Ако убаво што се смеете на моја сметка и се правите експерти за тоа,јас не зборам со луѓе што немаат ни основа во анатомија,физиологија на вежбање и основи на метаболизмот. Наспроти тука јас не сум дојден на никој да му докажувам и да му велам дека мора да го прави тоа,но ако ме праша за совет тоа е најдоброто нешто што ќе му го кажам за него и за себе лично. Тука гледам луѓе повеќе луѓе се базираат на стереотипи направени од општеството и митови што ги имаат направено да продаваат програми и планови за исхрана. Мојата цел тука беше да едуцирам,не да докажувам кој може повеќе или не,но кога некој ќе каже не вистина мене ми иде да ја аргументирам зашто тоа не е така. И толку сте горди со својот став што мислите дека сте го доживеале Господ ако некој сака да ви помогне и да ве едуцира. Погледнете ги примерите што се прават со кревање тежини,јас ништо не кажувам повеќе. http://www.nerdfitness.com/blog/2011/07 ... uper-hero/
Стеф Шеф само обично верување и убедување ти е тоа дека дома не се постигнуваат резултати како во теретана и дека дома си демотивиран. Се е состојба на ум и колку ти ќе се убедиш и решиш во истото. И пред се, никој не сака тело како од теретана, како телата кои ги постираш, со огромни мускули, секој сака затегнато и женствено тело за кое правиш мит дека е потребна теретана. Епа не е, сакаш ти верувај или не.
Гледам со Црнче се спукавте Искрено Црнче немаше потреба од постирање слики и навреди на лично ниво .. Успехот на Стеф е за пофалба ја имам гледано неговата борба и сигурна сум дека ќе дојде до посакуваниот изглед . Туку мене ми е смешно што себе си се декларира како професионалец И упорно со 25 години потенцира 10 годишно искуство во фитнесот . Па сите имаме отприлика такво искуство ,повеќето од нас од пубертет почнуваат со фитнес и диети . И тоа не може да се нарече професионално искуство .. Професионално искуство е работа како тренер .. Претеруваш Стеф рекламирајки се И нападен си на моменти со убедувањето , ако се сака може да се постигне резултати и дома .. Впрочем многу се откажуваат од теретана поради тоа што на пример им е одалечена, им одзема време а дома кога сакаш можеш да вежбаш дури и во 2 часот по полноќ . И да чучњевите се едни од најдобрите вежби , мене ми ги стегнаа нозете , ми го зацврстија задникот и не знам дали јас се филмам ама и спојлерите драстично ми ги намалија .
Не верувам се филмаш и мене вежбите што ги правев дома вклучувајќи и чучњеви ми помогнаа во стегнувањето на нозете, задникот, а исто така и во тотално намалување на спојлерите. . Ако сака некој да има добро тело не мора да оди во теретана, на youtube има милиони вежби. Само имам една недоумица. Значи нозете ми ослабнаа, стегнати се, но никако не можам да ги ослабнам горе кај препоните. Немам криви нозе т.е не знам, на внатре свртени, па затоа да ми се допираат горе. Стварно ме нервира тоа ми иде да си го откинам кога би можела . Не личи на ништо стегнати нозе, стегнат задник, на стомачните се уште работам иако не можам да се пожалам, само тоа ме нервира што ми се добираат нозете горе. Може ли некој да ми препорача некои вежби за тоа?
Jaс вежбам дома еве трет месец со тегчина од по 5 кг на интернет има милион вежби навистина има резултати ако вежбаш упорно и нормално здравата исхрана внесувањето на протеини е многу важно
Стеф, едно е искуство, а друго е што пишува на нет. Ако континуирано се прават вежби за задник, ќе има резултати.Не е можно да нема резултати, ако човек вежба дома.Па и дома и во теретана се оптеретува телото, нема разлика. Ок е да сакаш да помогнеш, но да велиш на некои што вежбаат, што знаат за фитнес, дека немаат појма, нема смисла.Ако е за тоа, тогаш и тие на некој начин помагаат со самото тоа што кажуваат како се вежба, дали има ефект или нема.Доволна инспирација даваат.Да ги едуцираш, нешто што веќе знаат, а можеби и повеќе? А и не се на факултет па да се докажуваат тука, дали знаеле или не, па за да речеш, „да ги едуцирам“. Сосем доволно е искуството, а тек тогаш плус е ако нешто се прочита за тоа. Не можеш да правиш споредби од некој што вежба од време на време и некој што постојано вежба, што вложил време, труд за тоа, пример.Еве, години по ред ако вежба човек, значи постојано и те како ќе има резултати.А ако човек не вежба континуирано, тешко дека ќе се постигне некаков резултат, бидејки ако не се одржува телото, се олабавуваат мускулите, не стануваат цврсти.Самиот постира истражување од нет, нели објавено, за кое тврдиш дека е точно, тогаш и видеава џабе не се поставени и истите ги негираш.Некој ги поставил за да помогне некому, доколку нема пари за да вежба во теретана. Барем мотивирај ги девојките, а не ги демотивираш, немале ефект вежбите за задник, ако дома вежбале, а како што читам, има ефект.
Не ја разбирате поентата. Не реков дека нема да имате резулати. Ако прогресивно оптеретувате и ТОТ (време под тензија) секогаш ќе има резултати. Телото не препознава отпор дали е од камен или тег,но ако правиш само со сопствена тежина и не промениш нешто во твојата програма ќе станеш добра во правење чучњеви,исчекор напред,склекови,вратило и сите вежби со сопствена тежина. Кога телото не прогресира тогаш време е за нешто ново = повеќе отпор. Ти можеш да ослабнеш и да имаш нормално тело дома и да го одржуваш тоа,но да имаш манекенско тело и цврсто тело со вежбање на сопствена тежина тоа е дискутабилно. Како што реков за стимул е потребно од 6-12 максимални повторувања,а со правење 30-100 или колку и да е со мали тежини телото нема причина за промена.
Навистина ? Девојка што може да прави 50 склека, 300 чучнувања или 20 здигови немало да има затегнато и цврсто тело затоа што било со сопствена тежина? Било кој гимнастичар ќе ти се изнасмее у фаца
Кои квалификации, жити се? Кои се твоите квалификации? Не сфаќам зошто да нема резултати? Си одиш контра на самиот себе си. Едно време тука збореше за револуционерни откритија за вежбањето со сопствена тежина и бла бла бла, за сега да се вратиш на тоа дека ако не вежбаш во теретана нема да имаш резултати... Со вежбање по дома може да се постигнат солидни резултати. И да, ќе дојде време кога една вежба ќе стане излишна, ама за се има решение, ќе ја замениш со друга По некое време можеш пак да и се вратиш, и се така во круг... Секогаш постои модификација на било која вежба што ќе ја качи едно ниво погоре на скалата...
Да гимнастичарите само прават гимнастика. Не прават никаков вид на дигање тежини за да ги подобрат перфомансите. I have found that young female gymnasts usually lack three things which hinder performance on bars: stability, core strength, and upper body strength. The overhead lifts especially the snatch, jerk and push press not only strengthen the upper body but also strengthen the core as well as all the small stabilizer muscles. For example, most release moves moving from the high bar to the low bar as well as elements which end in a handstand require a solid core foundation and stable shoulders. When a gymnast catches the low bar from a release move, or they perform that element correctly the momentum lands their body in that handstand they need, but many of times the shoulders and /or elbows relax and break or their back arches and throws the head out of the neutral position. You can do all the body weight exercises you want, but there is nothing like catching that snatch overhead or the dynamics of the push/split jerk that simulates the exact components needed to fulfill shoulder stabilization with straight arms and core strength while all in combination with speed, balance, and coordination through momentum. After my girls trained for 12 weeks using the Olympic lifts their bar elements greatly improved, their positions were better attained with ease and much less errors occurred in their overall routines. I noticed more consistency and improved core strength and shoulder stability. http://voices.yahoo.com/how-olympic-wei ... 25632.html Моите квалификации се дека учам за личен тренер и од 2012 септември вежбам со клиенти. http://www.acefitness.org/fitness-certi ... ification/ Ако не ја знаеш организацијата запознај се,прифатена е во светски рамки и на европско ниво.
Гимнастичарите не треба да си ги подобрат перформансите? Во гимнастиката треба најголема контрола и стабилност на мускулите... нешто што никогаш нема да се постигне во теретана...
Не ми ги вади зборовите надвор од контекст,дигањето тежини е спорт не е само за убаво тело. Дигањето тежини исто служи за подобрување на перфомансите во било кој спорт,вклучувајќи и маратонско трчање,атлетика,штафета итн.
Ај ако може совет. Имам широка карлица и голем задник кој никако не можам да го намалам. Со вежбање почнувам да добивам мускули на нозете и задникот ми изгледа уште поголем затоа што имам тенка половина. Што да правам?
Не си добила на мускули,наспроти тоа не си внимавала на исхраната и си добила во сало. Да си добила во мускули ќе си намалила во обем. Исхраната кажува дали ќе ослабнеш или ќе се здебелиш.
Јас немам некој голем проблем со тежината, BMI индексот ми е 20.5, не бројам калории, но внимавам што јадам, леб не, сувомеснато не, такви глупости не. Од благото не се откажувам но гледам да не претерам, и после 8 навечер не јадам, можеби 10години. Но таква ми е градбата кошули носам величина 34, а панталони 36/38. А вежбам одамна но периодично, едно, друго. Лани бев најактивна, посебно летото. Вежбав секој ден на орбитрек, стомачни навечер, неколку вежби за нозе на TOTAL Gym и чучњеви, исчекор и страничен исчекор со шипка оо 5-6 кг. И тврдам дека почнав да добивам мускули на нозете, а не го сакав тоа. Зимото почнав да забушавам, но вежбав на степер и правев стомачни, но пак не бев задоволна. Сега од први јануари ги почнав вежбите на Вежби на Jillian Michaels30 day shred вежбав секој ден, не ослабев ни грам, но се зацврстив, можам сега да правам склекови, што до сега не сум можела но имам мускули и на рацете кои не ги сакам. На први февруари одмарав, потоа по еден ден го вежбав секое ниво, и потоа почнав со 6 weeks 6 pask abs, но многу се фокусирани на стомачните, а мене тој дел ми е слаб и не сакам да ми се познаваат плочки. Решив тие да ги вежбам 3 дена, а еден ден да одмарам. Сега не знам дали повторно да почнам чучњеви и исчекор затоа што задникот е подигнат и затегнат, но поради тоа кога облеков фармерки кои ги немав облечено одамна и сега ми се широки во половината, мислев дека ќе ми пукнат на сред улица, не ми го собира задникот во нив. Кажи ми совет што да вежбам и дали со тежина или без?
конструкцијата ти е таква ,против гени не може да се иде ,незнам што има лошо и сама си викаш задникот ти е стегнат и подигнат баш секси
А бе, јас цел живот сонувам за таков задник! Како им љубоморам на некои другарки, ни да вежбаат ни ништо.. а јас сум се утепала од вежбање, и задникот ми е ист цело време, олабавен и не е ич испрчен (а јас си сакам испрчено газенце ) Што да правам за да си го затегнам задникот? сите вежби шо ги правам, и у теретана кога одев, не ги осеќам во задникот. Гледав и на YouTube туториал, 8 minutes Buns, вежбав 3 месеца секој ден, и задникот само ми ослабна, а не се стегна.. Сега имам гради, а задник не
Ако ти ослабнал не си внимавала на исхраната,рачунај и задникот е мускул и треба да се храни и добро да се одмори
Слаба сум но имам Дебели Нозе кеи не одговараат со моето тело секој ден вежбам и кои се вежби не сум ги направила но ништо не помага Имате ли некој Предлог ???