1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Велес

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Offspring, 31 мај 2011.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    :inlove:

    Ете така, се да биде по правила и прописи :) Додуша нема што да се коментира, секако се знае кој е најубав град, од каде се најубавите девојки, каде има најубава скара, и каде е се во суперлатив :lol:
    Се шалам :)

    Дали некогаш сте биле и какво е вашето мислење за Велес? ^_^

    Јас си го сакам најмногу, тука најубаво се чувствувам, секако дома сум си, а како што е дома никаде не е :) И покрај досадните и огромни угорници и ридови мене ми е сепак најубав, најспецифичен град, со богата традиција и култура. Често се случува да не затресе некоја афера и ние најсеирџиски настроениот народ тоа да го коментираме со денови и да ни биде топ тема, но секое чудо три дена трае, се брзо се заборава, се додека не никне некој нов скандал кој пак ќе биде мета на разговори. Имам и неколку ставови околу тоа...
    "Велешани гледаат насекаде, само не во сопствениот двор, а во сопствениот двор купишта г*мна ни куќата од нив не се гледа" :lol:
    Нареднава е општо позната и прифатена како и доста реална меѓу нас Велешани, кој бил во Велес ќе знае за кои места зборувам и на колкава раздалеченост се истите. Поговорката оди вака...
    "Kaj трговски си прднал, а кај јаворот доле разбрале дека си се посрал" :D

    Но и покрај тие работи, јас пак ги сакам Велешани и ги имам прифатено како такви, некогаш се прилагодувам на околината, па не ми доаѓа лошо и мене по некој трач :wasntme:

    А еве и една анегдота...
    "Порано старите Велешани куќите ги граделе со големи чардаци за да можат да гледаат што се случува во дворот на комшијата" :D
     
    На SunshineYo, rici.aaaaa, mila25ve и 6 други им се допаѓа ова.
  2. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Во Велес сум била неколку пати и искрено не ме воодушевил многу- како што кажа Офи, премногу угорници и удолници, па реката- некако морничаво ми делува.

    Сум била во кафаната(ресторан) Снупи- можам да кажам дека јадењето беше супер, а и атмосферата- имаше многу народ, млади луѓе- расположени, ми се допадна целата таа убава енергија.

    И базенот ви е убав, ама езерото не би рекла- премногу несредено, исушена трава- трски, овци наоколу :x , а морам да кажам дека има потенцијал ако се среди :!:

    Сега со ресторанот Брод повеќе заживеа, и мислам дека тоа е добра инвестиција за градот, а за Хотелот Романтик можам да кажам дека претерале со цените, ние друштвото пиевме кафе таму, прашавме за цените и :o мислиш на море престојувам, а не покрај полу-празно езеро.

    Се на се, ок, просечно- како и се друго во Македонија.

    Еј, да, заборавив да кажам- јас тие луѓе што ги знам не можам да опишам колку се прекрасни, чиста спротивност на оние што ги опиша Офи :!:
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Снупи е затворено, најверојатно газдата пропадна, сега ваљда работат само по порачка, а и набија цени многу, порано ако нарачаш до 200 денари (мислам дека толку беше) ти носеа бесплатно до дома, а сега до 500 го направија |( Истиот газда е и на базентот, најверојатно ќе го продава, такви муабети чув, а и официрски изгледа АРМ ќе му го одземе. Еден куп муабети кружат околу тоа ама ќе видиме :)

    За бродот на езерото, да ти кажам право, еднаш имам отидено, и тоа уште кога го отворија и од тогаш не сум била, па неможам да кажам како функционира ама мислам дека многу велешани не одат, повеќе Скопјани и други отстрана :)

    Романтик се прескапи, ама тоа е претерано! Еднаш бев со тетка ми кога дојде од Германија и како демек да сме ручале таму :o цените АСТРОНОМСКИ! Па кој велешанец може тоа да си го приушти бре, освен Франкфурт Мафија и по некој локален газда |( Ама најверојатно и таму има повеќе Скопјани, а поретко Велешани. :)

    Кажујте ако ве интересира нешто, ако планирате да доаѓате а незнаете да се снајдете, јас ќе ви објаснам се што треба :) Ама и не е некој сложен град со многу улици, една улица е главната и сите основни работи продавници/бутици/кафичи се наоѓаат на таа улица. ако се спуштиш од по некој рид, нема шанси да се загубиш, само надоле терај, веднаш излегуваш на главната улица, па така и до автобуска ќе стигнеш :)
     
  4. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Како бре пропадна :o и сендвичарата е затворена :^) ?

    А ептен убава храна имаше, и не беше скапо :)

    Кога се случи “настанот“ :geek: ?
     
  5. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Велес, Велес, Велес......

    Имам дојдено неколку пати.
    ... а кога ќе размислам, па доста сум шетана таму. :D
    На базенот имам отидено (баш Анабела пееше тогаш), во Снупи исто така (ама ете сега го затвориле). Ми се допаѓаше храната таму, ама најубава ми е скарата на жар во едно ресторанче кај што јадевме, ама ич не ми текнува како се викаше, мислам дека кај пазарчето беше (не сум баш сигурна).
    Ама сигурна сум дека прсти излижав таму.
    Оффи сигурно знаеш за кое кажувам? :wasntme:

    Имам дојдено на ручече во Романтик, убаво беше.
    Ептен онака си искулирав.
    Од горе си го гледаш базентчето, сите се пласкаат, ти си седиш. :D

    Во спортската сала сум била (преку гимназија нешто имаше мислам).
    Па се загубивме внатре, се пендеревме не знам ни јас каде. :D :D
    И на крај отидовме на паркот (ако тоа ви е парк). :$

    И бев во еден кафиќ на кафе, интересен беше, ама не знам како се викаше.
    Од спортската сала, се движиш надоле, па вртиш лево и понатака во еден. :D :D


    Е значи цел пост ми е, таму и таму, ама не знам како се вика. :D

    И то је то.
    Интересно гратче, кога ќе навлезеш во него.
    А ако го гледаш отстрана, Вардар, мостот, железницата.... тоа ридиштата..... изгледа морничаво.
     
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Епа човекот сакаше се наеднаш да има. Убаво е тоа, ама реално не е лесно остварливо. Почна со продавање лимонада под гимназијата каде што е сега црквата тука порано имаше две трафики од кои едната беше првата Снупи. Потоа ја купи пицеријата, онаа на два спрата, потоа Официрски, па на крај базентот. Едно време кружеа муабети дека ќе ја земел и Down Town ама ништо само на муабети остана :)

    Бројче, кај пазарчето има еден куп ресторанчиња, скарата е навистина најубава, незнам дали јас сум си навикната на велешката скара, па друга неможам да поднесам :lol: За салата, најверојатно сте биле во 25 мај, сега се вика сала Ѓемиџии, затоа што велиш сте се загубиле, а можно е да сте биле и во салата на Блаже Конески школото, тука се тие двете блиску до гимназијата, па незнам за која точно ми зборуваш.
    А кафичот е најверојатно Капри. :) Во негова близина има и пруга, т.е. преку улицата е веднаш пругата и има и рампа :)
    Тие се некои доселени во Велес чим така :lol:
     
  7. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    Jас до сега не сум била во Bелес,а сакам да дојдам и да го посетам :worried:
    Hе само Bелес,туку и другите градови :)
    Cега кога ке доагаме таму,си ветив дека ке прошетам каде што не сум била :emo: :D
    Oфи може тебе да ти се обратам? :wasntme:
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  8. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Јас во Велес имам одено само на автобуска и железничка вака на минување.
    Никогаш не сум била во внатрешноста да го запознаам по убаво. Но, веќе две недели барам некој кој би ме дружел да одам таму да се прошетам. Но кутра јас никој не сака. Баш би сакала да го разгледам, да видам.
    А за угорниците и удолниците мислам дека не би ми претставувале проблем, чим ги навикнав овие во Штип таму сигурно ќе биде полесно.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Zaljubena111

    Zaljubena111 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    2.085
    Допаѓања:
    1.647
    Еднаш имам одено на гости, со татко ми по тие ридиштата баравме некој негов војнички. Мислам дека беше од касарната нагоре. Па од тие многу угорнини ни пукна ауспукот така го паметам јас Велес :rofl:
     
  10. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Велес :inlove: Емотивно сум врзана за Велес. Мојата најблиска другарка живее таму, се поврзавме и со кумство, многу сме блиски и затоа уживам кога одиме во Велес на гости. Можеби затоа што сум со драги луѓе кога сум таму, ама навистина многу убаво се чувствувам. Ми се допаѓа шетањето, како да е останата онаа стара традиција за шетање низ центарот, ми се допаѓаше јадењето во Снупи додека децата си играат (сега читам дека е затворено, јас не сум била подолго време), ми се допаѓаат бутиците, секогаш купувам по нешто непланирано кога сум таму :) , убаво ни е на базен на Романтик, (ама навистина имаат забегано со цените), а шетањето низ Велес секогаш ми е поврзано со многу насмевки и убаво расположение. Сигурно има и недостатоци (да не зборувам за загадувањето :( ), ама премногу ни е убаво за да ги забележиме кога сме таму :) .
     
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Аааа Офи, оди да живееш на Којник па дали ќе ги сакаш горништата. :D :D

    Инаку, офицерски уште работи - чекав матурска таму пред 5 дена - ама не е тоа што беше. Непријатно бевме изненадени од бавната услуга, слабиот квалитет и пред се, голема неодговорност. Ти барем знаеш, дека порано скарата беше извонредна, даските, било со ордевер или пирошки беа фантастични. Ама сега... :x Упропастено е се, ордеверот им се служи на мини даскиче, има 5 шунки и 5 танки кашкавалчиња. Катастрофа.

    Ама па ги разбирам, 5 месеци немале плата земено, па и јас нема да се замарам да му работам се најдобро ако не ме плаќа. |(

    Бре велешка работа, одма со трачеви. :rofl: :rofl:
     
  12. dan1

    dan1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    32
    Има и многу други ресторани во Велесов наш кои имаат добра услуга и храна од пријатна и интимна атмосфера до турбофолк лудило :D :D :D Лично мене ,,кафанчиња,, кои ги преферирам во Велес се :
    1.Меаната на Даце
    2.Деспина
    3.Баже пити

    и натаму не се толку омилени за да ги кажувам (сум им нашла премногу недостатоци :lol: )
    Од кафичите највеќе си го сакам Интро , а може да се каже и Прего но тој го окупиравме кога бевме средно :D

    За друго во Велес и не знам што би кажала па и нема многу.Ги имаме само Ноктурно и Импакт, езерото со Мотелот , Романтик и бродот Панини.....Кога сме веќе за одење надвор од градот обожавам да избегам под некој дебела сенка покрај Бабуна (можеби не е некое многу посетено место но е рај ако ти се смачило од Велес ;) )

    Any questions ? :hai:
     
  13. miljkovic

    miljkovic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    526
    Допаѓања:
    363
    Сум била во Велес неколку пати...Искрено просечен град ми е, интересен, има нешто свое.
    Во предходните посотви прочитав дека сите го имаат посетено Снупи, така да и јас сум била таму и можам да кажам дека преубава беше храната.

    Имам ноќевано во интернатот(не ми текнува како се вика) и не е нешто посебен.

    Ноќен живот ехстра...Бев во една дискотека(како ли се викашее :tmi: ), па на базенот...Интересен е сам по себе

    Ако направам споредба помеѓу Вевчани и Велес можам да кажам дека Велес каде каде е поефтин од кај нас, има толку ефтини работи има што не можев да се изначудам.

    И морам да ја пофалам фонтата...Прекрасна е!

    :lol: Ќе го заборавев најважното Мувачот ми е од таму :rofl: и многу други другарки што на жалост многу ретко ги посетувам во Велес!

    Поздрав до сите што сте од Велес! :*
     
  14. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Си го обожавам Велес, со сите негови предности и недостатоци. Гледам многу ја испофаливте храната во Велес, скарата, Снупи, ама јас ќе ве потсетам на најубавата и највкусната Велешка пастрмајлија :) :inlove:

    [​IMG]
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  15. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Eeeeeeх Велес.
    Градов ми е многу убав, мало место,ама нема да видиш нит ѓубре фрлено насекаде,нит гомна натаки наваки,барем во центарот, за разлика од Скопје. :^)
    Многу го засакав градот, имате преубав базен,кој ние скопјаните не можеме да си го приуштиме.
    Народот,од тие што ги знам се мили,фини,културни,но знам и дека има катили. :lol:

    Да не зборувам дека се цените многу ниски,и за облека,и за храна, се зачудив.


    Е сега, не ми се допаѓаат угорниците, во СДК пред некое време кажав дека се осеќам како козица нагоре по нив.
    Ама...добро е,за кондиција.Ете зошто велешани имале добра задница,а? ^_^

    Да преминам на главното, го обожавам Велес. :D
     
    На LadyN му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Ех, па не е веќе толку загаден Велес како порано . Топилницата е затворена ехеее веќе не се сеќавам од кога, башка и ретко која фабрика работи за да загадува нажалост се се затвори :worried:

    Да видите колку е моментално свеж воздухот овде, почна да си врне, освежи мх мх, летен дожд :mm:

    Инаку и јас ја обожавам Бабуна, многу повеќе отколку езерото, почиста е водата на Бабуна, ама па и поладна за разлика од на езеро :worried: Ама убаво е да се отиде на излет, немора ни да се бањаш во реката, доволно е да седиш, да уживаш во зеленилото во глетката и чистиот воздух :mm:

    Еве и неколку сликички за оние што го немаат разгледано градот ...

    Еве го базентот

    [​IMG]

    Патот накај долни дуќани и манасторот Свети Димитрија каде што се случува најубавиот панаѓур :)
    [​IMG]

    Оваа слика е малку фотошопирана, ама не е битно тоа. На неа се саатот, кејот, Вардар и мало мовче :)
    [​IMG]

    Еве ја костурницата
    [​IMG]

    Ова е поглед накај долни дуќани, малку се гледа и црквата Свети Пантелејмон горе на ридот :)
    [​IMG]

    Ваков бил Велес во минатото...
    [​IMG]

    Еве го железниот мост, низ него поминува возот за накај Кочани и Штип .
    [​IMG]

    Еве стара велешка куќа, веднаш под црквата Св Пантелејмон
    [​IMG]
    А еве ја истата во сегашно време - реновирана
    [​IMG]


    Мостот Гемиџии .
    [​IMG]

    [​IMG]

    Ете го во десниот агол школото Васил Главинов, каде што завршив основно :)
    [​IMG]

    Фонтаната...
    [​IMG]
    [​IMG]

    Ова ако не се лажам е куќата на ЈХК Џинот или на Васил Главинов, не ме држете за збор, ги мешам тие две :)
    [​IMG]
    [​IMG]
    Дворот на Гимназијата Кочо Рацин
    [​IMG]

    Споменикот на Панко Брашнар и паркчето околу, во позадина - касарната...
    [​IMG]
    [​IMG]

    Фонтаната кај Авона
    [​IMG]
    Ова е кога ја направија, сега е за никаде, стока сме.
    [​IMG]

    Поглед од Костурницата...
    [​IMG]
    [​IMG]

    Доста ви се слики ;)
     
    На The-Queen, LadyEj, Monna.Monna и 5 други им се допаѓа ова.
  17. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Леле,уште да ви го средат паркот позади салата,мх мх,најубав ќе биде.
    Младинскиот е многу мал. :(
     
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    За тој парк позади салата многу се изнервирав и сеуште сум изреволтирана! Ги искасапија сите дрва, цела година стоеја трупци расфрлани наоколу, гранки и што уште не, којзнае колку змии имало, како што е и Вардар веднаш тука. Со кое право ги исекоа тие стари дрва? Дедо им ли ги насадил? Е многу се изнервирав, а страшно емотивно сум врзана за тој парк, несакам да го цементираат и тој, сакам да си остане зелен, расцутен како што си беше! А и ако го направат, нема да трае долго, ние сме стока, ништо не чуваме. Пред недела дена кога бев во битола, се зачудив колку се зачувани клупите кај шеталиштето, кај нас да се тие, одма ќе им го најдеме крајот. Е тоа не чини, многу работи ни направи и Аце Коцевски, ама ние не цениме, веднаш удираме на уништување.
     
  19. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Офи за градоначалник на Велес. :rock: :D

    Е значи многу сакам да ги посетам манастирите во Велес.
    Ама ете, секогаш отпосле ми текнува.
     
  20. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    482
    Во самиот град не сум била пааа може од основно од екскурзии.Ама затоа сега за 1ви мај бев во хотел Романтик и преубаво си поминав и планирам кога ќе заврши испитнава да идам пак...Исто така сум била и на бродот. :)
    А според сликиве што ги видов погоре заклучив дека Велес е многу убаво и мирно градче кое мора да го посетам во брзо време :$