ДАвеојки , јас сало немам ама подуван стомак да, како балонче сум... мислам дека имав и слика постирано негде. Оној долниот дел ми е подува, што да правам?
http://www.youtube.com/watch?v=r_J8btnIEKQ http://www.youtube.com/watch?v=lOZDN1UnZ9U http://www.youtube.com/watch?v=nm1-AuRzZL4 секако, ништо без правилна исхрана. На благото, лебот и газираното, ќе им кажам чао, барем на некое време.
Пробај ги овие вежби, стварно се ефикасни, барем 5 пати неделно да вежбаш и ако си во можност да трчаш како загревање и потоа да ги правиш овие вежби со комбинација и со други (немој само истите да ги правиш) и со помош на здрава исхрана и мноогу вода за 2 - 3 недели ќе видиш резултат... Позз http://www.youtube.com/watch?v=A8c-HJjpZsE
Мене на пример пилатес топката ептен ми помогна за зацврстување на стомаков... Лежам, а со нозете ја подигам топката... И не само стомакот, така ги зацврстив и нозете и задникот...А и не мора да е пилатес топка, ете пробај со обична поголема и потешка топка... И нормално бај бај на газираните сокови
И да ти се направат стомачни од ова вежбање, нема да се познаваат зашто над нив сигурно има слој сало. Затоа треба да правиш повеќе кардио вежби комбинирано со стомачните, за да ги стопиш мастите и да ги обликуваш мускулите истовремено.
http://www.femina.mk/%D0%B4%D0%B8%D0%B5 ... 0%BB%D0%B8 http://www.femina.mk/%D0%B4%D0%B8%D0%B5 ... 0%B0%D0%BA http://www.femina.mk/%D0%B4%D0%B8%D0%B5 ... 0%B0%D0%BA
Постојат ли некои вежби за да исчезне тоа мевце што е заокружено? Порано немав, ама веќе еден месец правам вежби странични со истегање , ги имам објаснето во моето претходно мислење, и ми се појави малку, па се мислам да не е од вежбите. Добро кругчето требаше малце погоре да биде, не коската, туку над неа.
Мислам дека со било какви вежби може да го снема тоа, бидејки нели со вежбите се обликува телото, било какви и да се.Мене такво мевцуле,ми се појавува од двете страни, само кога треба да добијам, а кога ќе ми заврши циклусот, го снемува, тогаш па ептен сум заоблена како вазна сум Тоа го имам заприметено.Би требало вежби да ти помогнат, а и со истегнување исто така, ама зависи и колку често вежбаш.
И јас сум ист случај,пред добивање ми се појавуваат такви спојлери а не ми јасно како баш во тој дел,подуеност да, ама ова ме плаши и едвај чекам да ми заврши циклус па да спласнам,се изнамачив дур да ослабнам,и сеа само се гледам во огледало и се притискам околу стомак !жени...
Пробувам со планк вежби да го симнам средишниот дел на стомакот,ама не гледам нешто аир.Сум пробала и други вежби,ама ништо ,ај вие ако знаете некои ефикасно вежби кажете.
Изгледа не ме разбравте добро. Кога облечам фармерки изгледам еве вака Гледано од профил океј е слаба сум, ама гледано од фронт значи вака свртена со лицето, се познава како претечно од фармерките. Е сега она што ме интересира е дали е можно тој вишок да ми се појави поради тие страничните вежби за истегнување што ги правев еден месец интензивно или сум здебелена? За оваа вежба зборувам. На час по физичко се прави.
Воопшто вежбањето ја зацврстува целата мускулатура на телото ,не мора само стомачни да се прават ..но проблемот е како и кога да се почне..секој ден ајде од утре..
Знам за што зборуваш, те разбрав добро, она што го реков за циклусот е само како пример што мене ми се случува пред да добијам, значи ми се појавува такво, без разлика како се гледа дали анфас или странично, а за од профил тоа и не може да се забележи, а инаку тоа го немам.Откако ќе ми заврши циклусот, тој дел спласнува, односно го снемува. Мислам дека не може да се појави поради вежби.Пример, а и да правиш други вежби пак ќе го има истото, ако не е до вежбите.
Сигурно со планкот се зацврстуваат и обликуваат стомачните, ама треба само упорност. Не може од месец дена да се видат резултати, мора да поминат барем два, три до четири интензивно за да се виде резултатот од вежбањето. Огненија, мислам дека не е можно од вежбање да ти се појавиле тие странични рачки, мора да е од нешто друго, ако само вежбаш, а не се храниш здраво од храната ти е, ако јадеш грицки, леб и благо сигурно ти е од тоа ма колку и да сакаш да вежбаш додека не ги исфрлиш нив од исхраната нема да ти исчезне тоа од страна. И не се обесхрабрувај, камо на сите да им беа рачките од страна проблем, а во се друго да беа слаби, еве на пример јас стомакот го израмнив, добро уште малку имам сега да го зацврстам со вежби, ама мака мачам со бутовите, не дека ми се големи, баш ми се складни, ама не ми се доволно слаби како што сакам и работам на нив. Значи за кој било дел од телото мора да се вложи напор и труд со големи трпение за да се постигне целта. Колку да ни биде голема желбата за сите тие недостатоци да исчезнат, џабе е, големината на желбата нема да ни помогне се додека не станеме од стол и не се испотиме. Тоа е тоа, само правилна исхрана и соодветни вежби за стомак и кардио ќе ти помогнат да го стопиш тоа. Исто трчањето многу ќе ти помогне или скокањето на јаже. Среќно на сите вежбачи.
Девојче за тој дел таму (спојлер) само кардио. Стомачните се споредно нешто. Тоа се масти-не се мускули. Што значи мастите се топат со кардио третман. Позз
Еве ви неколку лесни и интересни вежби. http://www.youtube.com/watch?v=jTvAeS1tQXo Јас одамна веќе ги практикувам, одлични ми се за раздвижување.