И јас мислам дека е 3 недели првото ниво па после 3 недели второто. Секогаш можеш и подобро или побрзо да ги правиш вежбите (браво за тебе ако од прва без проблем ги правиш супер како таа од напредната верзија). Уживај во вежбите и не се напрегај да напредуваш пребрзо. Мене и левел 1 ми се поубави вежбите одколку 2
Девојки пошо имам јас проблеми со грбот мислам малце ми е искривен,а и плус сакам да ги зацврстам нозете што мислите даи овие level1 потоа level2 и level3 би ми помогнале за грбот мислам ако сте информирани дали би ми помогнале.. Фала ви многу однапред
http://kickass.to/jillian-michaels-30-d ... 46336.html еве ти торент. Ова јас што го вежбам е 30 days shred, значи едно ниво трае 10 дена. Линкот погоре е од тие вежби.
Ај да ме просветли некој. 30 day shred има три нивоа. Секое ниво има по едно видео со вежби или повеќе?
1 прашање феминки : Сакам да почнам со 6 weeks 6 pack и ме интересира дали некој ги има вежбано овие вежби и како сте задоволни со резултати?
Јас сум при крај со level 1 од 30 day shred и има резултати. Тоа ме радува најмногу! Напорно е, ама се исплати.
Денес втор ден од 30 Day Shreed. Имаше некои кризни минути кога мислев да се откажам, ама брзо ми поминаа. Пливам во пот, значи има ефекти. Се сликав каква сум пред да започнам да вежбам, па ќе видиме какви резултати ќе добијам на крај. Верувам дека ќе се исплати. YOU CAN REST WHEN YOU GO TO BED!
Јас од утре почнувам со 30 Day Shred. Го имам вежбано ама не по планот, туку со скокање. Ама од утре појако! Држете среќа, ќе успееме!
Јас пробав два дена, ама се живо ме болеше. Вториот ден ми беше полесно, некако не ги ни осетив 30те минути. Ама затоа утредента одвај се движев. Решив прво да правам паралелно вежби за нозете и стомакот, да ги оправам малку мускулите па после да почнам пак со 30 day shred.
Едвај ќе се движиш само еден ден, после тоа се навикнуваш. Според мене програмава е наменета баш за луѓе без кондиција и со тек на време ја стекнуваш.
Од утре и јас ги почнувам,30 days shred. Планирам да ги вежбам со интензивно кардио,латино фитнес и вежби за раце,комбинирано. Значи,ги уфрлам уште овие. Понатаму,планирам да ги вежбам и другиве од Jillian.