Вежбите на вратило и на лат машина кои ги спомнав најповеќе ги таргетираат грбните мускули. Така да за супер резултат најубаво да се прават и едните и другите
Иксмен, бидејќи гледам дека добро си запознаен со овој вид на вежби, дали знаеш кои вежби се наменети за средниот и долниот дел на грбот, покрај тие од линкот на Шери? Мене тука ми е искривувањето (не е големо), па затоа сакам да пробам да го средам. Фала.
Ти требаат вежби за јачина на мускулите или сакаш да го исправиш ´рбетот? Ако ти е за исправање главно ти требаат истегнувачки вежби или некој спорт што ќе го правиш подолг период а кој ќе делува и на рбетот и мускулите кои го држат. Ако си испод 18 носење корсет извесен период многу веројатно ќе ти го корегира искривувањето но вежбите се во секој случај задолжителни