Ги тргнале од пред некој ден Еве од тука само што ги симнав. http://fastpiratebay.eu/thepiratebay.se/torrent/7181421/Jillian_Michaels_Body_Revolution
Значи сакам да ги почнам вежбите, имам бајги за слабеење па ке ве прашував дали ке ми се погодни, да не се напрам само мускул а да ми останат и рацете и нозете големи? сакам да ослабам од прилика 20 кила....не можам да се запишам на вежбање, па затоа одлучив дома да почнам да вежбам и нормално да воведам нов режим на исхрана, па кој е со повеќе искуство со вежбите на џилиен можи да ме советува, Фала однапред
Јас еве ќе би кажам резултати од Body Revolution. Оваа недела ја завршувам 7мата недела. За 7 недели ослабнав 6кг. Телото почнува да ми се менува. Направив половина, градите ми се намалени, нозете затегнати. А и се ограничувам доста со јадење. Благо, леб, алкохол НИКАКО! Јадам овошје, салати, месо, јајца и млечни производи. Бавно оди, ама НЕ СЕ ОТКАЖУВАЈТЕ. Не ви кажувам дека ќе биде лесно, туку дека ќе вреди!
Искрено, вежбиве ми беа напорни, се откажав по месец дена и преминав на програмот на Cindy Crawford. Сепак, секоја чест за Jillian, женава е лавица и прекрасен мотиватор. И секоја чест за вас кои ги практикувате овие вежби, не се ни малку наивни.
Од второто ниво на 30 day shred многу почнаа да ме болат колената. Никогаш не сум имала болки во колена претходно, ама не сум ги ни оптеретувала многу . Има ли некој слично искуство? Како и да е пред некој ден рестанав да ги правам, имав 2-3 дена пауза и денес ги пробав 6 week sixpacks, ама не ги издржав до крај, малку пред крај се опткажав, инаку утре од кревет немаше да можам да станам .
@Ariel јас не се сеќавам на вториот левел од 30 day shred (дека го вежбав и Ripped in 30 одма после тоа, сега ми се измешани вежбите во глава). Ама баш отворив да видам што сум пишала на форумов и читам: 8ми ден од вториот левел 30 day shred, чувствувам болки во колената Така што не е до тебе, туку до вежбите. Башка што јас летоска на планина вежбав, па и пешачев по планини секој ден и тоа ми беше додатен замор. Јас како затерав со Џулиен од летоска, не се откажав од неа, ептен ми се свиѓаат програмите. Сега хит ми е No More Trouble Zones и чекам да видам што ќе извади следно
Вака сакам да ве прашам...јас имам околу 7-8 килограми за симнување и планирам да ги почнам 6 weeks 6 pack немам многу кондиција но ке се потрудам. Какво е вашето искуство со нив, колку имате ослабнато до сега? Дали треба level 1 да се вежба 3 недели па level 2 пак 3 недели или грешка сум?
Мхм.. а какви резултати имате со 30 days shred? Колку килограми отприлика може да се симне за тие 30 дена со тие вежби?
Неможам точно да ти кажам колку може да се ослабе со нив бидејќи има други фактори кои влијаат. Вежбите се комбинација од кардио и strenght и според мене се едни од најдобрите домашни вежби за слабеење. Почни со ripped in 30, мада и 30 day shred е слично само што ова првото е поново нема некоја голема разлика.
@Ruza.Ruzica ако почнуваш некоја од програмите на Џулиен, мој совет е да се измериш во обем прво и да не се раководиш според вагата. Затоа што на вага може и да не мрднеш од килажата, ама во обем да се намалиш. Јас програмите ги терав како што беше препорачано - секој ден, без паузи. И верувај дека многу убаво ги дефинирав мускулите, по облеката приметував дека сум намалена во обем. Сега носам помал број на пантолони, а на вага дали едно кило сум симнала.
Јас ги поминав 30 days sherd, сега сум на 20 и некој ден од 6 weeks 6 packs, и просто ја обожавам женава. Со мерак станувам сабајле и вежбам. И јас исто како АнаКаренина, како си пишува така вежбам секој ден, некогаш правам одмор еден ден во неделата. Ама сеа од коа ќе ја завршам и оваа програма незнам која да ја почнам. Дај препорачајте ми некоја. Значи слаба сум, никако не ми треба ослабнување, само сакам мускули да оформам, ама не сум сигурна која програма да ја почнам.
@Angel.girl а да ја почнеш No More Trouble Zones? Јас ја вежбам секој втор ден, повремено знам да направам пауза и наместо тоа да вртам точак, или да трчам. Ама еве веќе некој месец истото видео го вежбам и се уште чувствувам болки во мускулите. Нема кардио вежби (освен при загревање), strength вежби се цело време. Еве го видеото, баш разгледај ги вежбите
Е баш ти фала @AnaKarenina, да ја довршам оваа програма и планирам таа да ја почнам пошо стварно не ми треба кардио. Единствен минус кај џилиен ми е што нема режим за исхрана, или па јас не сум се разбарала, ама сепак омилена е.која мотивација ја дава, некам да престанам да ја вежбам. Че ве известам за новава програма
Ох девојки а кој левел е најдовар за стомак зошто вака сум слаба и треба само околу 3 кг да симнам ама овој стомак малку ме нервира. ЈАс и не јадам многу калорична храна ,внимавам што како јадам само плс што би ми препорачале така за зацврстување на стомак.
Е пак јас ...знам дека сум досадна ама 2 и 3 левел на youtube веќе ги нема ,а на торет кога отидов да ги симнам антивирусниот програм не ми дозволува . Ќе сака ли некој ако ги има да ги постира .