50 кг на чучњеви. Пишува јасно. Со 5 кг ништо апсолутно не правиш,не индиуцираш мусклен раст. Добар ментор ти е каналов. https://www.youtube.com/channel/UCE3_hf ... Nzhzy7G-2Q
Никогаш нема да дигнам 50 кг . Тежината ми е толку плус 3 кг . Јас и со 5 се заморувам кога правам чучњеви . Озбилно има тука девојче што дига толку ? Не знам како можеш да препорачуваш аматери да дигаат толкава тежина ,не дај Боже ќе се повреди некој .
Не можеш на луѓе кои првпат започнуваат да вежбаат и тоа во домашни услови да им кажеш да креваат 50 кг.Тоа треба месеци и месеци тренинг,со постепено накачување на тежината,а не така наеднаш. Башка никој од нас не сака да се билда професионално,само малку да го обликуваме телото.
Како можи 50кг да и кажеш на девојка која има 50кг целата? Значи кажи како што треба барем Мажите како вежбаат знаеш? Прво ставаат тег од 5кг, па додаваат уште 5, после тоа евентуално 10, се наголемува тежината во текот на сериите, и да, девојки ова ви е најправилната варијанта.. На почетнички им препорачувам , доколку вежбаат во фитнес клуб на справата за чучњеви, да си стават прво по едно тегче од 2/2.5 кг, во прва серија, во втора ставете уште по едно, и доволно ви е. После од ден на ден ќе си наголемувате колку што можете 50кг бе за почетничка???/?!!!!! Свашта.
Вие ме разбравте буквално. Значи не препорачувам веднаш да ставиш 50 кг на чучањ,тоа не ми беше поентата. Поентата на моето мислење е да се фокусира на силата и резултатите ќе дојдат. Една недела може да се работи со високи повторувања 15-20 со мала тежина. Другата недела ќе се работи со средни од 8-12. 3-та недела може да се работи со 1-6 максимални повторувања. Така ќе има најдобри резултати. А дека треба да крева некој сопствената тежина на чучњеви и мртво кревање тоа е стандард(нормално ако сакаш резултати),тоа со добар тренинг за 2 месеци се прави.
За 2 месеци со прогресивно оптеретување се постигнува таа цел. Максимум што покачувам кај девојки е 2.5 кг неделно.
Вие жените можете да кревате,само сте потистанти од стигмата дека ако кревам ќе станам како маж. Кое не е возможно заради разликата во физиологијата и хормоните. Жените не можат да кренат мускулна маса како мажите,заради 10 пати помалку тестостерон. Жените не можат да создадат толку мускулна маса без помош на лекови за зголемување на перфоманси(анавар,мастерон и хормон за раст,пептиди). Жените исто така има разлика во мускулните влакна и претежно подобро реагираат на аеробични вежби него на кревање тежини,но тоа не значи да не креваш тежини,затоа што кревањето тежини не само што ќе ти создаде мускули и ќе ти го забрза метаболизмот ќе ти го подобри здравјето и хормоналната слика. Ќе имаш подобрена инсулин сензитивност,балансиран циклус и сите работи што се на база на метаболички синдроми и поставеноста на телото ќе ти биде се балансирано. И покажав пример на фунцкионално тело каде што жена крева 1.5 пати од својата тежина на чучњеви и мртво кревање и нема никакво машко тело. Погледни ја и кажи ми дали има нешто машко на неа? https://www.youtube.com/watch?v=3FpD27F ... Nzhzy7G-2Q
Јас почнав со 6 кг сега вежбам со 10 кг, незнам дали ке зголемам ама дефинитивно ако има тежина има поголеми резултати
Само продолжи,нема да станеш ѕверка. За да имаш промена треба да имаш стимул. Тој стимул доаѓа од дигање повеќе тежина. Повеќе тежина подобри резултати.
Стеф девојчето ти објасни колку вежба(што значи почетник е ) и побара совет за целулитот а ти и рече дека без 50 кг ништо не прави . Не сметам дека ако вежбам ќе направам мускули како маж , на справи вежбам и со 20-25 кг ама да земам тег од 50 кг и да клекнувам и станувам со него мислам дека физички немам толку сила ( може ќе го дигнам со грдни маки и ќе го пуштам ) или па можеби ќе ми требаат години и години тренирање . Почнав прво без тегови па со 1 , па со 2 ,5 сега сум на 5 кг сакам да дојдам до 10 и сметам дека тоа ми е максимум . Објасни се друг пат убаво . Инаку и јас имам мака со целулитот го намалив доста ама сеуште имам . Многу мразам да се мачкам со кремови па да се масирам, ама видно е намален сметам дека ако продолжам да вежбам и со правилна исхрана дека ќе го намалам и без да дигам тегови од 50 кг .
Ти не земаш тег. Ти додаваш на олимписката шипка плус 30кг,што е некаде што секоја девојка со малку тренинг би го кренала. Не ти велам дека треба да го правиш или морално е,но ако размислиш малку логички кога ќе кренеш повеќе килажа,повеќе и ќе трошиш со помалку повторувања. А резултатите следат,ти постирав канал,девојката крева преку 100 кг на чучњеви.
Стеф бре јас да не сум мравка да кревам колку што тежам? Шала на страна, фала на одговорот ама јас не би да станувам професионален билдер. Ај ќе видам што ќе направам со овие и за месец дена ќе пишам резултати.
Арнолд му требало 10 години за да стене професионален бодибилдер ти со кревање 50 кг ќе го побиеш тоа што го правел арнолд... Жити се пишав погоре пример каде што женско крева повеќе од мажите и изгледа супер.. Не го погледна еве го пак. https://www.youtube.com/watch?v=wy3o2i2C2Qc
http://www.youtube.com/watch?v=Lt6NVR04Dck http://www.youtube.com/watch?v=DlkkwRpqVvs http://www.youtube.com/watch?v=CUb7ZnRFFv0 http://www.youtube.com/watch?v=VzWMn-Jsajc