Почнав со овие А потоа на првите ги додадов и овие За еден месец со секојдневно, редовно вежбање, кај мене имаше огромни резултати.
@moon1 оваа вежба на второто видео, како што е на сликата почетна е најдобрата за зацврстување за задник.
Правам со тегови со по 3 кг ,такви како топки со рачка(немам појма како е името)од нив кревам 4 кг една таква топка,и на шипката ставам од двете страни по 2,5 кг и тоа ми е мах,и некако осекам фармерките ми се тесни,и одма се ставам на трчање затоа што не знам друго сто би правела.... хахаха
Веќе го пратив мислењево во друга тема и по една секунда ми светна дека оваа е посоодветна Бавна сум малку денес, опростете Е вака сега, секогаш сум варирала со килограмите 2,3 минус, 2,3 плус на 171 висина. Најкритичен дел секогаш ми бил задникот, немам баш убава генетика, ама моментално се здебелив имам 65 кила па приметувам дека и задникот ми се зголеми. Е сега не само задникот туку и секаде се здебелив, најмногу во стомакот и спојлерите, ама ако држам диета да слабеам ќе ми ослабе и задникот-тоа е маката па моето прашање е дали да си јадам нормално како до сега, секако тоа да се потрудам да биде поздрава храна-не глупости, и да се посветам на вежбање? Дали ќе имам така резултати во смисла да го стопам салцето околу стомакот ама да не го загубам задникот? Не знам колку убаво објаснив , ама сепак се надевам ќе добијам одговори и предлози
Фитнес и аеробик во комбинација даваат најдобри резултати,но тоа е за луѓе со малку повеќе слободно време, за млада мајка како мене , во моментов фитнесот е подобра и поблиска (на само 5 мин од дома) опција. За задникот степерот е доста солиден, исто чучњеви со и без тежина даваат супер резултат.
Девојки хелп, некоја вежба за поткревање на задникот пошто вежбам активно пола година и зацврстен ми е ама не е подигнат :/
Баш ја разгледував апликацијава, и имаше доста добри коментари од девојки кои што вежбале, во смисла на тоа дека има повеќе нивоа за тежина, а и добри резултати. Би можела да ја пробам, па ќе ве информирам ако има резултати.
Здраво ме интересира да прашам дали овие вежби за задникот влијаат лошо врз висината пошо многу сум ниска па незз :/
Не. Висината најмногу зависи од твојата генетика, начинот на исхраната и дотолку си активна може да помогне
Се враќам пак на темава да прокоментирам за апликацијата. (30 day butt) Јас ги правам веќе околу еден месец, со по некој ден одмор измеѓу и можам да кажам дека задникот ми се обликува и зацврсти, и тоа нешто повеќе од што очекував. Моја препорака, вреди да се пробаат вежбите, лесни се и не одземаат многу време. Јас сум задоволна.