Е ај со среќа нека ни е! И јас почнав денес Иначе мислам дека еден левел трае 10 дена, ама ти зборувам за тие што се ставени на првата страна, не за овој линк што го ставила dulcela. Јас и порано го правев првиот левел, стасав до 8-9 ден, ама почнав да губав мотивација и го прекинав. Сега сум ептен изострена, решена, полна со самодоверба и тн. Секогаш кога ме мрзи да станам и да вежбам, се потсетувам која ми е целта и какви резултати можам да добијам. Мора со нешто да се мотивираме, инаку ке пропаднеме
Ајде дечки од денес и јас ќе ви се придружам...еден период ги вежбав во комбинација со орбитрек и балансирана исхрана верзија на УН диетата и имаше резултати за 2 недели. Искрено повеќе се потев од овие вежби него од било што друго и нема откажување
Јас денес ги почнав, по втор пат, првиот пат ги откажав после недела дена. Ама овој пат, немам изговор. Ги вежбам оние "6 weeks 6 pack". Се гледаме со добри резултати
И ја вечер ќе ги комбинирам овие со Insanity. Па ќе видиме. Можда и малце латино,дека не се до толку тешки.
Moже некој да ми каже каде можам да го најдам третиот левел од 30 dayѕ shared рlan би ми било мило доколку ме упатите. Јас почнав со вежбите и искрено многу се ефикасни Поздрав
Па според програмот, како што пишува на нет - 10 дена без паузи. Според Џилијан, 2 недели, од кои 5 ќе го вежбаш програмот, 1 ден некои полесни кардио вежби и еден ден за одмор (тоа ти доаѓа 10 дена од програмот пак) Друга варијанта(исто од Џилијан, го вежбаш левел 1 се додека не се почувствуваш спремна да преминеш на левел 2, т.е. да ги правиш сите вежби правилно (дали 7 дена во неделата, 5, или пак можеби 6 - пак твој изброр). Јас имам вежбано и со паузи и без. Мислам дека на организамот сепак му е потребен одмор, после 17-18 дена станува напорно да не им дадеш на мускулите ни еден единствен ден за одмор. Плус, имам приметено дека после одмор поправилно ги правам вежбите и повеќе издржувам. Од друга страна пак програмата е по малку демотивирачка, па еден ден за одмор лесно станува 2, па 3, па 4...
Можи да ми кажите кои вежби да ги вежбам ама за слабеење не за затегнување заедно со ун диета 30 Day Shred овие ги гледав ама ми е страв да не се зацврстам а сакам да ослабам
Почни со Ripped in 30 слично е на 30 day shred ама разликата е во тоа како да споредиш југо со мерцедес.И немај гајле нема да се зацврстиш туку ќе ослабеш.Иначе треба да го симнеш ripped in 30 мислам дека го нема на јутуб.
Moже ли некој подетлно да ми објасни како одат вежбите секој ден исто се вежба?? како одат левелите по 10 дена ?? значи 10 дена ги вежбаш исите вежби и после пак го започнуваш левел 2 и пак 10 дена ги вежбаш истите вежби од левел 2 итн така или ??
Јас вежбав секој ден без одмор еден месец, значи 10 дена левел 1, па 10 дена левел 2, и на крај 10 дена левел 3. Доколку правиш пауза 1-2 дена во неделата би ти препорачала пак да броиш 10 дена вежбано од секој левел, што значи дека ќе завршиш за месец и десетина дена.
После завршувањето на 30 days shared,сакам да почнам со ripped in 30.Дали се вежба на исти начин како и предходново 30 дена,по 10 од прилика?
Ripped in 30 е со 4 видеа , и секое се вежба 5 - 6 дена во неделата ( според прирачникот ). Инаку принципот е тој, 3 : 2 : 1 и има вежби кои се исти со 30 days shred, ама сепак се за нијанса понапорни
Jillian Michaels: 6 Week Six-Pack Abs Workout- Level 2 или 3 не можам да го најдам никаде ајде ако има некој линк торент нека сподели
Дали banish fat boost metabolisam,no more trouble zone i body revolution се вежбаат по делови како 30 days shared на пример или наеднаш.Ако може некој да ми ја каже програмата за вежбање за овие видеа.фала однапред.