1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вежби за зацврстување на задникот

Дискусија во 'Фитнес' започната од poisonF, 19 ноември 2009.

  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Оф бре човек, некој ни за самсунг, ни за ајфон нема, не пак за членарина.А и кога не знаеш кој, како добил телефон, не можеш да кажеш дека има пари и за теретана, пример.
    А за облини, треба да ги има некоја девојка, првенствено треба да и е таква конструкцијата на телото, а не негирам дека и да не и е таква градбата, не може да добие облини.
    Elissa, секако дека треба 1 час, па и два, ако може, кој рече дека 15 минути се вежба? Секој ден ако се вежба, еве секој втор нека е, по 1 час, па и ете 2 нека се, месеци така по ред, континуирано, секако дека ќе има видливи резултати, па чак и исти како оние што се добиваат во теретана.Ама пак ќе речам, зависи многу од упорноста и желбата на човекот.
    Ама еве оние вежби за задник, што да не пак е тешко да се направат без опрема? Не е тешко.Ама ако човек и за вежбање наоѓа изговор дека не е можно, тогаш секако дека теретаната ќе биде она за кое човек треба да го направи, за да има совршено тело.
    Голем предуслов е градбата на телото, а после тоа дополнително вежбите за задникот, тогаш веќе може само да се обликува...
     
    На endlesslove, elisabeta, CrnceSK и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. CrnceSK

    CrnceSK Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    59
    значи финтата е сите да одите кај овој кременадлата wanna be фитнес тренер у некое си станче налик фитнес студио и да вежбате и ке имате резултати ,а ако си вежбате дома било каде нема резултати
     
  3. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    ЦрнчеСК не знам што имаш против моите совети и не знам што толку си опседнат со мојот изглед и начин на размислување.
    Случајно да не си љубоморен или завидуваш?
    Ако имаш нешто против реши го со самиот себеси и ако имаш подобар совет од мојот кажи го.
    И гарантирам дека зад твојот аватар што ме викаш кременадла се крие шницла од оние мрсните!
    И ако сум бишка,барем сум секси бишка за разлика од тебе давам совети што се добронамерни.
    И те молам лични навреди јас никаде не ти дадов,а ако ти се базираш на изглед сите треба да земеме од тебе совети или од Рони Колман за вежбање.
    Изгледот не е пресуден за неговото знаење!
     
  4. Gorgina

    Gorgina Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    12
    Значи, тоа што го зборува stefchef е добронамерен совет што ќе ви го каже секој кој има барем примарно познавање во оваа област, бидејќи на тој начин функционираат мускулите на човекот што е всушност и логички доколку размислиме. Значи ако ги повторуваме истите вежби со исто оптеретување, телото ќе се навикне и таквата активност нема да биде доволна за телото да постигне некоја промена, односно ќе нема ефект. Сакам да кажам дека со текот на времето потребно е постепено да се зголемува мускулното оптеретување, односно, на телото му е потребен поголем напор од оној на кој веќе се навикнало за да се постигне стимулација. Покрај тоа во теретаната има разновиден избор на справи и реквизити, бидејќи за убаво обликувано тело потребно е целото тело да се вежба подеднакво, вклучувајќи и кардио и тежински тренинг. Исто и мотивираноста е многу поголема што е секако многу важно. За финансиите не сакам да коментирам бидејќи оваа е само совет за сите што сакаат да постигнат некој ефект, бидејќи убаво тело не се прави дома туку во теретана.
     
    На StefChef му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CrnceSK

    CrnceSK Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2013
    Пораки:
    222
    Допаѓања:
    59
    за тебе сум МР.Олимпија ,а барем си признаваш бишка си :rofl:
     
  6. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Ах бе Стеф, те читам низ темиве за фитнес и се тоа фино што се трудиш да помогнеш ама немој да шириш вакви небулози.
    Прва работа е што постои разлика помеѓу тонирано и мускулесто тело, она што ние девојките најчесто го посакуваме е првото, но како и да е со упорност, желба и мотвација се постигнуваат резултати. Не зборам на памет туку еве во моментов ми текнуваат две личности кои со вежбање по дома постигнаа навистина добри резултати. Нема смисла туѓи приватни фотки да поставувам за да тотално те негирам, па ќе останеме само на муабетов а ти дали ќе веруваш е твое.
    Друга работа, ако не сакаш тонирано туку мускулесто тело повторно можеш да го добиеш со вежбање во домашни услови, еве јас на пример дома имам Орбитрек и мултифункционална справа со тежини, без ни малку пазење на храна успеав за два месеци целосно да се затегнам, а ако продолжев со истото темпо уште некое време веројатно ќе постигнев многу подобри резултати. Штета што ми се издешаваа некои други проблеми па мораше да паузирам со вежбање.
    Не ми беа проблем месечните членарини, напротив многу полесно ќе ми беше месечно да издвојувам по 1000-1.500 денари месечно отколку да ги лупнам 500 евра во кеш, но се одлучив за втората варијанта иако за некои тотално не исплатлива и сл. но сепак вежбам кога сакам, како сакам, без дистракции и туѓи запотени мишки и грбови. И најбитното имам резултати.
    И знам дека сега ќе речеш па ти имаш дома справи, да, но личностите што горе ги спомнав своите резултати ги постигнаа со редовно трчање, програми од нет за вежбање и некои минимални тегчиња.

    Реков и претходно, фино е што се трудиш да помогнеш, но имам чувство дека себеси се доживуваш како некој професионален тренер и фитнес гуру, што пак ме тера да се запрашам дали сите ние што сме потрошиле саати и саати пред компјутер истражувајќи нешто стануваме толку компетентни за да себеси се нарекуваме професионалци. Не го негирам твоето знаење, ниту твоите резултати, само што мораш да научиш дека не секогаш е во потполност точно она што ќе го прочиташ по интернетов, а факт е дека голем дел од она што го збориш т.е. пишуваш не е твое лично искуство туку работи прочитани по интернет.
    Од друга страна па и те разбирам , овде на Фемина те читаат еден куп жени, а јасно е колку ние жените знаеме да бидеме залудени и потресени окулу изгледот, па претставувајќи се како професионалец многу лесно си привлекуваш нови муштерии и нормално е нели да пишуваш работи со кои ќе привлечеш клиенти. Само што колку што знам рекламирањето е забрането на форумов, добро твоево е некој вид промоција.
     
    На XMaN и mimiiiii им се допаѓа ова.
  7. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Тонирано тело е маркетинг трик за добивање мускулна маса и намалување телесни масти.
    Сите линии на мускулите би ти се појавиле ако имаш доволно мускулна маса и правилна исхрана со која ќе ги намалиш масните наслаги до 20% телесни масти.
    Мислиш дека сите моделки на Викторија Секрет вежбаат со мали тегчиња за да го добиле тоа тело,тоа што го покажуваат и тоа што го прават е сосема друга работа.
    Да ти ги октрие некој тајните сигурно нема да го добиеш тоа тело со правење 10 минути високо-интервално вежбање.
    Сигурно ќе бидеш фит,но да бидеш нешто посебно и да имаш прогрес,нема нешто вежбање подобро од теретана вежбање.
    Дигањето тежини не е само за мажи,тоа е за секого и има многу бенефиции.Заради тие бенефиции сега повеќе се препорачува кревање тежини и по модерно е вежбањето со тежини отколку аеробик или не знам кој друг тренд.
    Прост пример за тоа дека креваат тежини вашите тонирани моделки е девојкава
    http://www.youtube.com/watch?v=PoazJVLn4MU
    А што им фали на кросфит девојките?
    http://www.youtube.com/watch?v=5zvqNHDTf8Y
    Тие не се мускуларни...
     
  8. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Ме насмеа, стварно.
    Ами само тие што вежбаат во теретана имаат тела, другите немаат :D |( А, да, секако дека е добра теретаната, особено за земање пари, да, секако.Изгледа не ти е јасно дека не сите имаат пари за теретани.Некој, нема пари за теретана, па вежба дома, а има тело баш како овие моделкиве, па и задник, ќе помислиш дека таква форма на телото е само со вежбање во теретана.Не зборам за мене.
    Има подобро вежбање од теретана, ама само за упорните, иначе нада од бизнисот, само теретана е чарето.
     
  9. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Стеф, ама ти очигледно не читаш што јас пишав претходно.
    Се согласувам дека тонираното тело е комбинација од вежбање и контрола на исхрана.
    И не, не верувам во вежбите на Викторија Сикрет, од причина што верувам дека за такво тело треба напорна работа и ептен строг режим на исхрана, пред скоро време читав негде дека моделите не смеат да пијат ниту вода неколку часа пред ревија, а остаток од исхраната особено пред ревија е крајно рестриктивен и ограничен. Така да, она што го пласираат по медиумиве е само уште еден начин за правење пари и промоција.
    Види, јас не реков дека дигањето тежини е само за мажи, баш напротив и јас вежбам со тежини и сметам дека баш оваквиот начин на вежбање помага за добро формирано тело. Но, за жал ситуцијата во државава е таква ко што е, па не секој има средства да одвои за вежбање или да вложува во справи, но не треба да се негираат резултатите кои можат да се постигнат со домашно вежбање, истрајност и мотивација.

    А што се тиче кросфит девојките, никој не рече дека им фали нешто, се е ствар на вкус, за мене поубаво изгледаа убаво тонирано и затегнато женско тело отколку мускулесто и масивно. Жена би требало да биде нежна и сензуална, барем јас така мислам.
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  10. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Со неколку месеци редовен тренинг и без теретана може да се постигнат добри резултати. Првите неколку месеци нема ни потреба од тегови кога сопствената тежина на повеќето им е сеуште проблем.

    Во теретана се знае зашто се оди, ради справите, ради ќеиф, ради друштво, ради мотивација а не дека дома не можело да се направи тело :)
     
    На Name и najubava2010 им се допаѓа ова.
  11. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Секој со својот вкус и со своите размислувања.
    За мене цврсто и мускулест задник би земал повеќе од една манекенка со целулит.
    П.С кросфит девојките немаат целулит!
     
  12. Gorgina

    Gorgina Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 септември 2012
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    12
    Значи викаш дека првите неколку месеци нема ни потреба од тегови кога сопствената тежина на повеќето им е сеуште проблем, а што потоа? Потоа има сакаш да кажеш? Зборувам од лично искуство, во почетокот почнав да вежбам во домашни услови така што после еден месец вежбите ми станаа премногу лесни за вежбање т.е телото се навикнало на тој напор и едноставно му требло нов предизвик, вежбање со посилен интензитет за мускулите повторно да се активираат. Сфатив дека си го губам времето и почнав да одам на фитнес, така што првите ефекти и тоа минимални ги имав после три месеци со четри пати неделно вежбање. После една година веќе имав видливи резултати за кои нема теоретси шанси да се постигнат дома. Градењето убаво тело е многу повеќе од вежбање во домашни услови.
     
    На StefChef му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Dee

    Dee Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2013
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    334
    Освен што темава ја однесовте во погрешна насока, зборите глупости. Вежбам скоро година дена активно, и да резултатите ми се исти какви што би ми биле и да вежбам во теретана. Освен тоа што вежбам дома и на справи и со тегови, можам комотно да кажам дека неверојатни резултати добив од Insanity програмата работејки со сопствена тежина. Така да, доколку се има желба и упорност резултатите се тие.
     
  14. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    И сам имам вежбална (не теретана) и вежбаме и со тегови и без тегови. После неколку месеци секој може да набави два тега од 5 кила (ако сака) и да продолжи да напредува без разлика дали дома или во теретана/вежбална.

    За женско тегови се корисни но ако не се достапни постојат и други начини за правење убаво и стегнато тело. Твоите искуства се индивидувални, некој ќе ги постигне и дома а ти си ги постигнала во теретана, во секој случај убаво за тебе :).
     
  15. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Сакаш да кажеш дека оние што не фаворизираат и не целат кон кросфит имаат целулит?
    Значи, целулитот го прави лошата исхрана пред се, нормално во комбинација со не активност е фрапатна комбинација и истиот се уништува со спротивното-активност и здрава и балансирана исхрана.
    Но секако кај целулитот и гените имаат удел. Јас на пример, работам од дома и многу малку се движам, 90% од времето го поминувам седејќи и имав и сеуште имам целулит но многу помалку од на пример другарка ми која години наназад тренира одбојка и фитнес.
    И потполно се согласувам со Хман, значи само волја и мотивација треба. Другарка ми си полнеше пластични шишиња со песок, почна со пола литарски, па литар и сега вежба со литар ипол. Импровизира и ги користи за правење различни вежби, внимава на исхрана, редовно трча и има навистина прекрасно тело.
    Така да, во никој случај не можам да се сложам со тебе.
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.561
    Ај тука разбијте им го митот дека од мали задници може да се направи ваков задник:
    [​IMG]
    [​IMG]

    ...и да си одиме по дома.
    Нема сила што ќе ме убеди дека ваков задник се прави со вежбање.
    Сори грлс, или го имате или го немате. Гени. Со вежбање само се подкрева и онака богато задниче, а малото, дополнително се зажгољавува.
    А ти Стеф, ако ми речеш дека ваков задник ти е помалку убав од некој жгољав, освен што ќе речам ствар на вкус, не знам што друго да мислам.

    А оваа слика на пример е дури и тажна. ;(

    [​IMG]
     
  17. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Да фактор е генетика но не е пресудна!
    Глутеус максимус е мускул како и сите други мускули и за да расте треба отпор,тоа со сопствена тежина не се прави.
    Реков дека за стимулирање на раст треба да правите со максимум 5 повторувања и со тежина,особено вежби како чучњеви,мртво кревање,исчекор напред и glute bridge.
    Исто исхраната треба да биде во калориски суфицит и да има доволно од се за раст.
    Е сега кога правите повеќе повторувања вие идете во аеробична зона,не идете во анеробична зона која е клучна за мускулен раст.
    Програми како Инсанити се добри за топење масти,не за добивање мускулатура.
    Мојата поента е ако сакате да добиете поголем задник е вежбање интензивно и јадење обилно.
    Проста формула а со вежбање дома си го губите времето.
    Реков дека заради тоа што имаат повеќе мускулна маса од нормалните девојки и низок % телесни масти немаат целулит.
    Тоа ми беше поентата не фаворизирам ништо.
    Сакаш да кажеш дека сите овие девојки дома вежбаат и имаат вакви тела.
    Немој да ги лажеш жити се...
    http://www.youtube.com/watch?v=6d6aB77tZ2M
     
  18. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    О и те како е пресудна генетиката.
    Изгледа ко на арапски да збориме, па не се разбираме.Освен ако си сопственик на теретана, штом толку категорично тврдиш дека човек треба да посетува теретана, за да има совршено тело, односно задники.
    Не знаев дека е тешко да се направат вежби за задник, без опрема.
    О, категорично тврдиш дека е невозможно, а сите спротивното ти го велат...
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  19. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    488
    Не ги вади зборовите од контекст,не реков дека не може да се вежба,дали е оптимално и ефикасно тоа е друга работа!
     
  20. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Ти навистина имаш проблем со перцепција на речениците, сам измислуваш тези на кои сам си одговараш.

    Стварно на арапски да ти пишуваме повеќе ќе не разбереш.
     
    На endlesslove, simoncelicius, mimiiiii и 1 друга личност им се допаѓа ова.