Не викај така ахххх стомачни Што се не би дала да ми се познаваат. Не онака билдерски, него послаби но сепак да ги има Мене баш ми е секси стегнато стомаче Нешто вака
Ако сакаш да имаш такво стомаче ќе треба малку да се потрудиш. Како што кажав, малку. Вежбај преку еден ден, да речеме 3-4 серии по 20 стомачни. За 2 до 3 недели ќе забележиш солидни резултати
Вака девојќи Јас имам 49кг и имам стомаче од брза храна и мрсни работи што ги бутам на работа за доручек. Да не се залажуваме дека само со стомачни вежби можеш да го смалиш стомакот.Тука секако треба да внимаваш и што јадеш а и колку. Колегата мој е спортист цел живот и доволно е запознаен со сите вежби за телото па ми има кажано дека со трчање се смалува стомакот.(?!) Така да ме посоветува доколку сакам да го смалам моето стомаче ќе треба да почнам да трчам, а со стомачните само ги активираш мускулите али салото над мускулите не се отстранува на тој начин и затоа не би ни дошле до израз мускулите ,па затоа е најдобро овие 2 работи да се прават паралелно. Значи си одиш фино лепо на кеј,трчаш па кога ќе си дојдеш дома ќе си правиш стомачни ! Ова го пишав и кај -Како до рамен стомак ? -...
Подршка за погоре напишаното Мини!Ја почнав да трчам и на youtube си најдов многу добри вежби за стомакот,морам да ви ги постирам,многу се ефикасни и одземаат само 8 минути од нашето драгоцено време...http://www.youtube.com/watch?v=sWjTnBmCHTYПробајте ,пуштете си пријатна музика и верувам дека за месец дена превише ќе имате прекрасни стомачни....
Јас одамна практикувам вежби за цело тело, имам 50kg и сум фит, покрај сите вежби.. Ако сакате нормално фит тело мора упорност со вежбите, а кога веќе немате кондиција и добиете воспаление на мускулите вежбајте пак, без разлика што ве болат мускулите, пошо ако тогаш прекинете, пак после некој ден ќе ве заболат...се надевам ви помогнав
Многу голема грешка! Лебот МОРА да е дел од секојдневниот оброк на секој човек па макар и да е само едно кривче. Лебот содржи јаглехидрати кои се многу потребни за човекот. Особено лебот е најпотребен во појадокот како главен и основен оброк во денот, затоа што најголемата енергија се добива од спиењето и појадокот. Секако дека не треба да се претерува со лебот, како ни со никој друг производ. Се што е премногу, не е добро, па дури и да сте само на овошје и зеленчук цел живот (можеби изгледа како здрав избор, но на телото му се потребни и други состојки како што се јаглехидратите, белковините, мастите и шеќерите) Јаглехидратите го создаваат најголемиот дел од енергијата во човековото тело па затоа и се препорачливи да се во појадокот. Мислам дека да се заборави лебот не е добра опција, а доколку не сакате многу леб да јадете можете само по едно кривче на ден, за појадок или ручек (ручекот да не е после 6 зашто тоа е веќе вечра) И поубаво е да се јаде црн леб.
А бидејќи стварно неможам да трчам, дури и од лекар несмеам онака мн да трчам, со што подобро да го заменам трчањето со возење ролерки или велосипед, и двете можам да ги правам, ама трчање...Никако... Вртам хулахоп, скокам на јаже, а и сакам стомакот посебно страничните да ги затегнам... Хммм... Помина летото ама јас сепак сакам преку цела година да сум си во форма, не се постигнува добро тело преку ноќ
Двете комбинирај ги во зависност од друштвото иако на ролерки нешто повеќе го движиш цело тело . И нормално вежби за стомачни од седење како и на вратило ако имаш .
Нема грешка. Ако за 3 недели со по 100 стомачни деневно се постигнуваа вакви резултати тогаш сите ќе шетавме со сикс пек. Сега на плажа ќе гледав само стомачни мускули, а не сало насекаде За стегнат стомак треба МНОГУ да се трудиш, а пак за да ти се познаваат мусулите треба уште повеќе. Освен стомачни, треба и трчање, кардио вежби и внимавање на исхрана. Тој дел од телото е најтежок за стегнување и оформување
За стомачни мускули требе много напорно вежбање кое ке покаже резултат после неколку месеци а не 2-3 недели хахха
И јас си имам проблеми со стомакот..и секој ден правам вежби..наутро и навечер правам стомачни..А исто така правам и вежби за стомакот.. http://www.femina.mk/%D0%B4%D0%B8%D0%B5 ... 0%BB%D0%B8 http://www.femina.mk/%D0%B4%D0%B8%D0%B5 ... 0%B0%D0%BA
Го отсеков мојот стомак со цел да ви го објаснам проблемот.Не ми е голем стомакот но оној заокружениот дел ми прави проблем и горниот дел кога ќе се најадам ми се дува дајте некое чаре имам можност да ми биде рамен стомакот и затоа сакам добар совет од вас и ви прикачив слика за подобро да ме разберете
Еве јас што применувам. http://www.youtube.com/watch?v=neeM-VzAvIA Веке година време ги правам и конечно има резултати, минимални но до почетокот на летото ке ги средам. Еден мал хинт, ако сакате резултати, газирано, кофеин, благо, НЕ. Тешко е ама за убавина се трпи. И инаку со консултација со професионален тренер, два пати дневно стомачни правење не носи поголеми резултати. Тој препорачува вежби еднаш дневно 5 дена и 6 ден да не се вежба бидејки на мускулот му требало малку да се олабави и да собере маса.
Заокружениот дел ќе го симнеш само со правење на долни стомачни, ќе ти иде потешко за долните ама само тоа ти е чаре.. А вежбиве стварно делуваат, мене после една недела почнаа колку толку стомачните да ми се приметуваат ама горните за долните треба многу повеќе мака и кардио или барем некој режим на исхрана
Ти имаш проблем како мене. Јас имам рамен стомак (слабичка сум), ама кога ќе се најадам или напијам нешто, одма изгледам како `малку` трудна. Никогаш не сум нашла `лек` како да го спречам тоа. Значи штица сум, имам другарка иста како мене, таа е уште послаба (поточно преслаба), ама и една чаша вода ја `подува`. Како и да е, подобро вака, отколку кај некои со сало околу стомакот. Кога сум кај темава, мене реално повеќе ми помогнало трчањето, орбитрекот, здравата храна за стомакот, отколку самите стомачни вежби.
^Точно, со стомачни вежби само го зголемуваш тој дел. Треба прво да го стопиш со трчање, па после да ги оформиш стомачните со стомачни вежби. Многу вода, јогурт и овошје, зеленчук. Избегнувај леб и компир.
Eве ви вежби за зацврстување на повеќе делови од телото. http://www.youtube.com/watch?v=nm1-AuRz ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=Lsj-Q7oN ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=Wq-VeGdQ ... re=related Спојлер А исто така и каналот од оваа девојка каде што можете да најдете уште вежби за целото тело http://www.youtube.com/user/TiffanyRoth ... ture=watch