Прв ден од LEVEL 2 (30 days shred), како грев сум се влечела по паркет, како растопено скапано желе, како мастика на жежок асфалт, како патник во 23ка без клима сред јуни месец на 38 степени... Се надевам ќе се исплати овој труд и оваа мака, поминав се` од вежбите колку што можев најдобро, ама кревањето тегови нагоре со двете раце и балансирање со една нога која се витка и не смее да го допре подот мислам дека ме докрајчи поштено...
незнам дали смеам да постирам други фитнес програми овде кај Џилиен ама морам оваа да ја споделам со вас http://www.youtube.com/watch?v=ocWjGpBrTjg во ова видео се ставени повеќе видови на вежби и затоа е многу долго, на каналот ги има вежбите поединечно во зависност од вашата желба за вежбање...
[/quote] Еве за тебе http://www.youtube.com/watch?v=ZJ8Zdj0OPMI вежби само за стомачните :up:[/quote] дали знаете за Левел 1 рутината како е, мислам колку пати неделно? Уште едно прашање, со што е подобро да се почне 30 days shred или Ripped in 30?
Еве за тебе http://www.youtube.com/watch?v=ZJ8Zdj0OPMI вежби само за стомачните :up:[/quote] дали знаете за Левел 1 рутината како е, мислам колку пати неделно? Уште едно прашање, со што е подобро да се почне 30 days shred или Ripped in 30?[/quote] Можеш од 3-5 пати во неделата зависи дали тренираш нешто друго а 30 i ripped in 30 ти се воглавно исти само разликата е во тоа што 30 shred е постаро од ripped in 30 уствари тоа е како да возиш фичо место ферари ама и од двете ќе имаш ефект.
http://video.yandex.ru/users/idealbodyorg/view/43 Ова го немам пробано ама планирам иначе вежбиве се за нозете т.е бутовите
Женски, дали од вежбиве се слабее или само се зацврстуваат мускулите? Бидејќи јас сакам прво да ослабам, а потоа да ги зацврстам мускулите... Инаку денес ми е трет ден од Level 1. И секое мускулче ме боли. Ама мислам дека ќе се исплати.
^^ левел 1 од кои вежби? јас ги вежбам Body Revolution веќе 2-2ипол недели и почнувам да гледам промени, мали но има Пробај со овие вежби, бидејќи се за слабеење. Jillian вика дека се за екстремно губење тежина, но ако ја држиш и диетата што она ја препорачува. Јас не држам никаква диета. Јадам мали порции почесто во денот и нормано внимавам што јадам, што поздраво, повеќе зеленчук и овошје и многу вода. еве ти линк за вежбите јас од тука ги симнав, го има и планот за исхрана тука. https://thepiratebay.sx/torrent/7181421 ... Revolution
body revolution е ако имаш многу килограми за губење над 15кг. а 30 days shred i ripped in 30 се комбинирани кардио и зацврсутвање и може да ги вежбаат тие што имааш малку за губење.
Па почни со 30 days sherd и не се плашете толку дека само ќе се набилдате а нема да ослбете бидејќи колку повеќе имаме мускули повеќе калории согоруваме и кога не сме активни.А со 30 days sherd ќе почнеш да го обликуваш телото.Поздрав
Колку кардио има во вториов левел на 30 days shred Вчера втор ден, мислам дека срцево ќе ми прсне. Одвај го чекам третиот левел, таму ми се чини има повеќе strength вежби, а и попознати ми се истите.
Од jillian michaels 6 week six pack колку левели има? Јас имам симнато само левел 1 и 2 (само нив ги најдов).
Го вежбам Banish Foot веќе еден месец, 4-5 пати неделно. Напорно е на почетокот, да, но после 4-5 вежбања ќе забележите колку сте поиздржливи од првиот пат и навистина се исплати. Не го препорачувам за некој што вежба од скоро, но оние со кондиција пробајте
Па мислам дека треба да го вежбаш првиот левел додека не си спремна да преминеш на втор. Она six week six pack е само од комерцијални цели, за убаво да звучи... Таман постепено ќе се навикнуваш на вежбите, поубаво ќе ги правиш и со поголем интензитет - и нормално, ќе има и поголеми ефекти