Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вежби за нозете

Дискусија во 'Фитнес' започната од WomanInLove, 7 декември 2009.

  1. mila89

    mila89 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 декември 2009
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    883
    Пол:
    Женски
    L-enna колку време ги вежбаше овие вежби и дали имаше ефект?
     
  2. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
  3. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Срам ми е да кажам .. ама има можеби 1 месец кај што не вежбам ништо. :$ :tmi:
    Затоа не можам да ти кажам за резултати, но си ветувам дека откако ќе се опоравам од несоницава поради која немам сила за ништо, ќе продолжам да вежбам.

    Мила ти направи ги, можеби на почеток ќе ти изгледаат премногу тешки, но после 2-3 пати мислам дека нема да имаш веќе проблеми.
    Пробај, немаш што да изгубиш. ;)
     
    На mila89 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Има некој што може со искуство да препорача некои ефективни вежби?
    И јас како вас, девојките погоре, имам проблем со внатрешниот дел од нозете... Овие од Синди можеби 2 недели има кај што ги правам, има ефект, видлив, но никако на овој дел што сум очајна да го ослабам.
     
  5. butterfly33

    butterfly33 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2012
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    1.100
    Јас би сакала да го затегнам горниот дел и листовите :) Се надевам ќе има резултати
     
  6. Sara123

    Sara123 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 мај 2011
    Пораки:
    3.279
    Допаѓања:
    2.305
    Пол:
    Женски
    Во последно време качив 2-3 килца. :x Сакам да ми препорачате квалитетни вежби за внатрешната страна на најгорниот дел од нозете.И по можност да биде некоја потешка и брзо да делува.Имам мотивација и не се откажувам од вежбање,ама ми требаат добри вежби за посакуваните резултати.Сега вежбам некои колку само да не го изгубам темпото дур не најдам соодветни вежби за мојата ситуација.
    Ви благодарам однапред.
     
  7. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.647
    Допаѓања:
    6.502
    Знае некој вежби за горниот дел на нозете, поточно пределот кај бутовите? Тенка сум како стапче, ама тој дел ми е многу опуштен, ми се тресе дури. :x
     
  8. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Имав пишано и порано во темава, ги правев вежбите од ова видео иако се наменети за задникот и по 4-5 пати мускулот кај бутовите ми беше многу стегнат. Почна и малку да се гледа, испакнат беше.
    Можеби на почеток ќе ти се тешки, затоа почни со по 1 рунда, потоа зголеми и 2ра и 3та.

    Со среќа. ;)
    http://www.youtube.com/watch?v=_7fHGwLS8Y0&feature=fvst
     
    На Mishela, Hayley и blueeparadise им се допаѓа ова.
  9. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Девојчици, еве ме мене пак тука .. со ново видео. :tmi:
    http://www.youtube.com/watch?v=Um0zT1s8fPo
    Вчера ги правев вежбиве и тоа само една рунда, зашто ми беше прв пат. Не беа многу тешки, баш беа таман како за мене. А и се испотив премногу, за прв пат толку многу се испотив додека правев вежби. И тоа за нозе. Не ми се веруваше!
    Не ме болеа нозете вечерта воопшто, ама затоа сабајлето едвај станав од кревет. Најмногу ме болат страничните делови кај задникот (не знам како да објаснам) и внатрешните страни на бутовите. Од другите вежби кои се баш наменети за тој внатрешен мускул после правењето не ме болеа мускуливе, а од овие премногу, тек сега веќе се намали болката.

    Којзнае дали ќе успеев да станам ако го завршев цело видео .. :|
    Пробајте ги ако сакате, иако можеби ќе ве боли, нема да погрешите.

    П.С: Да се живи и здрави овие од ФитнесБлендер, прекрасни видеа со многу ефективни вежби прават. Алал да им е! :bow:
     
    На Bright и blueeparadise им се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.918
    Допаѓања:
    81.194
    Пол:
    Женски
    L-enna, да си ми здрава, жива и секогаш таква развежбана, инспирација си ми за вежбање, најискрено. :D
    Јас ги научив скоро сите вежби од тоа првото видео погоре и супер ми се, веќе си се привикнав, ама ми фали уште кондиција бидејќи се заморувам брзо.
    За резултати изминативе 2-3 недели што знам, може рано е, ама задникот ми е доста позатегнат, а гледам и мааалку поподигнат од што беше. Не дека имам којзнае колкав задник, ама ми беше таков таласест, растресен, сега е океј. Ќе работам уште на случајот, моментално се посветив на нозете - од горе до коленцата ми се бааги слабички и сакам малку мускул таму, па почнав да правам чучњеви. Првите 3-4 дена правев по 30, сега правам 40-45 и умирам веќе при последните 5-6, ама све за лепота, ќе издржам некако.
    И патем ме интересира за што сѐ се добри чучњевите? :^)
     
    На Hayley му/ѝ се допаѓа ова.
  11. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    1.793
    Ааууу фала Мишелке, кој комплимент е тој за мене иако забушавам на велико. :hug:

    Туку кажи ми како успеваш толку чучњеви? Јас до 25 негде и ќе папсам, толку.
    Јас искрено се чудам како ми се направи толку брзо мускулче на бутовиве од тие Бразил БатЛифт. Мислам дека најмногу придонесоа првата вежба и последната вежба, нешто како со модифицирани чучњеви се. :D
    Инаку, дада Вики викат дека се најефективни за задникот, бутовите, страничните мускули кај стомакот и задниот дел од надколениците (ако сфатив добро).

    Гледав во темава кои видеа ги имам поставено, па еве други (иако вежбите можеби се повторуваат):
    http://www.youtube.com/watch?v=bF4DZd19Nus
    http://www.youtube.com/watch?v=suNj0eeFftw
     
  12. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.918
    Допаѓања:
    81.194
    Пол:
    Женски
    Се привикнуваш лека-полека, еве јас веќе 20-25 правам без проблем, па пауза со некоја друга полежерна вежба, па пак 20 и истегнувам мускули, па останатите 5.
    Следниот ден нозе, бутови, тегне и боли, ама се трпи сѐ за лепота нели. :D
    И не правам секојдневно по толку, ама од старт ми се 30 задолжителни и варирам секој ден - денес 30, утре 35 и сѐ така накачувам по малце. Веќе штознам, две недели може редовно ги правам и добра сум, се привикнувам. :)
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Melany.Macedonia

    Melany.Macedonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    67
    ОВА ВИДЕО Е НАЈДОБРО НА СВЕТТТ!!!!
    кога видов дека си го споделила и ги разгледав вежбиве ми изгледаа лесни, ама кога ги правев душава ми излезе зошто ги направив двете рунди и стварно немам појма колку пот излезе од мене, немаше суво делче на алиштата... ама вредеше, и планирам секој ден да ги правам вежбиве, имам мака со нозете ќе купам фармерки и одма ми се жулат меѓу нозе парче ми се прават... и онака сега имам многу време слободно па вреди! НЕМАТЕ ПОЈМА КОЛКУ ДОБРО СЕ ЧУСТВУВАВ КОГА СЕ ТУШИРАВ :lol: !
    сите што имате слична мака како мојата, само овие вежби,здрава храна и ништо друго!
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mihaela55555

    mihaela55555 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2012
    Пораки:
    216
    Допаѓања:
    121
    Не сум многу сигурна но можеш да пробаш:
    -потклекни такашто нозете ке ти бидат во агол помалку од 90 степени(значи остар :)), стапалата паралелни, задникот вовлечен и стегнат. задржи повеќе од 2 мин.
    -пред себе постави столче на кое благо ќе се задржуваш,со едната нога малку ќе потклекнеш и со неа ке стоиш на прсти, а гругата ќе ја свиткаш назат :) (задржи 2 мин.)
    (пробај, вежбиве се за затегнување на мускулите на нозете...)
     
    На Hayley му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Јулијана има убави вежби за нозе поставени на јутјуб на нејзините канали, проверете ја, бомба е.
     
  16. Hayley

    Hayley Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    899
    Значи секој ден ги правам тие од Синди, и овие Pilates, ма да вториве не целосно, дур гледам ТВ си се испружувам на кревет и ги правам тие што ги памтам. Нозете ми ослабеа во надворешните делови, ама листовите само добија некоја нова форма, а пак се дебели и си ги мраза! Мора да има некоја ЕФЕКТИВНА вежба за нив.. уф -.-

    Ајде, ќе ја пробам и оваа Јулијана од Лукс :)
     
  17. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.517
    Ги направив овие вежби за прв пат и ууубаво се испотив! Ги направив двете серии до крај! Среќна сум ! :lol:
     
    На Melany.Macedonia и L-enna им се допаѓа ова.
  18. Princess-S

    Princess-S Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    3
    Девојки да не знаете каде можам да најдам топка за пилатес и по која цена се? благодарам однрапред :)
     
  19. Melany.Macedonia

    Melany.Macedonia Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2012
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    67
    За затегнување на нозете, за триење и согорување на целулитот и за затегнување на задникот :)
     
  20. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.044
    Ја прочитав цела тема и пак не знам што да правам.
    Нозете не ми се нешто дебели, ама имам вишок што ми смета + лабави ми се.
    Салце има во внатрешниот дел, не ми се спојува, ама го има.
    Целулит имам од задната страна скоро до колената.
    Е сега, низ темава прочитав дека прво треба да се ослаби салото, па да се зацвсртат мускулите.
    Прашањето ми е, дали можам да ги правам вежбите кои се низ темава без да постигнам спротивен ефект?
    Или сепак прво да барам нешто за да го стопам тоа салцето?
    И да, редовно пијам многу вода за да го снема целулитот, но нема некој посебен ефект :?: