Мојот фитнес ден (+ мотивации) Лилит, вчера завршив со левел 1, денес почнувам со левел 2. Верувај дека ако ги правиш баш како што треба (со тегчиња и без одмор, под правилен агол) ќе видиш дека имаат супер ефект. Вчера го гледав вториот дел и само од гледање сфаќам колку е напорно и тешко. Ама барем знам дека секој дел ми опфатен во тие 27 минути. Плус, јас си скокам на замисленото јаже уште додатни 10 мин и тренингот ми трае 40тина минути.
Мојот фитнес ден (+ мотивации) Абе јас ваљда дека ги правам тие од тренинг клуб на Најк, кои од старт по напор се на левл од вторите, заради тоа овие не ми делуваат тешки. Што знам...
Прв ден ми е денеска. Се обидов сите да ги направам како што треба, е сега ќе продолжам уште наредниве 29 дена и ќе видам какви резултати има.
http://www.youtube.com/watch?v=q5nyrD4eM64 го најдов и ова.Иначе јога е јас ја немам вежбано па повелете
женски јас почнав со овие вежбите за намалување на стомакот али многу ми се тешки ... е сеа сакам да ве прашам дали ми ги препорачувате овие 6 неделни вежби http://www.youtube.com/watch?v=ZJ8Zdj0OPMI или овие што се со 3 нивоа за 30 дена? пошто имам голем стомак и сакам да го скинам... позззз
овие се супер.јас ги имам вежбано и се имам вода направено.се има во нив кардио,вежби за нозе,раце,задник,буквално се но ако имаш вишок на стомакот почни со некои кардио вежби како трчање енос го прочитав последното,ако сакаш да ослабиш подобро ти е тие со 30 дена иако ги немам вежбано знам дека многу луѓе постигнале ефекти
Да подобро 30 days shred а после овие а можеш 30 days shred да ги правиш повеќе од 30 дена зависи од тоа колку можеш да издржиш и колку си физички активна
Феминки, го имам завршено " 30 day shred " и сакам уште и уште. Џилиан е одличен фитнес тренер! Проблемот е тоа што сакав да ги ослабам нозете а само ги затегнав, а ослабнување имам на стомакот т.е. "спољерите"... Ама во секој случај ја препорачувам.
Можеш 6 week 6 pack за стомачните и има и no more trouble zones за кој дел од телото ти сакаш.Иначе мислам дека body revolution го нема онлине а ни за симнување
А Ripped in 30? Гледам по нет и тие се испофалени Јас ќе ги барам нив од кога завршам со 30 DS. Туку, се си мислам дека би требало да има денови за одмор, и тоа еден ден кардио во полесна варијанта некоја и еден ден за одмор... Ама што знам... По интернет се и сешто пишува, демек ако скокнеш ден, после било тешко да продолжиш, демек многу демотивирачки биле, ама Џилиан знам дека препорачува ден за одмор. Плус, не дека ми се нешто екстремно тешки, секако се навикнав веќе, туку почнав да чувствувам некој напор на зглобовите, и страв ми е да се опуштам целосно, затоа што мислам дека секој момент може да се повредам... Ама пак, ќе пробам денес, ако мислам дека можам вистински да ги правам вежбите, ок, ако не... ќе ги заменам со зумба или тае бо... А ако успеам пак да ги направам, секако ќе додадам зумба плус, ако имам време
Прашањево не ми е соодветно за темава али неможев да најдам друга.. значи ги правам и овие вежби и идам на зумба.. и сум така малце полничка не многу али си имав сало.. и сеа почнав многу напорно да вежбам скоро месец дена, али диета не држам само го намалив благото и газираните сокови.. но чуствувам ко мускулите на нозете да ми се затегнуваат а не да слабеат. Не ми се намалува обемот на нозете туку листовите на нозете ми се поизразени ко муслули непто.. дали со тек на време ќе ослабат или пак треба диета да држам..
Повеќето ги имам спуштено од Џилиан, сакав да почнам со Banish Fat Boost Metabolism, гледав позитивни коментари по форуми за оваа програма најмногу била наменета за слабеење. А "No more trouble zones" дали си го вежбала или некоја друга феминка можеби?? А за 6 week 6 pack не би сакала бидејќи немам проблем со стомакот. Фала за совет
Сум ги вежбала и одлични се, всушност сите од неа ми се супер а no more trouble zones се повеќе за затегнувње на кој дел од телото ти сакаш. banish fat boost metabolisam е повеќе како кардио и да ако можеш да ми дадеш линк за симнување на body revolution ако има фала ти
Jas vezbam pola sat na sabajle i pola sat navecer. Prvo vezbam edni a navecer mi se zadolzitelni 6 week 6 pack. [mod-kirilica:3cdciwo9][/mod-kirilica:3cdciwo9]
Втор ден денес. Неможам да одам. Ми се тресат колената. Секако, не успеав да ги направам сите, склековите малце ме зезаат. Ама, ќе успеам, знам, морам. Инаку, ги правам тие 30 day shred и тие за стомачни
Само што ги завршив вежбите со три нивоа првото го почнав денес и навистина е мн напорно но вреди иако немам ништобза симнување сакам телото да го затегнам највеке стомакот и нозете...па ај со среќа нека ми е...
Го почнав 30 day shred и еве втор ден го завршив.. Веднаш чуствувам малку цврстина на мускулите на нозеве Ај со среќа нека ми е да го завршам до крај па ќе пишам за резултати