Постојат многу други вежби кои се ефективни за задникот покрај чучнувања. Пример http://www.youtube.com/watch?v=jY6F4f0O ... detailpage http://www.youtube.com/watch?v=Tge5BflPa-g&feature=plcp http://www.youtube.com/watch?v=4KKwBiUp ... detailpage IT'S BEEN WORKING FOR ME! CHEERS!
еве јас како машко би напишал една програма која вклучува целосно работење на нозете заедно со задникот... 1.Шут (1серија за загревање 15 повторувања уште 2 работни) 2.Ножен прегиб (за задна ложа 1серија 15повторувања уште 2 работни) 3.Ножна преса (3х15-12-12) 4.Чучневи(исто како и пресата) 5.исчекор (исто како пресата/чучневи) 6. Kick-back (исто како претходните 3) 7. може да се стави мртво со прави нозе (исто) 8. вежба за листови по избор За поискусните вежбачи е ова а за оние кои се осекаат по спремни може да го отфрлат мртвото ама исчекорот да го прават во супер-серија со Бугарски чучањ. Ако има нешто нејасно околу вежбите слободно прашајте P.S Сепак според мене не е само да правиш вежби за задник ако не ги работиш и нозете... страшна грешка е тоа.
малку ме мрзи да ги најдам кај се, ама оние шо стварно сакаат резултати нема да им биде тешко да си ги побараат http://www.bodyrock.tv/
Овие вежби изгледаат ветувачки... ако има некој фитнес инструктор на форумов, нека напише што мисли за истите... http://www.youtube.com/watch?v=pgy1V8vd7C8&feature=BFa&list=PL8A634771ABE04414 Инаку јас имам цврст и добро оформен задник,само сакам да видам колку може максимално да го подигнам...
Леле Јулијана,тело-гром ! јас ги ослабнав нозете,во килажа сум иста,ама нозете ми изгледаат по зацврстени и послаби сега уште задникот ми остана..во фармерки изгледам како да ме акнал некој со тава,значи ептен сум рамна!Некако сакам да го сголемам со вежби и да го зацврстам..Некои лесни,а ефикасни вежби?сакам ефект за најкраток можен рок
^ Јас ги имам спуштено Бразил Бат Лиф вежбите, и таму има разни програми за вежбање. Програмите се за 4 видови задници: Too flat or square Pear shape Too big Combination. Јас ги правам вежбите за последното, а како што заклучив тебе би ти одговарале за првото. Еве тема за вежбиве, таму имаш и линк за спуштање и се‘ друго што ти треба.
Step ups Една од најефикасните вежби за зацврстување и оформување на задникот. Лесни нема, али ефикасни колку сакаш Еве пример од како да изгледаат овие вежби http://www.youtube.com/watch?v=9vBqpj7a7mw
Едно прашање : Почнав со вежби за задникот , правам некаде околу 10 видови на сабајле две серии од по 20 и навечер истото, дали е доволно секој ден да зголемувам на 25 од секоја вежба? Инаку за оптеретување на мускулите немам гајле бидејќи ги имам правено вежбиве а и имам спортувано само што еве престанав а сега сакам редовно да правам со надеж за резултати.Што мислите ако секој ден зголемувам по 5 повторувања ќе има некои видливи резултати (на пример една недела) или е потребно да се вклучат и тегови? Фала.
Јулијана,дефинитивно решив од утре овие вежби да ги правам,што ми даде линк. Само незнам на што да ги правам и на што да се качувам така.а инаку по колку пати отприлика треба да ја повторувам? )
Ива, одлично што започнуваш со вежби. Можеш да користиш стол, скали ( прескокнувај една скала) или клупа. Ова е само една вежба што треба да ја внесеш во регуларниот режим на вежбање за да видиш резултати. Почни со 3 серии од 12 повторувања на секоја нога, и после една недела почни по 20 повторувања. Третата недела почни да држиш тегови во рацете. ПОгленди на мојот канал на јутубе има многу видео со најразлични вежби за целото тело.
Цврст задник Девојки како до цврст задник во најбрзо време...ме интересираат кои вежби ги правите,имате посебен начин на исхрана, дали спортувате, кои креми користите..
Цврст задник Јас правам повеќе видови на вежби и одам на теретана, јадам риба, соја, пилешко месо, јајца.. и почнаа да се забележуват резултати и не само кај задникот туку и нозете.
Цврст задник Епа вака, обични вежби без тегови: чучњеви , па оваа 3 серии по 12 пати на едната нога, прво исправена после ја свиткуваш до градите да ти дојде коленото . Па после на оваа справа без додавање на килажа ги правам чучњевите .. значи ќе се исправиш малку расчекорен став, ама малку, и железото год држиш на рамењата одзади да ти дојде, ќе ти покаже некој таму скоро секој ја прави таа вежба. И ќе навагаш така уште по некој вежби на youtube или некоја страна за повеќе резултати и тоа е се.
Цврст задник Јас ги вежбам бразил бат лифт и има резултати, не одма, ама веќе од 10 ден да. Вртам и орбитрек по 40 мин дневно, за исхрана сум повеќе на салати и месо. И треба да бидиш упорна
Цврст задник супер!! ке почнам да ги правам дома а и гледав нешто на јутуб. Јас пешачам 4-5 пати неделно, се движам мн, но во последно време некако мрзата ме јади.. сакам да го зацврстам задникот но и да го поткренам ке пробам со вежбите, ке ги правам дома и секако ке внимвам на исхраната... фала девојки