Овие стварно се ефективни,после недела,две има резултати.. Работата е што треба секојдневно да се вежба,ако се пропушти некој период,пак се опушта задникот..
Јас ги вежбам овие и многу се интензивни, да до три пати во неделата ги правам. И секој пат после нив нм да се движам http://www.youtube.com/watch?v=1207htEo3E4
Темава ми стои погодна за прашањево: Дали кога правите чучњеви за затегнување на задникот како нус појава ви се зголемуваат бутовите? Значи јас сакам да ми е затегнат задникот,ама он ќе се напраи,а нозете изгледаат многу дебели и неубави. Така да не знам дали грешка ги правам вежбите или едноставно така треба да биде
Се зголемуваат,да ..и јас го приметив тоа,ама на мене не ми пречи знам дека ми се зацврстуваат.Приметив и разлика во задникот,продолжи ќе ти се затегне и нема да ти изгледаат нозете дебели и не убави.
А за колку време го примети тоа? А и да, по колку чучневи дневно правеше? Јас наеднаш едвај 30 правам, колената ме убиваат.
Па и јас почнав со 30,после зголемував за 10.И мене ме болеа колената,ама тоа додека се навикнам.Комбинирам чучњеви со други вежби и полесно е. Ама нозеве ич не си ги сакам така,ќе почнам дупло да трчам
Јас почнав со 50 и си ги зголемувам за 5 секој ден и мене ме убиваат нозете ама морам. Се трудам секој ден да ги правам и правам и други вежби и приметив за доста брзо време,не голема разлика ама јас си приметувам...си го знам телото,веќе 3 недели вежбам ама како ми е не ме прашувајте .
А за колку време го примети тоа? А и да, по колку чучневи дневно правеше? Јас наеднаш едвај 30 правам, колената ме убиваат. [/quote] Па и јас почнав со 30,после зголемував за 10.И мене ме болеа колената,ама тоа додека се навикнам.Комбинирам чучњеви со други вежби и полесно е. Ама нозеве ич не си ги сакам така,ќе почнам дупло да трчам [/quote Леле имам совет да не почнуваш со трчање.Можда нозете ти бидат поубави али задникот даска ќе ти се направи.Кажувам од мое искуство, трчав редовно пред 1 година и задникот даска права, па и со целулит, ми се повраќа. Пробај со јаже, или некои справи на фитнес подобро е мислам
^Па затоа ем ќе трчам,ем чучњеви,ем убави нозе ем задник Секако генетски не ми е суден совршен задник,ќе се задоволам со помал задник,битното е нозете да ми се убави!
Ако ве болат колената нешто не правите како што треба. Ако сакате повеќе да ви работи задникот наместо квадрицепсот при чучњевите повеќе ослонувајте се на петите. И малку навалете се со телото на напред, ама внимателно.
http://www.savrsenazadnjica.com/program-uvod/ Наидов на цела програма, па повелете, можеби ќе ја пробам и ја
Одлучи се за една цел,ако вежбаш се и сешто,резултатот на крај ќе ти биде никаков. Убаво е што сакаш да постигнеш се,но на крај нема да направиш ништо.
Е вака имам проблеми со килажата како и многу што имет и сакам да ослабам ..одам на фитнес...малку ослабив но сакам и дома да си правам везби за слабеење ..ве молам за помош ...што вешби треба да правам за да ослабам..и откако ке ослабам да си зацврстам задникот стомакот.половината рамената едноставно целата сакам да си го средам телово ама некако тешко ..везбам на орбитрек по 20 мин и папсувам неможам да издрзам..немам енергија да везбам а сакам да везбам незнам што ми е
Не следиш калории и не знаеш колку конзумираш. Можеби си на некоја рестриктивна диета и затоа не внесуваш доволно и немаш енергија. Балансирај. Не можеш 10 работи да правиш во едно. Земи одвој време за јадење правилно. Повеќе протеини и јаглехидрати и помалку празна храна.
Задникот секако не може да ми се зголеми, само со јадење,а тоа ми е последна цел. Сега сум фокусирана на затегнување на нозете,правам повеќе такви вежби,ама не ги изоставувам ниту чучњевите Алчна сум,ем нозе ем задник
Вежби за нозе и задник; 1.Чучњеви 2.Исчекор напред 3.Мртво кревање 4.Глут бриџ(Легната си и дигаш тежини со задникот,доста ефективна вежба). П.С не можеш да создадеш задник со сопствена тежина. Високи повторувања не даваат стимул како со тежини за раст. Аеробичните вежби само го работат кардиваскуларниот систем и се катаболични,што значи дека ако сакаш задник треба да јадеш малку повеќе и да вежбаш интензивно.
Стеф јас правам вежби за задник од типот на исчекор, donkie kicks, leg lifts, hip extension и слични со тежина на зглобовите (ankle weights), е сега ме интересира мислиш ќе имам побрз резултат ? Јас сакам да го намалам и целулитот, ќе помогнат во тоа?