Сум била повеќе пати Велес, татко ми е од овој град, баба ми и дедо ми живеат на Којник. Мене лично ми се допаѓаат угорнините, само еднаш убаво ги испцув кога се враќавме од една свадба и кутрите ноџиња на штикли ме убиваа. Сум ја посетила Костурницата, впечатливо место а има и преубав поглед од таму. Градот изобилува со кафичи, кафанчиња, ресторани и др.угостителски објекти и цените споредено со мојот роден град се видливи, т.е. нема ни простор за споредба. Покрај превкусната пастрмајлија се прават и преубаво приготвени џигерчиња, месото и колбасите се секогаш свежи и за мерак, киселото млеко е превкусно, квалитетот на производите од Благој Ѓорев е познат и мислам дека е еден од градовите каде се приготвува највкусната храна и луѓето се големи гурмани и секогаш расположени да ја залијат со добра капка во големо друштво. Меѓутоа во разговори со роднини и пријатели гледам дека градот го зафаќа некоја апатија и бран на разочараност од целата ситуација во државава, големата невработеност, затворањето на скоро сите капацитети од кои егзистираше градот, ниските плати и експлоатацијата посебно по текстилните фабрики (која е слика и одлика и на цела Македонија, не само на овој град), ова го потенцирам од причина што жителите на овој град се весели и насмеани луѓе во моите спомени од детството но со секое ново доаѓање оваа слика ми ја заменува друга сосема спротивна. Велес е градот на Рацин, на Џинот, на солунските атентатори татко ми со каква гордост зборува за ова и после 40 годишен престој во Охрид уште зборува 100% велешки - наа, онаквоето, тркалевезното, ќе испаднам итн . Инаку езерото не ми остави некој којзнае каков впечаток, сепак јас сум пребирлива по ова прашање .
Во право си Теодора. Се повеќе млади бегаат во Скопје или настрана од државава, градот ни е скоро мртов, нема од што да заживее. Многумина си го бараа спасот и во Франкуфурт ама и тоа сега го нема, едниот од главните е во затвор, другиот го убија лани во Скопје. Јас на некој начин ги оправдувам тие луѓе, да не продаваат они дрога, тоа ќе го прават други. Состојбата ни е катастрофална, затоа наеднаш имаше толкав наплив за натаму. Секој си го бара спасот и тоа е нормално во момент на очај да посигнеш по полесниот пат, мада како што кажав и таму сега не е толку лесно како порано, многумина што отидоа во последно време `паднаа`.
Едно време нон стоп киснев во Велес. Ме носеше патот натаму почесто. Во офицерски, Снупи, кафичите... На романтик имам одено многу пати, многу е убаво таму, јес да е ептен солено. И фини деца знам од Велесов, знам многу тука во Скопје што работат. Не сум била сега одамна, ама ќе гледам наскоро пак да прошетам до таму
И јас како Каролина.Коста до автобуска кога одам за Скопје . Не сум била а многу ми се иде, летоска обавезно, Офи ќе ти се најавам има да ме изнашеташ .
Offspring сликите што си ги поставила и се мислиш на кого е, првата е на Васил Главинов а втората на Џинот, не се работи за иста куќа но и двете се блиску Лас Велес Црквата св.Пантелејмон Новата црква што е сеуште во изградба св.Кирил и Методиј
Епа јас веќе 2 недели киснам на сите да дојдат со мене. И јас викам 45мин е. Ама ете никој не ме дружи. Туку Офи сликите се после нив секако доваѓам па макар и самаа. Кој пита не скита. Ете и сама можам.
Ако доаѓате тоа нека биде до 4ти најдоцна, затоа што од 6ти не сум слободна Пишете ми ЛП и ќе се договориме, ќе ве прошетам кај сакате
Не сум била во Велес. Ама оваа сликата што ја стави Офи многу ми е позната... Може некогаш сме застанувале таму успат, на некоја екскурзија. Другарка ми таму имаше роднини во Градско, населба мисла е тоа и многу го фалеше. Еднаш слушав една емисија за Велес имало радиоактивно зрачење, па нешто како иницијатива беше да се спречи. Сега Велес ќе ме асоцира на Мики.
Бев јас скоро во Велес на натпревар одбојка. Е баш во Васил Главинов. Мене многу ми се допадна градот.Си прошетавме и си разгледувавме по тие дуќанчињата на главната улица. Е сега, јас бев некаде на почеток на април. А јадевме во Снупи. Тогаш беше отворен.. Ама можеби се лажам и не се вика така !
Да, отворен беше тогаш. Сега брзо го затворија пред недела две можеби. Баш со дечко ми се шетавме и забележавме дека има фолии ставено на прозорите, па потоа дознав дека само по порачка работеле. Ама ни храната не им беше толку вкусна во последно време. Порано Снупи дрмаше, ама сега ноу ноу, слабо некако
најубава тема на форумов, со најубави слики секој дел од Велес ми е мил, убав, особено тоа што по сокачиња некои малецки можеш за 2-3 минути да стигнеш кај сакаш интересно е тоа што кога и да имам гости од некој друг град знаат малце да залутаат, или кога повторно ке треба да дојдат да не знаат бидејки сум ги носела по скратени патчиња убав? ма не е убав.. НАЈУБАВ Е ВЕЛЕС !!! еве 3 песни каде што се споменувани велес и велешани/ки http://www.youtube.com/watch?v=bz4IMv1W3xQ http://www.youtube.com/watch?v=k0Ub7tJFNA4 http://www.youtube.com/watch?v=D2tXr8IZ ... re=related
Велес за жал Офи не ви го познавам баш, макар што три пати ви имам дојдено,ама три пати беше ради работа, па од автобуската ваша до општината беше сите три пати. Тоа што било по пат, пошто секој пат пешки одев ко овцичка, среќа имаше кој да ме води... тоа и видов. Интересно ми беше, макар што гледам дека некој за тие угорници, удолници по улиците зборел. Мене ми се виде интересно. Али мене се ново ми е интересно, невидено. И толку имам да кажам. Фин ви е градоначалникот супер да не речам и толку е што знам де. Да и добар тим си има Дури и пастрмајлија ваша немам пробано. Не дека јадам баш ама сепак
Не овој градоначалник. Се што е изградено е изградено во времето на предходниот кој имаше 2 мандата. Тоа што моментално се гради, исто така е започнато во времето на предходниот градоначалник, што значи дека да не беше почнато она што сега се гради од овој градоначаник немаше да видиме ништо. Баш сега на А1 зборуваше предходниот градоначалник Аце Коцевски, кажа дека се китат со неговите перја... Еве... Срамно е што ВМРО-ДПМНЕ се фали со проекти кои се направени во времето на СДСМ, и во времето кога јас бев градоначалник, реагира денеска поранешниот прв човек на Велес, Аце Коцевски. Власта се фали дека го изградила хидросистемот Лисиче, а тој се градеше 19 години, неколку изградени локални патишта си ги препиша себе си, а изградени се во мојот мандат, дисперзираните студии во Велес ги отворивме кога јас бев градоначалник, но сега со тоа се фали власта, рече Коцевски, кој посочи уште десетици такви примери во Велес. „Еден лав да наместеа помалку на мостот во Скопје, ќе го решеа проблемот со свлечиштето Рамина. Уште еден лав помалку да поставеа во Скопје, ќе го решеа проблемот со фекалната канализација во Оризари. - Споменикот што секојдневно го гледате на кружниот тек, ние го изградивме за 40.000 евра. Нивните споменици со слична големина, чинат 750.000 евра. - Споменикот на Кочо Рацин го направивме за 25.000 евра. Нивните споменици од тој тип, чинат по 175.000 евра или за иллустрација, целото мало мовче чини 200.000 евра. Значи можете да направите споредба, колку реално чинат тие споменици и каде одат тие силни пари што се вложуваат, кобајаги, за споменици“, изјави поранешниот градоначалник на Велес, Аце Коцевски. Во право си е човекот... Ние си знаеме како го наместија сегашниов градоначалник... За жал
Сум била за 1 ви Мај во шатори на езерото, и после тоа уште 2-3 пати на искачање. Другарка ми има дечко во Велес, па одиме некогаш цело друштво со коли и се враќаме. Убаво гратче. Базенот е многу убав и многу е ефтино. пс. професорот по англиски (те надворешниот соработник) е велешанец и не ми е многу симпатичен