здраво, вежби ако сакате да ми кажете за мојов задник да го зацврстам и малку поголем да ми е, ќе ве молам итно ми е. позз
како што си имав подигнат и испрчен задник сега ми е спуштен и помал а оддамна не вежбам,тежината ми е поголема а изгледам послаба во задникот од што бев,некако конструкцијата ми е изменета сакам некоја вежба за подигање на задникот
Ужас е Стеф најискрено го поштував до пред некое време, знам на кајгана збореше баш дека со сопствена тежина може да се дојде до одлични резултати и сега од кога го изгради студиото (или како и да се вика) јаде бурек и демотивира. Контрадикторност до максимум. Стеф, прибери се почнуваш да нервираш.
И јас имав дебели нозе па ги ослабев за 3 недели, знаеш како? Секој ден кардио "Brazil Butt Lift Cardio Axe", додека правев кардио на нозете имав фолја и 1 пар хеланки и тренерки, без благо, леб, мрсно, прженици, тостови.. само здрава храна, масажи со крем за слабеење на ризичните места.. + трчање секоj ден и вежби.. и тоа е !
Порано се раководев по тоа што слушав од луѓето,сега од сопствено искуство и од истражувања на фитнес организации и следење на трендови. Не е контрадикторно да промениш размислување,ако тоа ти дава побрзи и поефективни резултати. Селави.
Додека да сфатам дека тоа "Селави" би требало да е c'est la vie, отиде возот Помислив прво дека му викаш дека е селјак, или дека се лигави Стеф и фразите Види Стеф, тоа е поентата... Не може преку ноќ да си го смениш мислењето и да речеш пу, пу, не важи. Нормално ако се случи така, ние ќе почнеме да си правиме претпоставки (не викам дека штом еднаш си изградиш мислење треба да се држиш до тоа, да не се разбереме погрешно. Ама еве, ти од желба да не испаднеш слаб, излегуваш уште послаб. Ги правиш будали и ненормални сите тие што размислуваат дека со вежбање со сопствена тежина може да се постигнат солидни резултати. За мене разумно мислење на темава, од твоја страна би било: "И јас размислував како вас, ама искуството ми го покажа спротивното", наспроти ова твоето, дека ќе се правиш наудрен и ќе ги правиш будали сите што размислуваат како ти што си размислувал некогаш). А баш дека оваа промена на мислење се поклопува со отварањето на клубот, или што и да е... Нормално е од наша срана, да си предпоставиме дека тоа е причината... Нели цело лето си беше по кеј... Инаку, забегуваме од темата, таа воопшто не е за на дискутирање на "Стеф Шеф и неговите теории на заговор", туку е за убавите женски задници... Дај да си се држиме до тоа Треба во тесни здолништа да ги пикнеме И на некое машко раката да му се наполни (Па и на некое женско, да не ја запоставиме и ЛГБТ заедницата ) П.С, Сега пак треба да очекувам од тебе некоја навредлива Л.П. во која ќе ми речеш дека само се правам паметна и ќе ми ја навредуваш интелигенцијата C'est la vie
Ок едвај чекаше некој да почне нешто против мене. Си го кажав мислењето,ако сакаш да бидеш бикини модел со дома вежбање не можеш да го постигнеш. Вежбање со тежини ја надминува таа фаза и се вика прогресивнмо оптеретување. Сигурно не си ни чула за тоа,а камоли да си чула за типови на мускулни влакна или за саркоплазмична и миофибриблна хипертрофија. И бидејќи правиш премногу повторувања ти стануваш добар во правење на таа вежба,а не предизвикуваш хипертрофија на мускулот... Запомнете дека за раст на мускулите треба тежина,ако сакаш да си како марија нацева со слободни тежини ќе видам дали ќе станеш...
Јас дома вежбам и имам резултати незначи ако вежбаш дома дека немаш опрема и тегови леле госпо да чува штоако важбам дома кога ги имам тие тежини што ми требаат и дајте имате попаметна работа од тоа да се расправате на темава
Колку пати неделно е најдобро да се прават вежбите за задник? Како би имало повеќе ефект, ако се вежба секој ден или со паузи?
Јас вежбам секој ден и за задник нозе и раце има резултати само еден ден во неделата правам пауза најважно е да вежбаш со тежини и да внимаваш на исхраната инаку џабе е
Нозете ке ги сликам а задникот не мислам да го ставам на форумов за да се увериш плус за некој небитен,не мие битно дали веруваш или не
^^ Да запознаена сум со тие работи, прашував затоа што пример кога се вежбаат одредена група мускули, подобро е да се одморат ден до два, ако се вежба со тежина. Па ме интересираше дали тоа важи и за оваа група на мускули А стеф што мислиш ти за ова?
Eпа добро ја еве ти кажувам дека имам комшија кој што околу 9 месеци вежба со сопствена тежина (вклучувајки и вратило) и не иде во теретана и има 3 пати боље тело од твоето. Ова чисто го збориш ради бизнис и клиентала.
3 пати неделно цело тело ти е подобро одколку да вежбаш,само еден мускул. Треба да се фокусираш на цело тело не на само еден дел.
Елизабета, не мораш да ставаш слики, за да уверуваш некој.Може да си мисли што сака, ич не се замарај. Од одамна е јасно зошто е уверен Стеф за теретаната. Прави си вежби, имаше и оние од Вики Сикретка едни вежби, на почетната имаше тука, ем за зацврсување на цело тело, ем се и за задники, плус вежби од останативе видеа и терај.Не се замарај со секој, кој, што мисли