Јас веке 8 ден ги правам вежбиве и потполно сум сигурно во себе дека ке успеам.Одлични се и веќе ја осеќам разликата во тоа каква бев и каква сум сега. Инаку за сите што велат дека вежбите се тешки,да во право се но тоа е само на почеток.Потоа телото се навикнува и вежбите нас ни изгледаат полесни.
еве ме и мене луѓе..послем вчерашниот ден,оцабајле на вага се шокирав ..никогаш не сум ослабела 800 грама за еден ден.Денес се изнајадов за ручек а и послем тоа благо и смоки изедов и сега мора да ги потрошам односно идам да вежбам..па ај на сите нека вие со среќа џулиан д бест
Ај вие поискусните, мора со тегови да се вежба? И колкави се отприлика, 1,2 или 5 кг Да знам дали да купувам или не?
јас вежбам со тегчиња од 1кг а сеа се мислам да си купам од 2 оние со се у веро деф имаш поголем ефект со нив а и добри се за топење на масти... Имаш у веро од 1(280ден),2 и 5кг а ови незнам колку точно беа
Јас од денес, т.е. од вчера ги почнав вежбите на Џилиен, и мора искрено да си кажам дека од прв пат не успеав целото видео да го направам. Стигнав некаде до пола од вежбите и папсав. Немам ич кондиција за кардиото, и веднаш ми се стресоа нозете. Се улежав ептен оваа зима. Се надевам дека со тек на време ќе успеам со вежбиве, бидејќи изгледаат доста лесни.
Jillian Michaels ми е на репертоар секој ден. Нејзиниве вежби можам да ги вежбам, за разлика од некои други по нетов... некако од сам почеток сум помотивирана да ги правам секој ден, за разлика од претходно што сум вежбала. Само првите два дена ми беше тешко, ме болеа мускулите, ама затоа веќе третиот ден можев целосно да го истерам цело видео од програмата 30 day shred. И морам да признаам многу поубаво се чувствувам, полна со енергија, а не уморна, како порано. Можеби дека имам мотивација плус Ми останаа уште два дена од првото ниво, потоа преоѓам на следното. Девојки, нема да погрешите ако ги вежбате овие вежби. Јас имам проблеми со грбот (дископатија), ама со вежбиве (да чукнам во дрво), грбот не ме боли, напротив, чувствувам дека мускулите ми се зајакнуваат.
Мене ми треба една мала помош од поискусните девојки.. Пропуштив еден ден од второт ниво затоа што многу ме болеше стомакот,па сега имам грижа на совест нешто да не ми се поремети диетава.Ве молам помогнете ми имам ОГРОМНА грижа на совест.
http://www.youtube.com/watch?v=kDwdturFDJs Го најдов и ова видео кардио-кикбокс малку е потешко од овие другиве ама за топење на масти е дефинитифно топ а башка Џилијан ми е смешна бидејќи ги прави сите вежби комлпетно а јас ја гледам како се мачи и она а и јас
Да прашам , дали ќе има некоја разлика ако се вежба без тегчиња? и ако има разлика од каде да си купам тегчиња
Нема разлика, јас вежбам без тегчиња, па има резултати. Не се wow, ама ги има. Инаку, ни тегчињата не се скапи
Секако има разлика со тегчиња ќе има поголема разлика но сепак се е тоа индивидуално ако се чуствуваш способно да вежбаш со тегчиња тогаш вежбај а ако не продолжи без тегчиња.А тегчиња имаш во џамб од 1кг беа околу 270 ден
Јас вчера почнав, и денес не можам да мрднам ќе ппробам после да удрам една партија ама ептен се ме боли. Инаку во моментот немав тегчиња па наполнив 2 шишенца вода од по пола кило додека не отидам во Џамбо ќе завршат работа. Инаку улежана сум до немај каде - кога се задишав вчера, бебево се чудеше, не знаеше како да реагира сиротото
и јас вежбам со две шичиња од пола кило инаку 3 ден веќе ги прам вежбите, вториот ден страшно се ме болеше ама издржав и ги направив
Само што завршив со левел 1 од 30 дена тие што се .. Ама нешто ме плаши девојки .. Додека ги правев вежбите мускулите ми се тресеа и дишењето ми беше потешко што сигурно не е добро.. Сакам да ве прашам сте почуствувале и вие исто ? Дали е нормално или ?
Се разбира дека е многу нормално башка ако си била подолго време неактивна ова е сосема нормално .И мене ми се случи истото