Мојата конструкција на задникот е ваква и затоа ве молаам ако знаете некои вежби за подигнување на задникот постирајте
Девојки ме интересира дали трчањето по скали, мислам на пример прескокнување на една/две.. скали, па скокање со една нога и слично имаат голем ефект на задникот
Да, качување по скали или качување на повисок стол е една од најефективните везби за подигнување на задникот. Ако земеш неколку кг тегови во рацете е уште по ефикасно. Еве кои е моите 10 омилени везби за задник. http://www.youtube.com/watch?v=6ANvdueuTfw
Мојот фитнес ден (+ мотивации) Дали има шанси во домашни услови (од реквизити да имам само тегови) да добијам ваков задник http://data.whicdn.com/images/67845517/large.jpg или http://data.whicdn.com/images/67776752/large.jpg во последно време вежбам само 3 пати неделно се запоставив и со исхраната сум КАТАСТРОФА направив пауза од 2 недели некаде откако не борјам калории и не се хранам толку здраво како порано но ќе направсм промена се плашам да не го изгубам она што сега го имам- скоро совршено затегнати нозе и добар задник но сакам како да се изразам да ми стане поголем малку така позаоблен добар е и сега не е опуштен но сакам да добие убаво заоблена форма до пред месец вежбав редовно дома по 30 мин вежби за нозе и задник секојдневно и плус одев на фитнес но сега дали 2-3 неделно правам вежби дома и почнав на пилатес пред 1 недела а на фитнес не одам веќе еден месец... Па дали имам шанси и ако може предлог вежби за добивање на убаво оформен и заоблен задник а може и за тонирање-затегнување на нозете... Спојлер а тоа што си имам салце на мешето(не како порано) мислам дека никогаш нема да го симнам .....
Еве неколку вежби за задникот http://www.youtube.com/watch?v=SmcLB9ObdOM http://www.youtube.com/watch?v=NuJC7PI_Br4
Многу добро видео за вас дами. http://www.youtube.com/watch?v=NvCj3QVU ... 015F4F0FB4 Words from a wise man,пробано и на мене
https://www.youtube.com/watch?v=SmcLB9ObdOM Веќе 3 ден ги вежбам овие вежби. Не си ги осеќам нозете но претпоставувам тоа дека е поради тоа што немам кондиција.Слаба сум и сакам да го зацврстам задникот.Ги вежбам само овие според календарот поставен на видеото.Дали некој има искуство со овие вежби?
Дома не се гради убаво тело,немаш достапност до опрема и до можностите што една членарина во теретана ќе ти обезбеди. Џабе ви се овие 30 дневни програми и предизвици,немаат доволно интензитет за да ви направат промена. Не си го губете времето,горе видеото објаснува убаво.
кој ти кажа дека не се гради убаво тело ... што препорачуваш кај тебе да дојдат у станот изнајмен хахаххаха.. девојки не го слушајте терајте си дома,надвор каде и да имате можности резултатите ке си дојдат
Нема врска.Ти мислиш дека сите имаат пари за опрема, теретани, членарина? Мислиш сите ги печатат парите, па онака од што им се вишок да ги раздаваат по теретани? Не им се џабе, тие програми, предизвици, ако имаат желба и упорност.Човек и во теретана да отиде, ако нема желба, џабе ќе му биде, па не опреми, триста чуда нема да му помогнат ако не е упорен и нема желба, а за тоа не ти требаат пари во овој случај. Ко малку да има на интернетов, видеа и за зацврстување задник, како и други вежби, па и да имаат малку пари, наместо да ги дадат, можат да ги заштедат.
Само ако се има воља, има еден куп вежби што можете да ги правите дома. Најдобри се чучневи и исчекор. Еве на видеото како може да се вежба. http://www.youtube.com/watch?v=SmcLB9ObdOM#t=53
Е што објаснува? Типов збори за девојки кои природно немаат задник, јас не слушнав да зборува за тоа дека треба да се вежба во теретана со справи за да се зацврстат мускулите. Јас во моментов дома вежбам, ама и кога одев на пилатес не вежбавме со никакви справи (освен ако под справи не подразбираш топка, тегови, ластици и мали топчиња кои не чинат кој знае колку за да се купат). А ефект има! Јас не користев никакви справи, па направив голем прогрес во изминативе неколку месеци. Задникот ми е подигнат, а мускулите ми се многу зацврстени. Има добри вежби кои даваат одличен ефект.
http://www.youtube.com/watch?v=jY6F4f0OlWc http://www.youtube.com/watch?v=vbRLDdnw1aU http://www.youtube.com/watch?v=jG8oB9F247w
Разликата е како да сакаш да изградиш куќа ѕигла по ѕигла сам и да имаш градежна фирма со опрема и работници. Сигурно дека сам нема побрзо да изградиш куќа,така и со телото,што повеќе опрема имаш толку подобро. Дома функционира 2-3 месеци после што правиме,кога телото се адаптира на тој стрес тој нема стимул за раст. Плус ако вежбаш 100 повторувања во една серија нема ништо да направиш за промена на телото,од самата причина што за да стимулирате еаст на мускулот потребни се од 5-12 максимални повторувања. Тоа со сопствена тежина и со плиометрија не се постигнува,се постигнува со вежби со слободна тежина. 4 вежби кој даваат резултати се чучњеви со шипка,исчекор напред,мртво кревање и мост на глутеус(gluteus bridge). Мускулите за раст бараат тежина особено брзите мускули тип 2,кога вежбате повеќе повторувања нема стимул за раст бидејќи тие се претежно мускули за брзина,издржливост.
И, викаш теретана а? Иначе нема шанси да се обликува телото? Нели како што треба.Ај ко ќе фати некој лото, па може да спиет во теретана Сосем доволни се видеава тука што ги постираат членките, па и што ги има на нет, особено нели за зацврстување на задники.А и џабе не се на нет ставени.
Нормално е дека теретаната е најдобра варијанта, кај мене со еден месец вежбање се приметуваат видни резултати од теретаната, но сите оние кои немаат услови и можност да одат во теретана имаат начин и дома да вежбат и колку толку да го одржуваат телото. Но секако еден час вежбање, а не 10 или 15 минути.
Ако имате пари за самсунг и ајфон имате пари и за теретана и за тренер. Времето денес е пари,користете го оптимално. Едно членство во теретана е 1000-1500 денари. За да добиеш облини се потребни до 1 година вежбање,после можеш дома да се оджуваш. Лесно е оджувањето,тешко е добивање на мускули