1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Вежби за 'рбетот

Дискусија во 'Фитнес' започната од Lady-in-white, 15 јули 2012.

  1. Lady-in-white

    Lady-in-white Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2012
    Пораки:
    352
    Допаѓања:
    53
    Дали некоја од вас знае некои вежби за 'рбетот? Јас имам една другарка што знае ама никако не наоѓаме време за да ми ги покаже па решив вас да ве прашам дали некоја од вас знае некои вежби. Ваква тема не пранајдов ако има канта :)
     
  2. Chica.Loca

    Chica.Loca Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2012
    Пораки:
    507
    Допаѓања:
    2.260
    Еве некои вежби кои ги најдов на интернет. :)

    9 вежби за поздрав ’рбет
    Многу од вас седат во една позиција секој ден на работа или училиште, и како резутат на тоа навечер чувствуваат болки во грбот. За да не дојде до несакани последици и компликации на вашиот ’рбет, применувајте ги овие 9 вежби наутро. Потребни ви се само 10 минути!
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG][​IMG]
    [​IMG]

    Слични вежби правев пред 2 години и кога бев на систематски ми кажаа дека не ми е искривен 'рбетот.Пред тоа кога и да одев на систематски ми велеа дека ми е искривен 'рбетот.Па затоа правев слични вежби како овие и имаше резултати.Но,тоа беше пред 2 години.Можеби пак ми е искривен 'рбет.Треба да почнам пак да ги правам. :)
     
    На Ketrin.Moon, Dog-lover и Lady-in-white им се допаѓа ова.
  3. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Овие се многу ефикасни на една моја другарка ептен и помогнаа
     
  4. avrilfan987

    avrilfan987 Активен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2012
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    0
    а овие вежби се за сколиоза или за некое друго искривување на 'рбетот?
     
  5. sunfemina

    sunfemina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    843
    Мислам дека се универзални, со тие движења целиот 'рбет се вежба и фино е редовно да ги практикуваат и тие што немаат проблеми заради задржување на 'рбетот во добра состојба и зајакнување на грбните мускули.

    Мене само не ми е јасно како делуваат првите четири вежби на 'рбетот, бидејќи кога сум ги правела сум имала чувство дека вежбам стомак и нозе.
     
    На Dog-lover му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Sunchild

    Sunchild Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    361
    Обиди се со следниве!
     

    Прикачени фајлови:

  7. Sunchild

    Sunchild Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    361
  8. Sunchild

    Sunchild Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    361
    Превентивни мерки и вежби за корекција на кифоза


    Веднаш штом ќе се постави дијагноза за можен деформитет, мора да се дејствува. Колку порано се преземат мерки, толку има поголеми шанси за корекција. По 18-та година се помали се шансите за корекции. Причината за порастот на деформитетите лекарите ја гледаат во неправилната исхрана, отсуството на физичката активност, долгото седење пред компјутерите, носењето на тешките ранци и повредите.

    Кифозата е најзастапено искривување на рбетот.Патолошката кифоза (грбка) е сагитално искривување на ’рбетниот столб кон назад. Најчесто се создава во градниот дел од ’рбетниот столб. Причината за појава на кифозите можат да бидат: вродени и стекнати.
    Кифозното држење на телото се засилува со текот на годините. Овој деформитет е резултат на многу фактори, се јавува кај оние луѓе кои продолжително заземаат неправилен став при седењето. Многу често се среќава кај учениците, а е резултат на несоодветните клупи за нивната возраст, неправилното седење и големиот број на часови. Како превентивна мерка за да не настанат вакви искривувања, како и за нивно лекување, се препорачува планско и правилно физичко вежбање, тонизирање на мускулатурата на детето преку адекватни вежби,а исто така се препорачува и лежење на тврдо, на грб.

    ЗА ЗАШТИТА И ОДСТРАНУВАЊЕ НА КИФОЗАТА ПРЕД СЕ ПОТРЕБНИ СЕ ПОЗИТИВНИ И СЕКОЈДНЕВНИ НАВИКИ:
    Неправилните оптоварувања и неправилното држење не може наполно да се одбегнат, но ќе се ублажат ако ја зголемиме свесноста за телото.
    Седењето е најголемиот непријател на карлицата и на 'рбетот.
    Во положба на седење притисокот меѓу прешлените се зголемува и во пределот на половината е речеси двојно поголем отколку кога се стои, или шест пати поголем отколку кога се лежи.. Не може да не седите, но по секоја цена најдете начин да ја задржите правилната кривина на 'рбетот.
    За жал, голем број столови не се анатомски дизајнирани. Дури ни седиштата во автобусите, возовите и авионите. Наслонот на столот треба да ја следи правилната кривина на 'рбетниот столб. Затоа користете или анатомски стол чијшто наслон се приспособува или на обичниот стол сами ставете мало перниче или слична подлога на лумбалниот дел.
    Стапалата не треба да ви висат, туку да допираат до подот, така што потколениците и натколениците ќе бидат поставени под прав агол. Подлактиците треба да бидат потпрени на наслонот на столот.
    Тешко ќе се откажете од удобните столови, но ако ги користите, ставете перничиња и погрижете се 'рбетот да ви остане исправен.
    Често менувајте ги положбите. Долгото седење или стоење ја прави мускулатурата крута и напната. На секои 30-60минути станете од работниот стол, раздвижете се, истегнете се, направете некоја вежба.
    Кога носите товар, поделете го во двете раце. Ако товарот е само на едната рака, тогаш 'рбетот е искривен, грбните и слабинските мускули не се правилно оптоварени и лесно доаѓа до повреди и слично.
    Релаксирајте се! Научете свесно да ја ослободувате тензијата од мускулите.
    Внимавајте на тежината. Вишокот на килограми е дополнително оптоварување за 'рбетот.
    Научете правилно да стоите: исправете се, брадата повлечете ја благо кон градната коска, отпуштете ги рамената и благо повлечете го стомакот кон внатре
    Приспособете ја работната површина според вашата висина: Ако тоа не може технички да се изведе, тогаш едната нога повлечете ја наназад, а другата благо напред, свиткана во коленото, така што 'рбетот останува исправен.
    Спијте на цврста постела. Перницата треба да биде висока колку рамото за да ја задржи поставеноста на главата природната кривина на 'рбетот. Спијте на грб, со мало перниче под колената, или настрана, со благо свиткани колена.
    Кога работите наведнати, искористете ја силата на рацете и нозете
    При подигање на тешки предмети: приближете го предметот што поблиску до телото, клекнете со исправен 'рбет и свесно подигнете го товарот користејќи ги мускулите на нозете, стомакот, грбот и рацете. Прво подигнете го товарот, па направете го саканото движење. Истото важи и кога спуштате тешки товари.

    Корекција со редовни вежби
    Вежбите изведувајте ги бавно и не правете нагли движења. Концентрирајте се на вежбата што ја изведувате. Помеѓу две вежби одморете се. Нема да си помогнете ако интензивно вежбате на одредени периоди, така може да имате и болки. Треба да вежбате редовно, секој ден или секој втор ден или трипати неделно.
    Повеќе од 140 мускули го држат 'рбетот исправен. Голема поддршка даваат и грбните и стомачните мускули. Помогнете им да бидат цврсти и јаки. Вежбајте!

    Преземено од Мој Тренер Мк
     

    Прикачени фајлови:

    • 1.jpg
      1.jpg
      Големина на фајлот:
      10,3 KB
      Прегледи:
      1.037
    • 2.jpg
      2.jpg
      Големина на фајлот:
      3,9 KB
      Прегледи:
      1.037
    • 3.jpg
      3.jpg
      Големина на фајлот:
      7 KB
      Прегледи:
      1.036
  9. Sunchild

    Sunchild Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    361
    Уште една вежба за која грбот ќе ви биде благодарен!
     

    Прикачени фајлови:

    • back.jpg
      back.jpg
      Големина на фајлот:
      29,9 KB
      Прегледи:
      1.030
  10. Stefani999

    Stefani999 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2012
    Пораки:
    702
    Допаѓања:
    601
    Треба да одите налекар кај ортопед(мислам :?: ) и ќе ви каже дали ви е искривен р'бетот.Бидејќи за секое ИСКРИВУВАЊЕ има ПОСЕБНИ вежби.Јас имам сколиоза и почнав да правам и грбни( :^) помагале).И следниот пат кога отидов оп и лордоза....половината ми отишла напред и сега грбни не......си купив пилатес топка и едни каиши и ќе почнам да вежбам.......Хахах а за да ми се исправе лордозата ми рекоа да носам повисоки чевли со штикла :D :D :D :D