Во домашни услови така? И колку пати неделно вежбаше, и дали за 2 месеци со активно вежбање може да очекувам видливи резултати ?
Секој ден вежбав по едно 25-30 минути кардио вежби, ретко се случуваше да ми дозволи ситуацијата да одам до парк да трчам, но сепак и со трчање доста подобри резултати се има. Ако вежбаш кардио вежби+избегнуваш шеќер, мрсно, бел леб и јадеш здрава храна, 90% сум сигурна дека ќе имаш резултати.
Фала ти ,имам и Орбитрек, мислам дека и тоа ќе помогне плус, може да ми пуштиш линк од каде ги гледаше вежбите, ако е можно , јас имам зачувано некои од lilly sabri, chloe..
Една моја роднина има Орбитрек и вежба, има 42-3 години и прекрасна форма има иако родила и две деца. Подобар начин за убаво тело од здрава храна и физичка активност, нема. Кардио вежбите се златни вежби за убаво тело. Не ми текнува од кој канал ги вежбав тие вежби, ќе пребарам во историја периодот кога ги вежбав и ќе ти ги пратам.
Правење стомачни редовно во домашни услови за колку време би имало видливи резултати? И што прво се намалува, гордниот дел од стомакот или долниот под папукот?
Јас вежбам со Pamela Reif и имав резулатати за месец, месец ипол (за рамен стомак) . Секако за убави стомачни потребно повеќе време, ама да почнеш сега да вежбаш до лето мислам дека ќе имаш одлични резултати Прво горниот дел се затегнува и странично а на крај долниот дел од стомакот
Конкретно резултати ми требаат за месец дена и тоа прво во горниот дел. За да не мењам цела гардероба
За да имаш видливи стомачни ако сега стомакот ти е скоро целосно рамен? 1-3 месеци. А ако имаш стомак, т.е. вишокот масти, утепај се од правење стомачни колку сакаш - ниту ќе се познаваат, ниту пак ќе ослабиш. ...стомакот не слабее со правење стомачни. А кој дел од стомачните би се зацврстил прв - зависи од вежбите и генетиката.
Уствари ја сакам да смалам обем во струк, може не се изразив најдобро со стомачниве. Не ми се битни плочки и не знам што, битно ми е да го намалам салцево во струк. Не е нешто многу ама ми смета.
Тогаш нема да постигнеш нешто специјално со стомачни. Вежбањето одреден дел од телото во никој случај не значи дека го слабееш баш тој дел од телото. Да, ти ги вежбаш тие мускули, но енергијата која ја трошат не доаѓа од околното ткиво, туку од достапната енергија од "целото тело". Подобро вклучи некаков аеробен тренинг барем 3 пати во неделата. Пример трчање, велосипед, ролерки и слично. А останатите денови прај си стомачни колку да се дефинира тој дел.
Јас бев ко буре. Сега сум преполовена. Не само со стомачни туку со исхрана вежби кои вклучуваат движења во цело тело, зумба трчање и возење велосипед. Инаку уште имам салест стомак ама во обем сум упола. Не мора да се плочки ама да личи на нешто
Слабееш, губиш масти од цело тело, ќе ослабе и стомакот кога тогаш. Не можеш да таргетираш само еден дел од телото да ослабне.