Вежби за раце

Дискусија во 'Фитнес' започната од macciii, 8 август 2010.

  1. macciii

    macciii Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    20
    Дали може да ми испратите линк од некои вежби за раце.. без разлика дали вежбите се со тегови или друго.
    и по колку пати неделно практикувате да ги правите?
     
  2. summer

    summer Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јули 2010
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    0
    Тебе целта ти е да ги стегнеш рацете или да ги слабееш?...
    Ако ти се вежбите за да ги слабееш никако не вежбај со тегови зато што само ке добиеш мускулна маса, а структурата на рацете ке ти остане иста...
    А вежби за слабеење на рацеве ни во фитнес центриве нема, освен за затегање.. тие слабеат тогаш кога и телото :)
     
  3. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.166
    Допаѓања:
    69.271
    Пол:
    Женски
  4. macciii

    macciii Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 август 2010
    Пораки:
    47
    Допаѓања:
    20
    sakam da gi zategnam odnosno da mi se poznavaat muskuli.
    fala za linkot :) :*
     
  5. Unknown69

    Unknown69 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2010
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    2
    Склекови, почни на ден со 3 серии по 10 склека, потоа зголемувај :)
     
  6. Vodolija

    Vodolija Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2009
    Пораки:
    42
    Допаѓања:
    11
    http://www.youtube.com/watch?v=sSby1UUhyts&NR=1
    еве линк за рацете...може и без тегчиња како што вежба женската... сите овие вежби се ефикасни верувај, јас ги правам и стомачните и тие за задник и има резултати... се надевам ќе ти се допаднат :D :D :*
     
    На Psychen му/ѝ се допаѓа ова.
  7. kelly.r

    kelly.r Популарен член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    190
    ќе може линк за некои вежби за слабеење на рацете
    значи нејќам муслули само да ги ослабнам
     
  8. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.068
    Допаѓања:
    6.339
    Пол:
    Женски
    Еве некои вежби за раце:
    Пеперутка
    Земете две тегчиња во рацете. Застанете со нозете во широчина на колковите, со колената благо подвиткани. Наведнете се нанапред и пуштете ги рацете да висат право надолу, со дланките свртени една кон друга. Подигнете ги двете раце (без да ги виткате во лактите) нагоре, стегајќи ги плешките. Вратете се во почетната положба. Тоа е едно повторување.
    Вежби за бицепси
    Држете две тегчиња во рацете исправени надолу крај телото. Држете го грбот исправен и градите исфрлени нанапред. Без да ги придвижувате надлактиците, виткајте ги лактите и носете ги теговите кон градите. Потоа бавно спуштајте ги до почетната положба. Тоа е едно повторување.
    Вкрстувања со тегови
    Со тегчиња в раце, застанете со нозете раширени малку повеќе од колковите и со подвиткани колена. Подигнете ги тегчињата до висина на градите, со свиткани лакти и дланките свртени една кон друга. Исфрлете ја левата рака на десната страна, до мигот кога ќе дојде до широчина на десното рамо. На враќање назад, исото повторете го со десната рака. Тоа е едно повторување.
    Вежба за трицепс
    Легнете на грб, на клупа, држејќи две тегчиња над главата. Рацете нека Ви бидат исправени, а дланките свртени една кон друга. Без придвижување на надлактиците, виткајте ги лактите, спуштајќи ги тегчињата на двете страни од главата. Направете куса пауза, потоа полека дигнете ги тегчињата назад во почетната положба. Тоа е едно повторување.
     
  9. vilevalofan

    vilevalofan Активен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    како да ми ослабат рацете поточно надлактиците???

    ;( .... очајна сум значи имам убаво тело ама имам така подебелки рачиња :worried: кажете ако знаете како да ги ослабам надлактиците горниот дел од рацете
     
  10. Isabel

    Isabel Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    706
    Допаѓања:
    301
    како да ми ослабат рацете поточно надлактиците???

    Најди вежби на нет за раце, наједноставно на youtube arm exercises, и фрли се на работа :).
     
    На vilevalofan му/ѝ се допаѓа ова.
  11. vilevalofan

    vilevalofan Активен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    0
    како да ми ослабат рацете поточно надлактиците???

    да знам..ама не сакам мускули да правам сакам да ми ослабат со диета..дали е возможно тоа??
     
  12. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    2.282
    како да ми ослабат рацете поточно надлактиците???

    Диета, кардио и вежби за раце :).
     
    На MarchelineAmaru и vilevalofan им се допаѓа ова.
  13. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    226
    Диета,и вежби за раце,тука пожелно е да пробаш со тегчиња за почеток од по 2 кг,па после ќе зголемуваш,ќе правиш вежби за бицепс,трицепс,рамења,делтоид,и резултати ќе има дефинитивно.ПС-Немој да мислиш дека со тегови ќе бидеш како машко во рацете,напротив ќе имаш само прекрасна стегната рака!
     
  14. Trajche

    Trajche Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    55
    Допаѓања:
    9
    Ич да не се секираш, не значи ако фатиш тегови во раката и ќе си направиш мускули. Да беше така супер, за нас машките ама не е ;) Вежбај си слободни тежини кои ти прилегаат на тебе и немај гајле
     
  15. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.879
  16. IamSexyAndIKnowIt

    IamSexyAndIKnowIt Популарен член

    Се зачлени на:
    18 април 2012
    Пораки:
    750
    Допаѓања:
    1.121
    Пол:
    Женски
    Jaс запнав да вежбам со тегови од 2кг и 3кг и за една недела имав прекрасна форма на рацете. 8)
     
  17. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    За да ти ослабнат рацете ќе вежбаш со мали тегчиња а тоа незмачи дека ке набиеш мускули туку дека ке го топиш масното и теговите се најдобри за да го стопиш вишокот на масно да рацете :D
     
  18. smiley16

    smiley16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2012
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    50
    вежби за раце

    Ајде некој нека каже некои корисни вежби за затегнување на раце. Ослабнав околу 20 кг па сега кожата од рацете ми виси и рацете не ми се стегнати. Благодарам :)
     
  19. PinkGir123

    PinkGir123 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2012
    Пораки:
    1.044
    Допаѓања:
    498
    Луѓее ми требат вежби за рацете ама не да ги стегна и да ми бидам мускулести , туку сакам да ги ослабнам . Слаба сум значи не сум дебела , ама раците ми се подебелки :D
    Па сакам некоја вежба за да ги ослабнам , а диета не сакам затоа што едвај качив 49 кг.
     
  20. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    261
    Допаѓања:
    98
    Пол:
    Женски
    Пробај ги од Џилијан Мајклс no more trouble zones има таква тема тука овие вежби се поделени за кој дел од телото ти сакаш.И немој да мислиш дека ќе ги набилдаш рацете а салото ќе ти остане затоа што за да ги билдаш рацете не е баш така лесно Поздрав :D