Тие се викаат адуктори на латински,на македонски ќе речеме странични бутини. Вежби за тој дел ти се. https://www.youtube.com/watch?v=PjBSIbB8m9U Чучњеви https://www.youtube.com/watch?v=UXJrBgI2RxA Box jumps https://www.youtube.com/watch?v=lE_z2wvC4oI Исчекор напред https://www.youtube.com/watch?v=C0khtnI28-w Сумо чучњеви https://www.youtube.com/watch?v=NdNQ51TJPZw
Јас веќе некое време си вежбам дома, притоа најмногу посветувам внимание на оформување на нозете и стомачни...е сега кај стомачните немам многу резултат зошто си имав и меше малку па треба време, ама нозете никогаш не ми биле толку голем поблем, така да почнаа да се оформуваат. Јас ги практикувам овие вежби https://www.youtube.com/watch?v=EE4ItYpx-j0 Малку се напорни, ама после некое време добиваш сила за нив, исто тука таа ги прави по 25 од секоја, јас по совет на другарка ми ги правам по 20 во 3 серии, со паузи измеѓу.Е сега може да се случи да ви се укочат нозете, затоа можете да ги правите само по една серија од 20, ако немате вежбано досега, така е најдобро. Исто правам една што незнам дали си ја измилив или ја видов некаде или сум направила модификација, ама лично мене таа ми е најефикасна.Земам топка меѓу стапалата(не за пилатес туку помала) легнувам на земја со рацете под задникот и ги кревам и спуштам нозете со топката меѓу нив, така 20 пати(1 се смета спуштање и дигање)и после вртам круг на лево 20 и десно 20.Оваа вежба ми е многу напорна ама во исто време и стомачните ми се вежбаат, посебно горните, кај нив веќе и се забележува благо оформување. Јас си наоѓам на нет и си комбинирам сама.Така ми е најдобро, зошто си се прилагодувам на моменталната сила и способност.
Вака сега, да ја објаснам мојава ситуација. Ги читав страните поназад, но не најдов тоа што ме интересира. Мојот проблем е тоа што сакам да го ослабам и намалам обемот на внатрешниот дел од нозете т.е. адукторите (не ми би пречело и цели ако не може само таму) а не знам како да го постигнам тоа. Секако не се работи за кој знае колку не е некој голем проблем, само сакам да биде уште подобро. Со класични вежби(чучњеви, дедлифтс и тн.) знам дека не може тоа, затоа што ќе ми се направат мускули уште повеќе, а јас до тој ефект не сакам да дојде никако. Доволно ми е и вака. Ако почнам со диета фокусот нема да биде само на нозете, а може и да се случи да ми ослабе и задникот на кој работев долго време (од искуство) Да почнам ли со кардио, ама не знам како ефектот да биде само на нозете а не и на останатите делови... Што е препорачливо да правам ?
Не можеш да специфицираш вежба која ќе ти ги таргетира тие делови што ги сакаш. Телото не работи така. Ако сакаш да го ослабнеш тој дел почни да додаваш малку мускули во тој предел и после полека слабеј. Ако не сакаш мускули и да ги обликуваш тогаш почни режим со броење калории и биди трпелива. Додај интензитет и почни високо интервално вежбање.
Би сакала да прашам ако некој знае како да ги ослабам бутовите. Во споредба со остатокот од телото ептен ми штрчат. Некаде прочитав и дека треба да се внимава и на исхраната, што треба да внесувам, а што да избегнувам. Ви благодарам однапред.
За исхраната слободно прочитај овде. http://www.atletiks.mk/vesti/fitnes/lic ... lo-za-zeni Исто има и калкулатор за да ги искалкулираш дневните потреби. Основни вежби ти се чучњеви,мртво кревање,исчекор напред и ако вежбаш во теретана задна ложа и предна. Исхраната ти диктира ти дали ќе ослабнеш или дали ќе се здебелиш особено калорискиот внес. Има убаво објаснето како и што многу на страната,посвети 1 час и ќе го добиеш одговорот.
Јас имам голем проблем со нозете. Пред два месеци почнав да одам во теретана, секој ден по 1 и пол час до 2 часа, ми рекоа дека имам тешка мускулатура и дека доколку сакам да ги намалам нозете прво треба да ги намалм мускулите, да ослабам па потоа да ги зацврстам. Возам точак, степер, справа за мускулите на нозете со најмала тежина и брзо одење на трака. Исто така пијам и топачи на масти. Храната која ја внесувам е во согласност со крвната група. Сепак имам многу мали, минимални, незабележителни резултати. Што да правам ? Дали треба да трчам, да одам на зумба или нешто друго ? Или да продолжам со досегашниов тренинг ? Ве молам за помош.
Мускул си е мускул не може да имаш тешка мускулатура. Може да имаш повеќе мускули во долниот дел што е нормално за жена и да имаш повеќе коскена маса. Искрено не знам што те лажеле луѓето само да им купиш одредени продукти како топачи на масти но еве ти ја вистината. Имаш повеќе масти и одреден % мускули. За да стопиш 1 кг сало ти се потребни 7000 калории дефицит неделно. Бидејќи имаш погрешна претстава за топење масти треба да знаеш дека кај жените последното нешто што ќе излезе се нозете,кај мажите стомакот и грбот. Тоа е заради еволутивна причина кога сме немале храна да имаме повеќе резерви за енергија. Мастите не се топат каде што ти сакаш и без разлика која вежба да правиш тоа иде постепено. Процесот за топење масти се вика липолиза. Не знам какво ти е искуството со вежбање но ти препорачувам да не правиш кардио за топење масти и да се фокусираш повеќе на исхраната. Значи калориски дефицит од 20-25 % и да следиш калории. И те ставиле во заблуда дека имаш повеќе мускули или тешка мускулатура па да купиш нивен продукт. Освен тоа диетата според крвна група е голема глупост и не се основа на научни докажани факти и дека е подобра од балансирана исхрана не е. Така да резимираме. 1.Купи 800 денари вага дигитална. 2.Мери ја храната 3.Направи калорориски дефицит и калкулирај си ги дневните потреби 4.Вежбај интензивно 5.Биди трпелива.
http://www.youtube.com/watch?v=VusCUj61wDA Овие вежби ќе почнам да ги правам, пааааааа ќе видиме дали ќе има резултати
Со аеробични вежби не затегаш и не добиваш мускули. Со чучњеви и мртво кревање ти е подобра инвестиција. За да добиеш тоа што го сакаш треба да е со висок интензитет. И главното е дека со велосипед се користи само квадрицепсот(предниот дел на ногата),а бицепс феморис(задниот дел) не се користи како примарните мускули квадрицепс и стомачни.
http://www.youtube.com/watch?v=gwLzBJYoWlI http://www.bodybuilding.com/exercises/d ... alf-raises http://www.bodybuilding.com/exercises/d ... calf-raise
Девојки како да ми ги снема листовите на нозете, од вежбање на орбиттрек ми се направија листови и сега имам проблем сакам да имам слаби нозе а не со листови :/ Некој вежби за ова??
Дигање тежини и аеробични вежби. Нема вежби специфицирано за тој дел и нема топење на масти по мерка. Телото се топи дел по дел,не ќе вежбам сега нозе и ќе ми се стопи таму,треба да има калориски дефицит и самото полека ќе се топи.