Денеска завршив со првиот левел и можам да кажам дека навистина има резултати. Е сега јас покрај вежбањето пазев и на храната, можеби и тоа има удел не викам не, меѓутоа сфатив дека мора да се биде упорен ама навистина упорен и вежбите да се прават најдобро што се може. Така што јас од утре почнувам со Левел 2 кој воопшто не е за потценување. Ама тоа што се мора лесно е.
Пред околу еден месец завршив со 30 Day Shred и како заклучок можам да кажам дека не сум целосно задоволна. Отстапки направив 3 или 4 највише,значи толку дена се на се имав прескокнато. Како резултат добив цврсти мускули на нозете и малку многу малку во обем бев ослабната.Јас не се мерев кога завршив но сигурно бев само 3 кила ослабната. Можев и подобро да поминам, внимавав колку-толку на храната но тоа не беше доволно.Јас си се обвинувам себеси. Сепак, ако веќе ги вежбате овие вежби или сте во план да ги почнете ви препорачувам да ги правете баш онака како што таа покажува и со внимавање на храна дефинитивно ќе добиете добри резултати.
Мое мислење е дека вежбиве мора да ги правиш паралелно и со некој вид на режим на исхрана. Немора тоа да биде некоја строга диета или незнам што. Значи мора да се пази на исхрана зависно од тоа колку сакаш да ослабеш. Според мене е невозможно да направиш добро тело и да ослабеш само со вежбање, а притоа да јадеш што сакаш и колку сакаш. Е сега тоа е според мое искуство. Зборам за сите вежби од Jillian Michaels не само за овие што си ги постирала.
Денес ден 8 наскоро ќе го почнам второ ниво. Има ли некој да сподели искуство за како оди преминот од едно на друго ниво? Се плашам дека е многу тешко и дека може треба да останам уште некој ден на прво ниво, А за резултати...јас не гледам, сантиметарот не гледа а маж ми вика дека телото ми се обликувало Ај да не се разочарувам ќе чекам до крај да издржам па ќе кажам заклучоци.
Кога ќе се почуствуваш спремна тогаш премини на следното ниво прави го и 20 дена но само тогаш кога ќе се почуствуваш спремно премини на друго ниво.А резултати ќе имаш не се грижи телото ќе почне да се обликува.
Спојлер Еленче, а се истегна ли кога ги прекина? Никогаш не заборавај да се истегнеш, вежбање без загревање и истегнување се најголемите грешки што може да ги направиме. Ако не си се истегнала, тогаш 90% ти е од тоа болката во мускулите. И јас така се зафркнав еднаш, ги почнав вежбите и снемав нет на пола па не ги довршив. Утредента се ме болеше. А после неколку дена кога редовно си ја почнав програмата, ги издржав цели вежбите без никакви болки утредента, само мала напнатост во мускулите.
Па сега вака, денес ми е 2ри ден од 2риот левел, немам ниту еден ден пропуштено, супер си се осеќам, но сакам кога ќе завршам со 30 Day Shred да започнам со Ripped in 30 ама неможам да го најдам видеото на јутуб.. Некој ако може да ми даде некаков линк?
Има, што ќе ме частите ако ви дадам http://kat.ph/jillian-michaels-ripped-i ... 86648.html Е за body revolution нема... А баш би сакала... Инаку, Михаела... Не се префорсирувај толку, и јас вежбав секој ден без паузи додека не ми излее нешто да морам да паузирам 2 дена. После таа пауза многу поправилно ги правев вежбите. Совет од Џилијан е да вежбаш 5-6 дена неделно, но секогаш да одмориш барем еден ден, т.е вежбај 5 дена 30 day shred, еден ден нешто полесно, чисто кардио... и еден ден одмарај. Ама на крај краева, гледај си како ти функционира на тебе најдобро, оти па вака си знаеш што ти е обврската секој ден, па ако скокнеш еден ден многу лесно е да се демотивираш и да се откажеш. А 30 day shred е одлична вежба. Ќе видиш кога ќе почнеш третото ниво, колку ќе бидеш изненадена од издржливоста и јачината што си ја добила. Јас за жал не успеав да ја довршам... Само 2 дена од третото ниво поминав, ме притиснаа премногу обврските... Ама здравје од понеделник од почеток, само сега ќе одам по тој распоред, 2 недели за ниво, 5 дена 30 day shred, еден ден зумба, тае бо, трчање или BFBM и еден ден за одмор. Или пак ќе почнам со Ripped in 30, ќе видам.
Девојки Дали со овие вежби на Jillian Michaels само се затегнуваат мускулите или се намалува обемот на нозете т.е. се слабеат? Јас сакам да ги ослабам, а не како што ми се сега дебели само да ги затегнам, па пак да изгледаат дебело.
Денес ми е втор ден од второто ниво, 30 days shred и морам да признаам дека ми е далеку поинтензивно од првото. Вчера направив една подолга пауза меѓу вежбите, што знам дека не треба, ама затоа денес се поправив. Совет до сите кои ги правите вежбиве - кога ќе завршите со еден левел, направете максимум еден ден пауза. Јас не вежбав цели три дена и затоа вчера скоро умрев додека вежбав. Инаку до девојчето кое праша за слабеење на нозете, искрено и мене нозете ми се проблем, но освен затегнатост, не гледам друг резултат. Сепак е рано да се каже, да не те обесхрабрувам. Пробај ги овие вежби за нозе, можеби ќе ти помогнат. http://www.youtube.com/watch?v=z59Ew3Sjzrs
Денес ми е 8-ми ден од 30 Days Shred и сум презадоволна, од сите можни испробани програми за вежбање што се вртат по нетот, ова засега убедливо ми е врвот. После вториот ден мускулите ме болеа ужасно многу, но не направив пауза, продолжив и планирам без пауза да ги истерам останатите 23 денови. Ја обожавам Џилиен, охрабрува и мотивира и не знам зошто некој би ја исклучил на mute додека објаснува и би си пуштил музика, мене нејзиниот глас и совети ми даваат поддршка да завршам со левелот. После планирам да продолжам со No More Trouble Zones, па со Yoga Meltdown, програмите и се беспрекорни и сметам дека со соодветен режим на исхрана се постигнуваат многу солидни резултати. Се слабее и во килограми, и во обем, се затегнува и се подобрува тонусот истовремено. Одлично е 30 Days Shred, го препорачувам.
Денес 15ти ден и немам забележано значителни промени а се трудам навистина да ги направам правилно и не правам паузи нити пак сум прескокнала ден Ќе бидам упорна и ќа ја завршам програмата ама искрено не верувам дека ќе бидам shreded Ќе си останам мрсна засекогаш
После долго барање на соодветна програма за вежбање 30 Day Shred е моето најголемо откритие. Убаво се осмислени вежбите, со соодветна тежина за секој циклус, мене ми помогна многу во симнувањето на килограмите, првиот и вториот циклус ги вежбав без прекини ама после некако ги запоставив вежбите повеќе на исхраната намалив...како и да е жената е професионалец и покрај тоа што ја обвинувале дека е само обичен актер од америчко производство. Топло го препорачувам на сите!!!!! p.s. Истегнувањето ми е јаготка на шлагот
^ Ја обвинувале, некоја австралијанска телевизија ја обвинила мислам, ама таа им покажала како доказ дипломи и им се заканила со тужба. Ама тие и се извиниле јавно, па таа ја повлекла тужбата. Инаку на youtube вртат видеа од еден што постира на сите можни нејзини видеа. што кажува дека тој е нејзиниот тренер и дека тој и помогнал нејзе да стане од буце до тоа што е денес. И демек таа го користела неговите програми и сите негови совети, демек станала копија на него, и на него тоа не му пречело се додека не почнала да продава некој шејк во кој наводно имало некои канцерогени состојки. И 300 приказни други. Всушност факт е дека конкуренцијата секогаш ќе се обидува да ти наштети, а Џилијан се покажа како врвен тренер. И плановите за исхрана и се добри. 3 оброка од по 400 калории и една ужина од по 200. Убаво испланираани рецепти, и како што вика таа не те обврзува дека мора тој ден тоа да го јадеш. Ако сакаш ти избери си кој појадок ти е највкусен и јади си го истиот секој ден. Јас сум презадоволна од нејзините вежби. На вага не се мерам, ама телото ми стана гром, не можам да престанам да се гледам во огледало и тоа без никакви промени во исхраната, плус не ја ни довршив програмата, само 21 ден истерав и после морав да престанам, ама иако престанав телото продожи да ми се менува Ама од денес и се враќам на вежбањето, на знам што ќе вежбам ама дефинитивно ќе биде Џилијан... Да го задржам тоа што го имам и да постигнам уште повеќе
јас од утре почнувам да вежбам 30 Days Shred денес ми е 30 ден од ун диета и заедно со вежбиве се надевам дека ке дојдам до посакуваната тежина ке ве известувам како ми иде
http://thepiratebay.sx/torrent/7181421/ ... Revolution http://www.monova.org/torrent/5688003/J ... ution.html Пробај ги.