Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вежби за нозете

Дискусија во 'Фитнес' започната од WomanInLove, 7 декември 2009.

  1. MejkApGirl

    MejkApGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2011
    Пораки:
    335
    Допаѓања:
    58
    Значи сакам да ги ослабнам малку нозете.. имам рамен стомак.. но нозеве .. како да не се мои :worried: .. прво сакам да ги ослабнам.. а потоа да го затегнам мускулот.. ако не ида вака, барем да ги ослабнам.. ќе ве молам за помош :/
     
  2. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Имаш 7 страни на темава, прво прочитај после прашувај, сѐ е објаснето од А до Ш :). За слабеење имаш милион теми со аеробна активност како џогирање, скокање на јаже, зумба, аеробик итн, одбери една и прави ја надополнета со правилна исхрана и ќе ослабиш :).
     
  3. Shopaholic77

    Shopaholic77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    109
    http://www.femina.mk/диети-и-фитнес/фитнес/10-вежби-за-убави-нозе -
    Еве и други вежби v
    Станете витка и затегнете ги нозете со следниве вежби
    Чучнувања со тегови:
    За ултра затегнати нозе, чучнувањата се вашите најдобри пријатели.
    За почеток, нека бидат едноставни.
    Земете два полесни рачни тега и држете ги во права линија со рамената. Свиткајте ги колениците, држете го грбот убаво исправен и чучнете. Обидете се да ги правите овие движења што е можно подобро и не заборавајте цело време да го вовлекувате стомакот додека ги правите.
    Кога ќе ги доведете овие вежби до совршенство, време е да преминете на следното, потешко ниво. Кога ќе се исправувате, обидете се да ги стегнете мускулите од задникот и бедрата. Обидете се колениците да не одат подалеку од ножниот палец и повторете ги овие вежби, без брзање, во интервали од 3 сета со по 15 чучнувања.
    Сумо-чучнувања
    За овие вежби потребен е само еден тег што ќе го поставите меѓу нозете, а нив ќе ги поставите малку подраширени. Додека ги правите овие сумо-чучнувања, обидете се да се фокусирате на стегање на мускулите на бедрата.
    Како и кај обичните чучнувања, грбот нека ви биде исправен и внимавајте секогаш да земате воздух кога чучнувате, а да издишувате кога ќе се исправувате. Почнете со 3 сета од по 15 чучнувања.
    Наизменични зачекорувања
    Раширете ги малку нозете, потоа зачекорете напред и клекнете со едната нога. Оваа вежба сметајте ја за успешна само ако успеете коленото доволно да го свиткате за тоа да може да го допре подот.
    Обидете се да се чувствувате пријатно додека ги правите овие вежби, но внимавајте да не се нишате додека ги правите - телото мора да биде исправено.
    Започнете со 3 сета од по 10 зачекорувања и запаметете - целта на овие вежби е максимално да се затегнат вашите нозе и затоа е важно да не „забушавате“.
    Скокови од страна на страна
    За да ја завршите сесијата на вежбање, почнете да скокате од нога на нога и зафрлајте ја наназад слободната нога колку што можете повисоко и поенергично. Внимавајте кога ќе зачекорувате, тоа да биде нежно и секогаш колениците да ви бидат подвиткани. Не ја потценувајте оваа вежба - прилично е тешка! За најдобри резултати, бидете мотивирани и проследете ги вежбите за затегнување со енергична аеробик сесија - ќе имате тонирани, извајани, преубави нозе за многу кратко време.
     
  4. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.836
    го префрлувам мислењево тука бидејќи подолго време никој не одговорил на темата криви нозе, па може тука ќе ми каже некој нешто :D
     
  5. Lola-M

    Lola-M Популарен член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2011
    Пораки:
    416
    Допаѓања:
    536
    Мила, везбај ги сите вообичаени вежби за нозе, но со најмала тежина ,а повеке повторувања во серија.На пример,вежбај со максимум 1кг. тегови,ама прави по 15 повторувања во серија.После извесно време повторувањата зголеми ги на 20.Но, исклучиво со мала тежина.
    Пробај, па јави ми после месец-два,о.к?Ама, биди упорна!Wish you luck!
     
  6. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Зависи од возраста, ако си испод 18 год можеш уште да растеш што значи со посебни вежби можеш и коските да ги издолжил или скратиш. Кои се вежби за истегнување веќе имам пишано на тема „Како да пораснам“. Постои посебен уред за истегнување што го имаат институти по спортска медицина, види со лекар дали е препорачливо за тебе да земеш некој режим со посебни вежби за истегнување.

    Листот на ногата можеш да го стопиш со диета и вежбање ама има големи шанси дека ќе ослабиш и во другите мускулни партии па ќе мораш додатно да ги развиваш.

    Сепак збори со стручњак пред било што да правиш за да не испадне дека немало потреба а ти само од комплекс си си умислила дека така треба.

    Има и машки што сакаат развиени листови кај девојка така да не брзај и размисли добро пред да топиш мускул :).
     
  7. gothchick

    gothchick Популарен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    1.836
    Побарав мислења и помош, бидејќи кажав дека многу лесно ми се формира телово еве од кога го пишав постот тогаш стомакот рамен си го направив. До толку не би одела, мислев доколку има некои обични, лесни вежби што се, а можат да помогнат за истегнување, па да ги правам. Немам проблем со машките, дечко ми ми ги сака нозете вакви и тоа доста често ми споменува дека вакви како моите сака и предходни што сум имала немале негативно мислење за нив, ама јас си иамам увртено во глава сакам долги нозе и точка. Ќе гледам ако не да им придавам до толку значење. Сепак фала :)
     
  8. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Чим така побарај ја темата „Како да се извишам“. Таму напишав систем на вежби кои можат да се прават дома и кој делумно ќе делуваат и на нозете :). Ако имаш време почни да ги правиш и резултат би требало да имаш :).

    Мој совет ти е да почнеш да ги правиш вежбите а листовите да не ги чепкаш. И јас сум од тие машки што сакаат развиени листви кај женско така да не ни уништувај ќеиф, остај ги какви се природно :) .
     
    На gothchick му/ѝ се допаѓа ова.
  9. queennn

    queennn Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    0
    Дечки значи до нова година сакам да си ги стегнам нозете.. мислам мене ми се цврсти ама знаете да се познава таа линијата :) (ако ме разбравте) значи знаете ли некои вежби загарантирани што ќе ми помогнат до нова година?? фала многу :)
     
  10. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Сите вежби се загарантирани ако ги правиш редовно ама за две недели не очекувај чуда, малку е времето. Џогинг, орбитрек или трчање по скали заедно со вежбите од темава (имаш многу, одбери неколку и прави ги да речеме 3 пати неделно со ден одмор помеѓу нив) ќе ти дадат посакуван резултат :).

    Ако нешто не е јасно прашај :).
     
  11. queennn

    queennn Активен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2011
    Пораки:
    23
    Допаѓања:
    0
    А овие на Синди Крафорд за колку време даваат резултат :)
     
  12. Leo83

    Leo83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    22
    се зависи од тоа колку често ќе вежбаш...кај мене имаше резултати за 3-4 месеци (со тоа што вежбав 3 пати неделно)..зависи и од организамот...јас тешки врзувам мускули
     
  13. Justice

    Justice Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 октомври 2011
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    91
    Јас сега почнав озбилно да вежбам зошто мора малце да се внимава на изгледот. :nod:
     
  14. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Може ли да ми кажете некои вежби за овој дел од нозете,бидејќи воопшто не ми е цврст?
     

    Прикачени фајлови:

    • Untitled.png
      Untitled.png
      Големина на фајлот:
      374,8 KB
      Прегледи:
      403
  15. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    ^
    ЦИА, и јас маки мачам со тој дел. Тука имам повеќе салце и сите фармерки ми се лижат на тоа место. Едвај чекам да видам ефект од вежбиве, да се отарасам од него. :devil:
    http://www.youtube.com/watch?v=CzxoisqfU2o

    Само 2-3 пати ги имам правено, ама не сите. Тешки се, барем за мене.
    Ќе продолжам неделава повеќе, ќе побарам на YT вежби за Inner Thighs, мислам дека тоа е тоа.

    Ако најдеш ти некои постирај овде, да ги пробам и јас. :D
     
    На CIA му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.918
    Допаѓања:
    81.194
    Пол:
    Женски
    Дечки, мене ми требаат вежби за нозе, ама не знам поточно какви да почнам да вежбам, па ако може помош малце.
    Многу ми се слабички нозете горе, од колената надоле супер ми се. И сакам малку мускулче во горниот дел.
    Е сега, ме интересира како да го постигнам тој ефект, а да не добијам мускулести листови. :^)
     
  17. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Мишела, јас овие вежби ги правам веќе 2 недели, а по првите 2-3 пати се забележуваше дека мускулите над коленава ми се истакнати и каде-каде поцврсти.
    Овие се за задникот, но ете кај мене имаат поголем ефект на нозете.
    Побарај од истиов или друг канал видеа за Thigh workouts, можеби ќе најдеш.

    Исто така, прави чучњеви (незнам дали така точно се викаат, ама оние клекни-стани). Мислам дека имаат голем ефект на тие мускули.
    Ако почнеш да ги правиш вежбите, чекам резултати. :D
    http://www.youtube.com/watch?v=_7fHGwLS ... r_embedded
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.918
    Допаѓања:
    81.194
    Пол:
    Женски
    Фала ти многу, јас планирам да почнам од утре - нов месец, нов ќеф за вежбање :D , па ќе видиме што ќе испадне, овој пат морам. :tmi:
    Дај боже да имаат ефект и за задникот, ептен ми е никаков, сакам да го зацврстам и подигнам малце и него. Ќе ве известам ако има било какви резултати, а се надевам дека утре нема да претерам и да се воспалам, па да баталам сè. :D
     
  19. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Јас сега ги правев овие, но само еднаш. Немам толку време за 2-3 пати да ги направам сите. :tmi:
    Добри се вежбиве, иако некои се повторуваат од тоа видеото со Бразилските вежби. Поготово една вежба каде што треба 1 минута да стоиш потпрена на ѕид.
    Бутовите збудалеа, изгор тешко беше. :x
    http://www.youtube.com/watch?v=m8AkyDAiRXo

    За задникот имаш многу вежби од овие Fitness Blender. И важно, многу се добри. Од Бразилските вежби чувствувам дека ми е повеќе стегнат од тоа што беше, но сепак поголемо влијание ми имаат на нозеве.

    Јас знам понекогаш и 4-5 дена да не правам ништо, или немам време или ме мрзи. Ама секогаш почнувам повторно со нови сили .. пример денес. :angel:
    Се надевам дека ќе истраеме и двете.
    Со среќа. :hai:

    Едит: Мислам дека ќе немаш проблеми околу воспалувањето на мускулите. Прво почни по еднаш да ги правиш вежбиве, ден-два така. После почни по два пати, па на крај би требало да можеш да ги правиш трите рунди.
    Јас комбинирам вежби за стомачниве мускули меѓу 1 и 2 рунда, а меѓу 2 и 3 други за внатрешниот дел на нозеве (Inner thighs). Побарај некои вежби па комбинирај, инаку мислам дека ќе ти биде досадно 3 пати едни исти вежби да правиш. :D
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  20. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Феминки на овој линк имате добри вежби кои траат само 8 минути,ги има разни-за нозе,стомак,задник...одличен ефект имав со 1 месец вежби 3 пати неделно
    http://youtu.be/uLIfN-31Bgs