Сакаме со друштво да одиме некој викенд до Велес па ако може да ми кажете околу изнајмувањето на собите,која е цената,каде можам да се обратам? Дека прв пат ќе одиме таму...
150- 200 денари во еден правец зависи од кое место тргнуваш. Иначе цените во Романтик се малку солени , едно нескафе е 150 денари , но би ти го препорачала мотелот до Романтик имаат многу вкусна храна и можам слободно да кажам дека прават најубаво нескафе . Цените се пристапни за секој џеб.
Не дека имам потекло Велешко,не дека повекето роднини ми се во Велес,ама навистина си го сакам Велесот и велешка околија
Моми велешанки, дали може да препорачате некое ресторанче во Велес? Храната да е вкусна, да има убав амбиент... Кои места најчесто ги посетувате за кафе или ручек? @Veki4kaa, може помош?
Дечки вака ме интересира од Куманово до Младост кај треба да се исклучам на автопат за езеро и дали треба да ја поминам велешката патарина?
Каде е тој манастир во или околу Велес св. Димитрија каде што имало чешма/вода за среќа за женење мажење здравје така некако?? Слушнав муабети..
Манастирот е на околу два километри оддалечен на јужната страна на Велес на патот за Градско. Отвори на мапа, го дава.
Не сум била уште од мала.Последно бев на Пастрмајлијада.Би отишла пак или на Велешко Ез. колку за прошетка и за разонода или на Пастрмајлијада на лапачка Кума сум на Велешани ама ете патот не ме носи натаму често. Добра идеја ми даде темава кога ќе се разубави времето да ги натерам моите да одиме.
Рестораните покрај езерото се преубави, посебно за летен период, многу е посвежичко и пријатно за вечера. Романтик и Глориус се топ.
Бела Вода ресторанот на езерото е супер, веќе 3ти пат одиме летово, храната им е одлична и не е многу скапо.
На Бела Вода е најубаво од сите ресторани во Велес, храната е одлична, услугата супер и брза. На Романтик е скапо и реално тие пари што ќе ги дадеш на Бела Вода во Романтик ќе ги дадеш дупло.