Еве јас и тука ќе си ги издвојам The Beach Bums. Имаат ептен добри вежбички http://www.youtube.com/watch?v=hnC6Iv6PYJI&feature=fvsr
Јас да ви кажам една многлу лесна и ефикасна вежба. Легнетена грб и кренете ја едната нога и почнете со неа да мрдате како да пишувате букви.. доволно е со едната тоа да направите 4-5 минути, потоа со другата и така да ја повторувате серијата најпрво два пати, па три, па четири... Колку подолго ја правите вежбата (повеќе пати) така зголемувајте ги и сериите. Навистина делива, се затекнуваат нозете и се зацврстува делот под задникот. Од искуство ви кажувам
Цветче, а дали ова како да пишувате букви мислиш на кружни движења да се прави со ногата ? Така ми е логички, не знам како да се мрдам како да пишувам букви
Епа почнуваш прво А - авијатичар, Б - бокс, В - воденица (шоидабеше), У - убава итн. и правиш форми на буквите...не е дека ни се кинески знаци буквите Изводливо е, шознам
на прв поглед се за задник но одлично делуваат и на нозе, најдоброто нешто до сега се вежбиве, кај мене навистина делуваат http://www.youtube.com/watch?v=J7AW6WuT ... ure=relmfu
Супер се вежбиве што све ги постирале.. самоо се плашам не сакам да ми се зацврстат мускулите, без претходно воопшто да ми ослабнат.Бидејќи само нозете ми се дебели и ги чувствувам како карикатура во однос на другите делови на телото.
http://www.youtube.com/watch?v=WawIlxwZ ... ow&index=4 Јас секој ден ги правам овие вежби од Синди Крафорд, не одземаат многу време (10тина минути), а се ефикасни, после неколку дена забележав дека ми се затегнуваат нозете, посебно последната вежба мислам дека е многу ефикасна, додека ја правиш забележуваш како се затегаат мускулите.
Реинловер има ефекти а ? Ти изгледаат приближно како на Крафорд? Е овие се вежби за нозе дека ги активираш најмногу нозете и првобитно на нив си најмногу сконцентриран, па после на правилното држење на телото. Што е најбитно се лесни, ги имам пробано, ама не ги вежбам редовно како тебе, дефинитвно овие од сега влегуваат во моите омилени вежби, собирач на вежби и видеа сум ти ја. И можеш да ги правиш скоро секаде и во секое време . :up: за сески нозе Спојлер
Lux да почнеш да си ги правиш секој ден. Не одземаат воопшто време (некои си 10тина минути), како што кажа не се воопшто тешки и што е најбитно има резултати и тоа брзи и видливи. И не ме зезај далеку се моите нозе од нозете на Крафорд
Ќе си почнам, ќе си почнам, вежбам ја и други, и на една магична справа Спојлер и орбитрекот, дефинитивно овие ги ставам на прво место зошто на таа магичната тешко се издржува, ама чудо едно како се поти цело тело Штета што не е моја справава па треба да ја вратам, ама морам да си набавам една за мене. Вежбозависник ја су, и не се зеза бе сигурно имат ефекти штом секој ден ги вежбаш .
Mene me interesira ness sosem drugo.. ne samo za nozete opsto za sekoj del od teloto.. dali so vezhbi mozhat da se zgolemat muskulite??? Kazete mi nekoi vezhbi so koi shto ke mozham da gi zgolemam nozete zs mi se mn slabi vo sporedba so polovinata i ramenjata znachi pijam proteini i mi kazaja da vezbam najpojke za nozete ako sakam najpojke tamu da talozham od mastite i da gi klavam vo muskul.. sakam da slusnam i vashe mislenjee.. fala odnapred
Kako da gi zgolemam nozete?? Па вакаа.. Мое мислење е дека со возење на велосидеп може да се постигне задегнување на мускулите на сите делови на телото но најповеќе на нозете.Но кога велам возење велосипед не мислам на возење 10 минути или сл. Туку повеќе часовно возење секој ден.А истиот резултат се постига и ако вежбаш на Орбитрек ( доколку го имаш) но со Орбитрекот исто така се слабее,ако ти е оклучено на побрзо , а ако ти е оклучено на побавно тогаш се затегнуваат сите мускули особено на нозете. Се надевам дека ти помогнав барем малку.Поздрав
Kako da gi zgolemam nozete?? Претпоставувам дека си доста млада. Секако, вежбањето е единствениот начин за зголемување на масата, мускулната се разбира. Протеините се многу добар начин за ставање на мускулна маса, но ако само пиеш протеини, без да вежбаш, ништо чудно да ставиш меше наместо се друго Значи вежби за нозе, за раце, за стомак, и тоа со тежини, со пополека зголемување на истите. Доколку можеш да си дозволиш, убаво е да имаш тренер покрај тебе кој би можел да те следи додека ги правиш вежбите. Ако ги правиш погрешно, нема да имаш резултати. Внимавај со кардио вежбите, како на пр.трчањето, па дури и орбитрекот. Со нив се губат доста калории. Малку кардио за загревање е секако добро. Обавезно пиење протеини и јадење на бело месо, риба, млечни производи, очигледно немаш проблем со дебелината. После вежбање јади протеински оброк. За време на вежбањето, пиј протеински шејк... Се надевам помогнав.
Нормално дека има вежби за секој дел од телото а има и посебни за нозе. Види ги и другите теми има и за развој на сите делови на телото. Прва и основна вежба за нозе ти се чучњеви (не го знам македонскиот збор) со тег или две тегчиња но ако си слабичка почни со мали тежини за да не се набиеш затоа што сеуште растеш. После вежбата обавезно да се истегнеш за да не ти остане последна вежна со набивање. И за тоа имам напишано вежби на форумов. Ако имаш избалансирана исхрана богата со протеини додатни како суплемент не ти се потреби и само ќе ти отидат во масно ткиво. Најобични вежби за сила со добра храна ќе ти дадат резултат што посакуваш.
Кога сме веќе кај нозете, мене ми смета тоа што горе кај бутовите ми се споени, ми се допираат една од друга и тоа ми смета во одење. Си ги кинам сите фармерки. Дали е можно со вежбање да се намалат,или пак таква ми конструкцијата?
A вака да те прашам тежината нормална ти е ? Ако ти е нормална значи таква ти е конструкцијата, или пак не ти се доволни цврсти ложите како се вика точно не знам тој дел што го опиша, значи можно е со вежбање да ги зацврстиш, само избери правилни вежби, јас би ти препорачала трчање или возење велосипед и пливање е добро или некои други лесни вежбички за низ дома, па можеш дури и на јаже да скокаш, се на се, вежби кои ќе ти ги оптеретат мускулите на цело тело, а сепак ќе бидат најмногу сконцентрирани на нозете. П.С (ќе ти шепнам нешто, има 49кг и најголем проблем имам тука, имам убава форма на нозете ама тој дел што го опиша најтешко ми е да го зацврста, кај да е ќе го средам и него битно не ми се залепени и има тенка линија помеѓу двете нозе, ама тој најтешко се зацврстува и најмногу се познава во седење знаеш за што зборува и му треба многу време секако и помалку седење, било на стол, кревет или пред компјутер )
Ако е тоа од салце можно е кога ќе ослабиш да не ти се допираат но ако е мускул тешко зашто ќе треба мускулот да го ослабиш и после пак да не го направиш толку голем. Ама се ми се чини кај тебе е салце така да ќе биде ок само припази на храна зашто само од вежбање може и да не успееш ако не се ставиш и на правилна исхрана. Имаш само 12 год така да внимателно, ама џогинг и некоја аеробна активност само ќе ти користат.
Абе дечки а со брзо и долго одење може да има некакви резултати ? не дека сум нешо БИГ ама па сакам да си ја одржам формата а и мешето да го средам малку
Може ама зависи колку калории ќе потрошиш на одењето, ако трошиш премалку џабе ќе ти биде. Јас би комбинирал џогинг и брзо одење чим не си фан на тотален џогинг. И без да припазиш на храна тешко да го симнеш мешето а и нешто стомачни секако нема да ти штетат .