Devojki ajde da vidime kolku ne ima sto znaeme da vezeme I dali znaete nekoe drustvo,sekcija ili klub kade sto vezat.Jas uzivam vo toa,iako koga ke spomenam nekogas mi se smeat,ama mislam deka toa e del od naseto nasledstvo.E pa cekam mislenja.
Порано уживав да везам...ама сега не можам да најдам ниту гоблени ниту конци...Ако наидеш на нешто, пиши Инаку, дома повеќе сакам уметнички слики, а везењето ме релаксира...
и јас порано везев како помала една другарка ме научи ама толку беше едно почнав и недовршив интересно ми е ама за брзо ми се здосадува и оставам недовршено
Mene nikako ne mi se zdosaduva vezenjeto, a bas e za lecenje nervi A konci se naogaat,ama malku potesko,gi ima najcesto vo starite carsii.Toa sto ke go izvezam se najcesto alista na drugarkite ili pak nekoe pernice,ne sum i jas za gobleni da mi visat po zidovite Ako sakate da vi navezam nesto,samo nacrtajte mi go i gotovo besplatno za site forumdzii na femina
Ne mora samo gobleni da se vezat,nacrtaj si ili pak neka ti nacrtaat i ednostavno pravo vezenje i imas ukrasena bluzicka,palto ili bilo sto.Ponudata uste vazi
Vezenjeto e za smiruvanje na nervite - definitivno. Nekolku 'teski' periodi pominav vo zivotot vezejki so meseci (vo mojov slucaj - gobleni)... Sega pak obratno, ne mozam da vezam, ne sakam da mi pominuva vremeto sedejki vo edno mesto tuku naprotiv, sega se preorientirav na sportuvanje kako izduven ventil. Se vo zivotot si ima svoe vreme. Ne sekogas istite raboti ne smiruvaat, ispolnuvaat ili pravat srekni ... BTW, imam izvezeno povekje od 10 gobleni Najgolem del vo periodot koga moeto dete bese mnogu malo i morav da bidam pokraj nego pogolem del od vremeto i goblenite bea super zanimacija za relaksacija koga toj spiese
Аааааа... моето хоби... обожавам да везам, иако не сум фатила игла и ѓергеф одамна... ама дека смирува, дефинитивно смирува и релаксира... после пола саат везење сум ко нова... сакам и да научам да плетам, т.е знам обично, а нешто шари да правам, немам поим... немам време да учам од youtube, а слушам имало супер снимки од кои можело да научиш да плетеш
имам везено како помала, и стварно интересна работа е... ама сега баш и на 20 год немам време за везење
Cе секавам дека имав 9год кога мама ми купи гоблен,беше гоблен со Kасандра и многу бев срекна,ме учеше како да везам,го извезав до пола и после се расфрли некаде се изгуби,колку време помина,кога ја прочитав темава ме потсети на моето детство
Да везам и не ме бидува баш........ но затоа пак плетам, најчесто со чингулаќе.......... на 10години баба ми ме научи и претходно си правев работи за мене...капи, шалови, ташни........ а од пред неколку месеци си отворив и виртуелна продавница на Фејсбук............. па ако сакате посетете ја може нешто ќе ви се допадне. Многу од луѓето што ме познаваат мислат дека се зезам нешто, дека овие работи ги прави некој друг ама кога ќе видат дека навистина јас ги работам тогаш веруваат Но плетењето навистина ме исполнува и смирува! Еве го линкот па ѕирнете http://www.facebook.com/TKbyTklolel
Не сум везела но морам да напоменам дека е интересно хоби.Мајка ми има многу гомблени и се сеќавам кога бев малечка дека везеше,а јас постојано ја прашував како можеш нешто такво да направиш,а зошто тоа не е нешто друго,а не ми било јасно дека по шема се везело.Во секој случај мислам дека е деликатна работа и дека бара концентрација и внимание.Мене не ме е привлекувало никогаш ниту везење,ниту плетење но сепак кога ќе видам гомблен навистина убаво изгледа.Ние дома во една соба имаме три гомблени закачено и јас постојано и велам на мајками да ги тргне,дека сега не се толку актуелни како порано а таа ми вели како да не ,ти да не си ги везела.И неможеме никако да се разбереме.
ееее кој пие кафе пред спиење, ќе везе цела вечер што ќе праи се шалам... порано како малечка почнав да учам да везам, баба ми ме учеше, ама брзо изгубив желба, така да не научив ама ок, не сум некој голем љубител на везењето!!! денес децата везат по фб, на мсн, на гугл... такво време дојде....
Јас како помала везев. Минато свршено време. Имав еден гоблен од мајка ми со двајца голи ама црни на гобленов беа (ништо не му се познаваше де ) на плажа притоа зачинето со зајдисонце. Романтики живи. И ајде мајка ми ме учеше и да везам. Еднаш ми текна сама да земам да повезам и да ја изненадам мајка ми демек еј глеј што направив и тоа сама. Арно ама го заплеткав и тоа скроз. Се изнервирав, го стуткав и во најлончето го оставив. Од тогаш не ми текна да земам да го везам пак Мајка ми си го отплетка и го довеза. Сега ретко ставаат гоблени по собите, да не речам ич. Не е како порано кога се отепувале од везење, ги урамувале и соби си украсувале.
Еххх везење,мајка ми ми кажуваше дека кога тие биле мали се собирале во летните топли денови во најжешкото околу 15 часот пред зграда девојчињата и си седеле и си везеле,оххх колку посакувам да сум била родена во тоа време кога се било толку забавно....Но тоа е....кога бев помала мајка ми ме научи,така да знам да везам но оддамна немам везено,а забавно еособено летно време кога е мн досадно и кога се бара занимации
порано кога баба ми ме учеше да везам многу се нервирав бидејќи нонстоп со тоа иглата си го бодев прстот.. пишувам со лева рака и затоа сум неспретнамалце.Нејсе, сметам дека везењето е минливо хоби , лесно здосадува и на тие што не му здосадува изгледа везат со конци што менуваат бои на 5 минути
И мене ме релаксира плетењето..баш како што викаш, ко нова да сум после плетење. Провери на youtube има многу добри снимки за учење.Јас така научив. Има и многу добри страни и форуми каде може да се научат доста работи Знаеш дека само кај нас е тоа мислење. Ама и покрај тоа мене не ми е гајле, ја си го вадам плетивото и си плетам. Добро сега, не баш насекаде ама не ми е срам или незгодно ако некој ме види. Во странство дури и организираат собири за плетење по кафулиња и разни места. Јад дури бев и во Хрватска на еден плетачки собир
Мама ме научи да везам , ми купи мало гобленче со маче додека го везев небото се бесе лесно ама после кога дојдоа покомплицираните работи се откажав.Си го чувам уште така недовршено