И јас ги имам вежбано 6 week six-pack, напорни се ама има брзи резултати. Сега почнувам со 30 days Shred .. Среќно на ситее што почнуваааат !
Е ова не го очекував... Дека имам мнооогу слаба кондиција не ни ја отварав темава очекував вежбите да се за некои професионалци. И од љубопитност сега ги пробав, и се зачудив дека ги направив сите Вежбав со шишенце вода (такво ми се најде при рака) и некои вежби ги правев за напредно а некои за почетно ниво. Ајјј се измотивирав сега, од понеделник почнувам и јас П.С. Слабо кардио има, а сакам јас малце и салце да симнам значи ке треба и плус кардио да вежбам
Од синоќа почнав со првото ниво и само 10мин успеав да извежбам,кондиција јок,инаку несакам да ослабам само да се затегнам,и ме интересира дали секој ден од 30те дена истото се вежба,т.е. првото видео што трае 27мин?
Мене денес ми е 9ти ден од вториот левел 30 day shred и супер ми оди. До душа, јас кога почнав со програмава имав кондиција од пилатесот, единствено малку кардио вежбите ми правеа проблем, ама ги издржував. Второво ниво ептен ми се свиѓа, дури и повеќе од третото. Ги разгледував вежбите за третото ниво, ама некако не ми се толку интересни како овие Инаку, читам низ темава дека правите пауза, јас па ниту еден ден не прескокнав. А планирам здравје откако ќе завршам со ова, да продолжам со Ripped in 30. Туку сакав да прашам, за Body Revolution има ли некаде торент? Најдов низ темава некои линкови, ама не ми ги отвара
Здраво женски. Јас почнав да вежбам Body Revolution. Денеска ми е 13ти ден. Пазам на исхрана, не јадам благо, леб, газирани пијалоци, алкохол т.е ништо не јадам освен пилешко, јајца, туна, овошје, зеленчук и понекоаш корнфлеикс сабајле. Вежбите ги правам секој ден, немам пропуштено ниеднаш, успевам да ги направам до крај иако после 20та минута и веќе станува потешко и на крај вода тече од мене. Ослабната сум само 2кила (или па вагата не ми е точна) Не е дека се демотивирам, забележувам некои промени на телото, ама многу бавно оди. Сакав да ве прашам дали е боље Body Revolution или 30 day shred ? А мене стварно ми треба да ослабнам. Едно 10тина кила секако!
Јас 30 Day Shred го истерав, сега сум последна недела од Ripped in 30. Body Revolution ти е најдобра програма од овие 3 за слабеење, најмногу кардио вежби има. A за вагата - остави ја, може само да те демотивира. Најубаво е во обем да се мериш, ама сама ќе забележиш разлики и по облеката.
Ги имам вежбано и двете програми и можам да кажам дека Body Revolution е подобра за симнување килограми. Не можам да ти кажам колку ослабев затоа што никогаш не се мерам на вага, туку си гледам според облеката. Каишот го поместив за две дупчиња (на потесно), ваљда тоа кажува дека има резултати.
Body Revolution се 90 дневна програма за симнување на килограми,така? Јас почнав од вчера,денес ми е втор ден.Барав низ темата и никако да се снајдам,односно имаше поставено линкови,но мене ништо од тоа не ми беше во прилог.Не ми се отвара. Инаку најдов на youtube Body Revolution Cardio 1 (кое веќе го вежбам) http://www.youtube.com/watch?v=scG5InxyxhY Дали правилно почнав со Body Revolution? Дали овие вежби кои ги постирав се почетокот од 90 дневната програма?
^ не. Ова е целосната програма: Јас не можев да ги најдам сите вежби на јутуб и затоа почнав со кардио 1. Спојлер http://honestworkoutreviews.net/jillian-michaels-body-revolution-schedule
Јас завршив и со Ripped in 30, па сакав да прашам - No More Trouble Zones е едно видео, така? Најдов торент, го гледав на јутјуб, само не ми е јасно колку треба да се вежба. Нема никаков распоред и е само едно видео од 1 саат отприлика, па малку ме збуни. Колку што гледам претежно се strength вежби, што ми одговара, и би можела од прв ден да го истерам цел саат. Ама не знам дали е препорачливо секој ден да се вежба ова... И уште нешто - Yoga Meltdown го вежбал некој? Се мислев да го искомбинирам со No More Trouble Zones. Дефинитивно ќе продолжам со Џулиен, и двете програми што ги поминав беа супер и сум презадоволна.
Не би ти препорачала да го вежбаш цело видео може да го комбинираш со Banish fat boost metabolisam тоа се кардио вежби. Исто и тоа е поделено на неколку дела. А можеш и со јогата. Ама ако ги вежбаш само no more trouble zones гледај да вметнеш и кардио.
Јас се мислев No more trouble zones да го вежбам 3 пати неделно да речеме, секој втор ден. А измеѓу тие денови да вметнам некои други кардио вежби. Прво мислев од Body revolution, ама сега и ова што ми го предложи ми фати око
Па Body revolution ти ако имаш многу за слабеење ако не тогаш нема потреба таму има премногу кардио. Ако сакаш можам да ти помогнам да ги искомбинираш вежбите.
Јас немам многу вишок за симнување, повеќе целам кон затегнување. А од Body revolution сакав само определени вежби да земам, за секој втор ден да имам малку heart rate вежби Програмава на Џулиен 3-2-1 ептен ми се свиѓа, има од сѐ по нешто, таман да се затегнеш, а богами и да се испотиш. Па може ќе си направам сама некои комбинации, а и јога вежбиве ми фатија око. Фала ти многу pato, ќе пишам во темава импресии со што и да почнам од утре