Јас ги правам Јillian Мichaels 6 week six pack тешкички се ама има резултати веќе го правам Level 1 2 дена па задутре ќе почам со Level 2
1.ден, Левел 1 завршен со мали отстапки Ухх ама се препотив, водопад имам на мене Не можам сите вежби да ги правам до крај, ама ќе се трудам секој ден плус неколку повторувања да успеам.
Вчера и денеска исчитав околу 170 страни на еден српски форум и нема девојка која не е задоволна од програмите на Џилиан, дури има и слики од некои трансформации. Уште поголема мотивација добив, каква теретана, каков фитнес Денес продолжувам со Левел 1, Ден 2.
^ Пробај преку торент да го спуштиш. Инаку вториот ден од левел 1-завршен. Поштено си се препотив ама успеав на некои вежби повеќе повторувања да направам Инаку денес многу помалку ме болеа мускулите за разлика од пролетта кога прв пат го почнав видеово, сега скоро ич. Најверојатно поради тоа што веќе 2 недели претходно бев активна.
Фајнали го најдов 6 weeks 6 pack jillian michaels level 2 http://www.dailymotion.com/video/xqdavl ... drip_sport
Ден 3. исто завршен Денес ме болеа само листовите па намалив малку од кардиото, всушност и сменив некои вежби, таа со „јажето“ Поинаку скокам, ептен таа ме мава на листовиве, а не сакам никаква промена кајј нив :geek:
Мене левел 2 ептен ме бендисуваат вода тече од мене на крајот, буквално вода тече. Не знам како е последниот левел, ама од овој мн сум задоволна. За ефекти, резултати... не знам. Само гледам додека вежбам дека мускулите повеќе се затегнуваат, напорно е ама добро се чувствувам Супер се вежбиве :up:
Јас нешто и се прашував, 3 дена веќе вежбам а освен на листовите немав на друго место скоро никакво воспаление значи ли тоа дека не ми делуваат вежбите баш или па можеби не ги правам ко што треба? Првиот пат кога почнав да ги вежбам три дена имав воспаление, едвај одев, а сега....
Тоа што не ти се воспалуваат мускулите не е лошо нешто, баш напротив. Телото ти се привикнува на таков тип на вежбање, кондиционо си поспособна и повеќе издржуваш.
За резултати во килажа немам а за затегнато тело да ,јас претходно вежбав на орбитрек и +вежби па решив да ја пробам сеа и Jillian Michaels .
Се надевам дека е до издрзливоста, има логика, претходно две недели вежбав на фитнес. Туку мене целта не ми е слабеење во килажа, повеќе да се затегнам и да го стопам салцево, а и по некое мало мускулче не е на одмет Така да, изгледа ги погодив вежбите Јас дури и се сликав кога почнав, па ќе споредам на крај, ќе ставам и тука слики(поготово ако има резултати )
Се работи за тоа кога вежбаме постојано едно исто некое време телото се адаптира на вежбите и затоа не се чуствува ништо.m2m2m2 со вежбиве ти гарантирам дека ќе се затегнеш и ќе добиеш некое мускулче
4. ден исто завршен вчера Туку јас малку како да го сецнав грбот на една вежба, кога се наведнувам ме боли Незнам, дали денес да вежбам, или да одморам за утре или задутре ми беше планиран одмор
Петтиот и шестиот ден извежбани, вчера правев пауза и денес продолжувам со 7. ден од Левел 1. Инаку внимавам и на храна веќе 2 недели некаде и намалив 2-3 килца на 60 сум сега. Доста ми се.
Го вежбав цел месец "30 day shred", и го поминав! Искрено, очекував повеќе резултати, спрема тоа како ме уморуваа тие 30 минути. Неможев на нозе да си застанам. Не го вежбав за да ослабам, доволно долго спортувам, туку ајде го пробав да се дефинирам. Сепак некои минимални резултати имаше кај мене :/ тоа е тоа! Сепак му посакувам на сите да си ги исполнат целите со вежбањето!
Јас денес ќе го вежбам 9.ден од Левел 1. На моменти ми се чини дека има резултати, на моменти ме фаќа депресија по малку и ми изгледа ко да нема Се на се, се надевам дека ќе има до крајот барем мали резултати колку за мотивација да продолжам вториот месец со Riiped in 30 (таков ми е планот). И реално гледано, па и не може за 1 месец да има кој знае кави резултати, си треба повеќе време.