Ами не ги вадам, едноставно е не логично толку категорично да тврдиш, а рече дека такво тело, како и тоа дека девојкиве џабе поставуваат видеа за зацврстување задник, мора да вежбаат во теретана, за да имаат совршен задник или не се сеќаваш што напиша? А друга причина за тоа што го велиш нема, освен тоа што кажав.Верувам дека има девојки што вежбаат дома, знам такви, а и со малку вежбање имаат убаво тело, затоа што едноставно таква им е градбата на телото.И немој, обилна храна, па се знае што може да се деси со обилна храна, за зголемување на задник, тогаш не ќе се зголеми, па и згора на тоа вежбање.Се знае, правилна исхрана, начин на исхрана и едноставни вежби за задник, кои може и баба ми да ги направи.А ако се прејадува човек, џабе вежбањето, не да вежба, ако сака и на глава нека оди, нема воопшто ефект да имаат вежбите. И покрај генетика, многу е важно човек да е упорен, иначе ништо, ова веќе по милионити пат го кажувам...
Види Стеф никој од нас овде не сака да почне професионално да се бави со боди билдинг или фитнес, мислам некој да има такви претензии сигурно нема овде совети да бара, а она што ти упорно го постираш е едно повисоко ниво. Пред некој пост ти кажав кон што целат најголемиот број девојки, значи тргни ги на страна професионалните боди билдерки или фитнес модели. Значи збориме за убаво затегнато и тонирано тело со по некое мускулче што ѕирка. Никој не вели дека теретаните се лоши, баш напротив, туку дека и од дома може да се постигне таков резултат. Лилит златна убаво се сама си кажа, добар задник или имаш или немаш, со вежбање добриот ќе стане феноменален а лошиот ќе се поправи. Значи ќе се трансформира, но од даска газ да очекуваш да напраиш задник ко на првите две слики се навистина високи и не реални очекувања.
Амин Најубава, амин! Сериозно Стеф, немаме намера да станеме профи, освен да ослабеме и да се затегнеме тро, нормално да изгледаме да не речам згодно. Јави ми се кога од коски ќе направи некоја ваков гз само и само со вежбање. За вакви гзови потребни се масти, а со вежбање се создава само мускул и се топат масти. Епа да ми опростиш, ама за вакви заоблени задници или силикон или пуста генетика со масти и зашмирглан целулит! На ваков доволни му се само и чучњеви и ќе се стори магија.
Мене не ми е јасно Стеф зошто упорно ни постираш видеа од апла мускулни женски тела , повеќето од нас не целат кон тоа .. Малку си се збунил мажите се тие кои сонуваат за тело со изразена мускулатура а жените за добра фигура и поткренат задник .. Инаку одам во теретана ради друштво , се мотивираме една со друга со другарките , а лани вежбав дома и имав супер резултати .. Не знам која ти е целта што им се запнал на девојките што си вежбаат дома , се додека се физички активни и внимаваат на исхраната не е возможно да немаат резултати
Имам вежбано и дома и во теретана. Мускулите баш и не знаат кај сум се додека ги оптеретувам . Се додека си го предизвикуваш телото и менуваш вежби и тежина резултати ќе има. Можеш да одиш во теретана и да си поседиш еден саат и пак ништо Што се одесува со мислењето на Стеф не ти ја сваќам поентата да ги демотивираш девојчињата кои си вежбаат дома. Се океј што работиш во теретана, ама мораш да олабавиш малку. Едно е да сакаш да помогнеш ама со вакви небулози, "дома не се прави тело" не помагаш на никој. Вежбајте си дома и гајле си немајте. Резултати има, проверено.
Ако имаш мал задник и си слаб, колку сакаш вежбај, нема да ти се направи три пати поголем. На овие слики кои се постираат, којзнае дека се природни тие задници, а нема внатре силикони или друго, зошто сепак рекламираат, промовираат опрема, напитоци, итн. (се врти огромна пара) Многу е погрешно кога на слика гледаме едно и после боледуваме зошто не сме такви. Тежнееме кон нешто невозможно !!! А, ФОТОШОП, како го заборавив. Па колку од нив се фотошопирани, а ние овде во несвест паѓаме од мака.
Најголем дел од девојките што имаат „облини“ односно убав задник имаат генетски широка карлица што би дошло како пандан на широките раменици кај мажите. Машко со тесни раменици (клучна коска) колку и да стави мускул никогаш нема да има така убава V форма како некој со широка коска кај рамениците. Слично и кај жените, потесна (мала) карлица никогаш не може да формира задник како на погорните фотографии, тука генетиката си одиграла улога и со тренинг може само делумно да се корегира и оформи задникот но само во границите на анатомските можности. Тоа не значи да не се вежба туку да не се очекуваат нереални резултати .
А, од каде дојде потребата и желбата за голем задник ? До скоро, девојките кои беа слаби, ама со големи задници (иако се ретки таквите) се срамеа од своето тело. Беа на мета на исмејување. А, сега гледајќи ги Кардашиан и цел куп ѕвезди, наеднаш сите сакаат големи задници. Каде ќе најдете фармерки и гардероба за да го собере тој задник ? Знаеме какви се кроевите овде... Се си е нормално...се додека од Америка не ни лансираат нешто ново, недостижно...па ај да патиме поради тоа... Ако вежбате, имате колку-толку цврсто тело, витално, здраво, хармонично и на вам ви е убаво чувството во сопственото тело, не е битно дали задникот е помал или поголем.
Не ги демотивирам луѓето и девојките да не вежбаат,им кажувам дека вежбите што се направени за дома без соодветна опрема,нема да се постигнат со вежбање како во теретана. Многу од девојките што постирав немале ни генетика ни ништо,туку дисциплина и посветеност кон својата работа. Дома не можеш да имаш дисциплина,ќе дојде мајка ти,ќе ти каже што правиш со вежбањето нема ништо да постигнеш и ти ќе се демотивираш. Кога ќе платиш во теретана ако имаш план за вежбање и исхрана можеш за 6 месеци да го постигнеш тоа што дома ќе го правиш за 2 години. И не само што со правење 100 чучњеви нема ништо да постигнете ќе добие во обликување на еден мускул,кога се знае дека вежбањето со од 6-12 максимални повторувања и аеробичен тренинг е најдобар за топење на масните наслаги на целото тело. И кога ќе го прифатите тој совет ќе добиете перфектен задник,се што треба е посветеност и дисциплина. Денеска толку е напредната науката за вежбање,што сите информации може да ги добиете на дланка,ако знаете што да барате. П.С секоја промена што ја правите и без разлика на каков алат користите ја подржувам,само не велете дека ако правам со лесни тежини ќе добијам тело од соништата...
Добро, мајката не може да го демотивира своето дете, бидејки не може наместо него да вежба.Дома, може да се има дисциплина, не значи дека може да се има само во теретана.Ако човек нема желба, џабе, секако дека доколку дома вежба, ќе биде демотивиран.Значи истото важи и за теретана, ако човек нема цврст карактер. А тие девојките, за кои кажа дека немале задник, па го добиле со вежбање, како и науката напреднала, па да, до толку што случајно прочитав од стручно лице, а патем зборам за оние кои ги спомна Silver.E, Кардашиан, нивните облини биле производ на некаква врвна технологија, што значи не природни. Сметаш дека сите тие девојки за кои тврдиш како тие имаат задник, уствари нели само со вежбање, го имаат само поради вежбање? Денес прават операции што не, ти мислиш се им е природно. Викаш се што треба е посветеност и дисциплина, а сметаш дека само за теретана важи.Тогаш, веројатно мислиш за справите, кога ќе ги види човек, да добие инспирација.Што ако не го прифатат твојот совет и си тераат по свое? Што сигурно е така, затоа што знаат што е најдобро за нив.Може да речеш само „ препорачувам“ но не и „ вие ништо не правите ако дома вежбате“ пример.Тогаш, воопшто не ги мотивираш, а секако дека нема да го прифатат твојот совет. Инаку, Silver, сметам дека човек треба да си е задоволен од сопственото тело, што значи па и да се нема голем задник, да се обликува, зацврсти.Секако да се внимава на тежина, храна и нели вежбање.
Here you go. Working with a personal trainer will make you fitter, stronger and increase your lean body mass more effectively than working out in an exercise facility or club on your own. But now it’s been proven. In an about to be released journal article outlining research into the effects of exercising with a personal trainer vs working out in a club without one has confirmed what we already suspected, that working with a personal trainer is more beneficial than working out alone The researchers set out to ‘confirm whether fitness club members who exercise with a PT in the fitness club setting obtain superior results compared with self-directed training’. The randomized study of men, aged 30-44 years, who were members of a single Southern California fitness club was carried out recently. The researchers concluded that “We have demonstrated for the first time in a fitness club setting that members whose training is directed by well-qualified personal trainers administering evidence-based training regimens achieve significantly greater improvements in LBM and other dimensions of fitness than members who direct their own training.” So before you think about passing on the personal trainer in favour of an exercise programme downloaded from you-tube or going it alone, have a think about what benefits you are hoping to achieve from exercising. If you want to get the best results you can then the evidence is clear - Work with a personal trainer http://www.reps.org.nz/wp-content/uploa ... ective.pdf П.С не сакав сам да се промовирам,но искрено знаењето и вежбањето со еден тренер или некој што знае како има поголем ефект од вежбањето сам...
Ај, те молам, не со статии од интернет преземени.Тоа е најлесно.И нема потреба и никој не ти побара да се докажуваш.Мислам дека е сосем јасно што зборуваме сите. Смешно ми е што тврдиш, нешто што си прочитал некоја статија, па сега тука велиш „ еве види во право бев “.Тие што вежбаат дома, имаат дисциплина, секако имаат резултати, знаат колку е точно тоа што го тврдиш.
Гоцо не знам зошто се замараш, ти вежбај си дома и гајле ти е. Разултатите нема да бидат исти за тие што прават и тие што не прават вежби. И следечи пут те зимам со мене у теретана
Ок си го кажав своето мислење вие продолжете понатаму. Не е статија,истражување е. Има разлика. Од мое лично искуство и 10 години вежбање и 9 месеци дома вежбање,времето што го потрошив дома ќе го инвестирав во теретана или личен тренер.
Мор си вежбам, а не се замарам, интересно ми е кога има различни мислења Мојт, ако платиш или на рецка, може Поената ми беше не сите имаат пари, има луѓе кои не можат да си дозволат се, знам такви, не е само за теретана.Кажав и ова, веќе, само се репризирам.Ама очигледно не му е јасно на Стеф. Па добро Стеф, некаде е објавено истражувањето, има де разлика.Благодарам што ми кажа.Само, истражувањето го прифати како правилно, а за вежбите негираше, каде што е прикажано како да се зацврсти задник.А двете се објавени.Што значи не можеш да негираш. Ок, тоа е твој избро, како ќе си го потрошил времето за вежбање, а за толку време, сигурно ќе имаше резултат, ако континуирано си вежбал, не од време на време.
Јас од вчера почнав со вежби и можам да правам само по 5 пати од секоја вежба. Вие по колку правевте првите неколку дена и по колку е правилно?
Требало тој Експерт да се вика, ама бил зафатен никот. Спојлер Зош имаме една Експерт и таа вака гњави како него. Да не сум офф, вежбам со години, но по мое искуство задникот и воопшто цело тело ми било најцврсто само во два периоди: -едниот кога трчав -вториот кога интензивно вежбав јога (од најобични и лесни вежби, си мислиш приспивни вежби, дури и стомачни ми се направија)