Не дека не сум фан ама немам кондиција плус имам проблеми со притисок, а ке пробам со таа комбинација и плус со справата за стомачни Ами а за храна не јадам количински многу и многу течности внесувам ама џабе Иди си меше иди си не те сакам
Е сега да прашам како се смалува мускул со кои вежби? Хмен ти можеби знаеш зошто ти спомна намалување на мускул, е сега не ми е јасно како да го намалам, значи листовиве и нозеве од колено надолу ми се правилни и таман, ама од колено нагоре кај спојувањето имаат голем мускул(барем ко ќе ги стегна ми се прави) не е којзнае колку голем, ама сакам да го намалам, зошто странично и при седење најмногу ми се познава, начин за негово намалување ако не ти е тешко пиши, гледам дека се разбираш и во оваа категорија си доста активен.
Освен ако немаш некој огромен бутен мускул како на дигачка на тегови па ептен да ти ја руши пропорцијата на ногата (што не верувам) јас не би го чепкал мускулот. Мускул тешко се става а лесно се губи. Дали си сигурна дека можеби не треба листот малку да го зголемиш зашто правилно развиен лист треба да е нешто поширок а не потесен од коленото. Како е кај тебе? Мускули се вадат со диета, прво ќе стопиш салце а после тоа ако ја продужиш и плус вежбаш аеробен тренинг ќе почнат и мускулите да ти се губат ама ти викам ИЧ не ти препорачувам такво нешто. Обично никој ама никој не сака да изгуби мускулна маса! Да те терам да ми пратиш слика од ногата па да ти кажам мислење ми е глупо некако, ама размисли добро дали е навистина потребно или само имаш комплекс со ногата. Ова најдобронамерно ти го кажувам .
Листот таман си е како што го опиша. Еве вака ќе се обидам сега Значи од над коленицата тоа quadriceps што е обележано со средната линија внатрешен четириаголен мускул по наше(точен назив не му знам), е тоа значи не ми е многу големо туку не ми е затегнато, е прашањево ми беше дали треба со вежби да се заврсти(ама да не се зголеми) и плус комбинирано со некоја диета посебна програма за исхрана и кои вежби ако има некои посебни да ги правам специјално за тој дел, а не да правам секакви и само листови да зацврстувам. Не ми смета во стоење зошто не се познава многу, ама во седечка положба се познава дека не е цврсто посебно тој дел и ми боде очи..
Lux, сега многу подобро се разбравме . Тебе не ти треба никакво намалување на бутниот мускул туку благо зацврстување и ако можеш малку зголеми го и зацврсти го листот. Горниот дел ти е супер и не го чепкај а вежби за нозете има премногу на сајтов напишани. Види ги тие од Синди Крафорд (добри се) а кај тебе и обични чучњеви ќе завршат работа да ти го стегнат и зајакнат квадрицепсот. Вежби за листови верувам знаеш кои се, ама ногата ти е баш ок и немој повеќе да се замараш со неа, вежбај и се ќе си дојде на место .
И јас би сакала да го прашам XMaN, баш за тој дел Lux што го објасни, јас тие мускули сакам да ги намалам. Зацврстени ми се колку толку, ама не го сакав тој ефект. Знам дека бутовите се најтешки за слабеење, а баш ко за беља јас сум таму широка. Конструкцијата друга работа е, од дебелина ми се мене такви. Е сега прашањето ми беше - што е поефикасно за да се ослабе барем малку во тој дел, дали трчање или скокање на јаже? Јас веќе извесно време скокам отприлика пола саат, можеби не доволно, но некако не гледам многу ефекти. Или пак има нешто трето што е поефикасно од овие?
Bloom, успеа да ме збуниш . Погледни го болдот и кажи ми што сакаш да направиш, да го смалиш мускулот (месото) или салцето кое го имаш таму. Мускул јас не препорачувам да смалуваш освен ако ептен не ти руши симетрија а јаки нозе се благодет и тешко се добиваат а даваат цврстина во одот и општо на цело тело а ако е салце во прашање ќе ослабиш релативно лесно со правилен режим . Јас би комбинирал џогинг со скокање на јаже со правилна исхрана и еден општ систем на вежби за сила и растегнување (нозете вклучени во него) и гарант ќе имаш супер резултати . Пола саат скокање на јаже е многу солидно и просто не ми се верува дека не си ослабела веќе. Објасни ми го болдот па ќе најдеме најефикасен систем за тебе .
Богами од кога прочитав, видов дека никако не сум објаснила. Инаку, имам јас бутки, таква ми е градбата, ослабев - но само во стомакот се познава. Секаде слабеам освен во бутовите. Е сега, зошто скокам на јаже, вртам хулахоп, по скали трчам, ги осеќам мускулите дека се зацврстени, но не се смалени во обем. Не сакам да ми се набилдаат, туку сакам да ги намалам. Затоа сакав да прашам која вежба би имала повеќе ефект, да не случајно со трчање ги зголемам повеќе. Се надевам ќе ме разбереш овој пат, 100 пати го препрочитав да се уверам дека е разбирливо. П.С. XMaN за личен тренер, можеш слободно да наплаќаш.
Види го пост 43 што сум и го пишал на Лукс и размисли за тоа . Се некако ми се чини дека си сличен случај и дека ти се бутовите со мускул ок ама може треба уште малку масно ткиво да симнеш. Ако имаш слика во хеланки стави ја кај модни критики па ќе ти кажам поконкретно ама ако ти е ногата колку толку симетрична немој да го намалуваш мускулот, твојот организам природно го пораснал толку колку било потребно за твојот оптимум. Ако имаш масно ткиво ти кажав, ќе се ставиш на здрава исхрана (ако те интересира ќе ти кажам што да јадеш а што да исфрлиш), комбинирана со џогинг, јаже, ролери (по желба некоја аеробна активност) и обавезно општи вежби за зајакнување на цело тело. Во принцип ако јадеш повеќе него што трошиш ставаш мускул или салце (во зависност од храната и вежбите) а ако трошиш повеќе него што внесуваш слабееш. Од џогинг можеш да затегнеш мускул ама да го зголемиш тешко, други вежби се за наголемување така да трчај без страв . Пс. Фала за комплиментот .
Еве ви добри вежби за нозе и задник. Боди рок !!! http://www.youtube.com/watch?v=ghAarKjb ... e=youtu.be
За оваа вежба рано е за да кажам, не вежбам едни исти, ги комбинирам, оваа доста замара(штом го одзема здивот добра вежба е), судејќи според тоа какво тело има С/Зузана мора да има ефекти. Не значи дека ќе бидат видливи одма, ама за одреден период ефектите* (од типот на*:затегнување, поширока облека, зацврстување/болење на мускули)ќе се појават со сигурност. П.С зависи и колку време и како ја вежбаш(ова генерално за сите вежби важи)
lujge a kako da oslaban na butovite t.e gornite muskuli kaj nozete ve molam za pomos лујге а има некои таблети само за бутовите за слабеење
Зошто ти се таблети? Инаку имаш посебна тема за таблеи во Диети, темава е за вежби па не би требало тука да бараш таблети па само за нозете. Прочитај убаво што имаме пишувано, Хмен има објаснувано и вежби, треба да знаеш само правилно да ја регулираш храната и доколу сакаш да вежбаш да си ги одбериш вежбите што тебе најмногу ти одговараат(најлесно ги правиш, имаш од нив видливи резултати итн). Џабе е доколку само сакаш да ги ослабиш нозете, а не превземаш ништо. Фрли се во акција, и види дали поубаво ќе ти биде да дадеш пример да земам 1000 денари за таблети и да не знаеш на што си, дали ќе има ефекти или не, успат може и некои здравстевни проблеми да искрснат скрај да е(незнаеш како ќе делуваат на твојот организам) или да дадеш 1000 денари за часови по аеробик да речеме два месеца? Значи убаво размисли, дали сакаш да постигнеш долгорочни резултати или не. Размисли за промена на исхраната ако сакаш да го промениш телото. Спојлер Бев таман додека не престанав да вежбам и се здебелив, после тоа ослабев многу, имам ослабено БЕЗ никави таблети и хемикалии, мојот рецепт беше здраво комбинирана храна и вежби и само вежби и многу упорност и труд, еве сеуште вежбам и ја оддржувам посакуваната тежина, не се одкажувам.
Феминки помош, сакам да ги ослабнам нозете до Нова година.. Некои вежби за брзо слабеење не нозете знаете?? <3
Повеќето вежби се објаснети и напишани во темава, нека не те мрзи да ја прочиташ инаку ќе треба да се повторуваме. Освен тоа ти треба и правилна диета инаку нема да успееш, до НГ имаш само месец дена, ќе ослабиш ама треба сериозно да запнеш и без забушавање .
Слабеење на нозете само со каридовакуларни вежби. Обритрек, трчање, ролање, возење точак... Поголемиот дел од вежбите објаснети низ темава се за мускулатура и зацврстување. Прво треба да се ослободиш од сало и целулит па после оформување. Да не испадне полошо
Е баш така и мене ми е страв да не излезе полошо. Почнав пред некој ден со фитнес бидејќи аеробикот не ми се свиѓа, е сега сакам прво да се ослободам од салото па после здравје другото, значи според напишаново во темава треба кардиовакуларни вежби само. Инаку го возам орбитрекот пола час, лентата 15-20 минути, правам и вежби со мали тегчиња за раце и нозе и инструкторот ми вели да правам и стомачни ама јас мислам баш тоа дека е грешка сега, да не ми остане таков, да не ми се зацврсти само салото и ништо не сме направиле. Некој совет од вас ?
салото не може да се зацврсти,прави си вежби и за стомак,така ке ги активираш мускулите и ке го стопат салцето. за нозе од мое искуство најдобра вежба е расчекор,барем мислам дека така се викаше.она кога стоиш на двете нозе,па со едната тргнуваш напред, клекнуваш и се враќаш во истата положба.и листови,бутови,задник,буквално цели нозе се вежбаат.може и да се земат тегови и во исто време да се вежба бицепс или рамења