1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Велес

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Offspring, 31 мај 2011.

  1. peperutka5

    peperutka5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 ноември 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    2
    I JAS GO SAKAM VELES. GRAD SO NEVEROJATNA MESTO POLOZBA, KUKA VRZ KUKA AMA SEPAK SI IMA SVOJ SARM. KAKO DEVOJCE STALNO ODEV VO VELES NA POSEDOK I OD VAJ CEKAVME DA DOJDE VREME ZA VO CARSIJA, MESTO KADE MOZES DA SE VIDIS SO SEKOGO I MESTO KADE STO SE DESAVALE MNOGU SKRIENI POGLEDI,SIMPATII PA I LJUBOVI. ZALNO E STO TAA TRADICIJA NE PRODOLZI. EEEEEE MI SE VRATIJA MNOGU UBAVI SPOMENI OD CARSIJATA. VELES SI E VELES .........................
    [mod-kirilica:worried:dhgv7jk][/mod-kirilica:worried:dhgv7jk]
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Ооо пеперутке, ти си од постарата генерација, си го фатила најубавото време. Ех колку муабети имам слушано за тоа време, за поранешната велешка чаршија долу кај јаворот и судот. Сега е преместена погоре, ама според муабетите што ги имам слушано порано било многу поубаво... Тој дух на Велес е изумрен, нема веќе ништо од тоа. :(
     
  3. Tanjus

    Tanjus Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 ноември 2009
    Пораки:
    257
    Допаѓања:
    70
    [​IMG]


    Локалитетот “Пешти” кој се наоѓа на реката Бабуна е живеалиште на белоглавиот орел кој е ендемичен вид и го нема на ниедно друго место на планетата, но се соочува со закана од целосно истребување. Друг ендемичен вид во регионот на општина Велес е и црниот штрк.

    Еве уште едно убаво место во Велес за посета ;)

    И еве уште една слика од црквата која е во изградба
    [​IMG]

    и од театарот исто така во изградба
    [​IMG]
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Еве ги велешките навивачи - Гемиџии :)

    http://www.youtube.com/watch?v=wrUcZYDQKDc

    http://www.youtube.com/watch?v=s_JhPHAy ... re=related

    Ова е излезот на Велес, близу кај манастирот Св Димитрија.
    [​IMG]
    [​IMG]
    :lol:
    [​IMG]
    Еве уште една слика од Црквата
    [​IMG]
    Романтик.
    [​IMG]
    Некогашниот хотел Вила Зора
    [​IMG]
    Еве ја Бабуна, најубавото место во околината на Велес!
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На crazylady, MacaLove, caroline.costa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.122
    Пол:
    Женски
    :worried: Пак ќе ти речам Офи, врска немам ништо за Велес, освен проблемите на градот што сум слушала. Градоначалници сето тоа да зборам, би било како за во друга држава да зборам, можам за нашиов град само.
    Јас само него од Велес го видов и тимот за образование што му е и за односи со јавност девојката, затоа толку кажав. Толку имам од градот во главава.
    Ако ти велиш така, белким наредни избори ќе имате подобар :worried: . И јас за Ск велам така :D . Наредни подобро.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SexyPrincess

    SexyPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    132
    Ние со дечкото и уште две другарки 2 недели се договараме да одиме да прошетаме до Велес. Но сакаме да одиме со воз по интересно ни е одколку со кола па дали знае некој колку е повратна од Скопје до Велес со воз???

    Сакаме од сабајле да одиме до вечер да прошетаме да јадеме скара, кафе да сликаме.....
     
  7. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.424
    Скопје - Велес повратна карта е 120 денари со воз, а Скопје - Велес во еден правец со автобус е 110 денари.
     
    На SexyPrincess му/ѝ се допаѓа ова.
  8. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Велес многу ми се допаѓа. Јас имам таму роднини и речиси секое лето ги посетувам, односно Велес си го посетувам. Ептен жив град ми е. Во центарот има неколку кафичи каде редовно си седнуваме и каде ми се деси една случака :tmi: и се смееме со братучетките до ден денес.

    Иначе Велешаните се познати по најубавите пастрамајлии. Секогаш кога доаѓам си седнуваме во Снупи пица, пастрамајлија, абе што ти сака душа.

    И да, затоа што доаѓам само лето, го посетуваме базенот.
    Ах, желба ми е што побргу да дојдам. :hai:
     
  9. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    870
    го имам посетено еднаш и искрено на ништо не се секавам :( :( :( треба го посетам уште еднаш ;) ;)
     
  10. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Кога одам во Велес се чувствувам како своја на своето.
    И не е дека нема зошто, но зошто е тоа чувство толку силно е необично и несватливо.

    Можеби заради посетите на мојата прабаба кога бев мала. Заради жената со бело лице и сини очи, долга побелена коса и плетенка свиена во мала пунџа.
    Можеби затоа што одевме премногу ретко, а беше толку поразлично од нашето Скопје.
    Се сеќавам на
    ... големата куќа со порта
    ... чешмата на големиот зид од оградата
    ... шеширот на дедо ми, костумот и вратоврската и утринското кафе во чаршијата со неговите пријатели
    ... лижавчињата од прегорен шеќер со најразлични форми
    ... стрмните камени улички
    ... комшиското куче во дворот
    ... кога мајка ми ќе речеше - ако сте мирни ќе ве носам во НАМА
    ... повозрасни парови кои рака под рака шетаа во топлите летни денови
    ... приказните на мојата прабаба за тоа како со крпа врзана на стап мавтала и тоа било знак дека ја повикува сестра и, која живеела од другата страна на Вардар да дојде кај нејзе... и чекањето на зелено знаме (крпа) како одговор - ќе дојдам
    ...малите портички кои порано ги спојувале дворовите и од каде бегале партизаните
    ... собата која ни беше забранета за влегување... ние мислевме којзнае што кријат таму, па кога ќе се прошверцувавме во нејзе се обидувавме да најдеме што е тоа толку необично во таа соба, а несваќавме дека е тоа гостинска соба и забраната е за да не направиме лом :) ... сега ми е драго што во спомените имам една таква соба
    ...прозорецот кој се отвараше со подигање и заради дебелите зидови имаше место за седење
    ...чардакот
    ....
    Сега во Велес ја нема мојата баба, ја нема дури ни куќата, нема лижавчиња .... но сеуште овој град има енергија која ме исполнува, дедовци со весник под пазувите и шешир на главата кои ја изнудуваат мојата насмевка, парови кои занемарувајќи ги своите години шетаат рака под рака....
    Јас и овој град засекогаш ќе имаме нешто наше заедничко... неколку среќни детски денови.
     
    На danichap, Doozy, mila25ve и 5 други им се допаѓа ова.
  11. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.884
    Допаѓања:
    13.419
    Многу убав град. Мене посебно ми се допадна. Не носеа на екскурзија, во Октомври - лани.
    Иако беше малце ладно, градот многу ми се допадна, и едно што највеќе ми остана во сеќавање е

    [​IMG]

    Морничаво беше.

    Многу калории сеа согорени. Избројав 200+ скалила. :D
     
  12. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.346
    Случајно вчера испадна да отидеме на Велешко, не знам каква е вообичаено водата, ама вчера беше прилично нечиста, па се префрливме во базенот од Романтика, ама за жал беше околу 6, па беше под сенка.
    Како и да е, за прошетка и ладење на жештинава е супер ;)
     
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Нечиста е водата, од таа страна каде што е бродот е многу гадна, дури кога газиш внатре е како тиња, нозете ти пропаѓаат, јас не се сеќавам кога последен пат се имам бањато од таа страна на езерото. Додека од другата страна има една плажичка, ние ја викаме Отовичка плажа, таму е убава водата, топла е и не е гадна, само е малку позапуштено и поретко посетено местото, т.е. нема толку гужва како напред, и може да се види по некоја змија :worried: Мене трските најмногу ме нервираат :devil: А најубаво е да си земеш педалинка и да се бањаш во средината на езерото :) Пред две години практикувавме така јас сестра ми и дечко и, си земавме педалинка и скокавме од неа некаде на средината на езерото, плус и сонцето поубаво фаќа :) Нема трски, нема нечиста вода, нема змии, водните се блиску во трските и на бреговите, или кај тие места каде што има рибари кај карпите. Само ме фаќаше психа деека има сомови во езерото :lol: И неможам да сфатам како некои луѓе скокаат од браната :shake: Тука имам слушнато дека има најмногу сомови, плу карпесто е местото, уф несакам ни да замислам што би можело да се случи.
    Тоа се вика Костурница :) 300 скали има, од почетокот до горе скроз каде што се гледа на сликава.
     
  14. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Сум била неколку пати на неколку наврати.

    Велес ми влегол во полето на перцепција уште од времето кога татко ми ја раководеше градбата на автопатот накај Велес, и како град кој секогаш сме го одминувале итајќи кон Штип да јадеме пастрмајлија :P
    Знам секогаш го прашував татко ми - а она езероно, кое е?
    Младост. Ништо посебно ќерко.

    И така и беше кога го посетив вистински Велес прв пат. Тапа :|
    Единствено нешто што ми остави убав впечаток се оние тесни, калдрмести улички кои душа ти вадат кога се качуваш по нив, но чуството дека газиш по парче историја е прекрасно - и секако храната во Снупи :inlove:

    Другото ништо не ме воодушеви. Многу мал град, а луѓето многу големи трачери...барем оние кои јас ги запознав. Човече и сопствената фамилија си ја испооговараа и исплукаа до даске. Изгледа не сум ги запознала вистинските велешани :?: Од 2 саата седење успејаа да изоговараат цел свет до Рајна богами. За сите се знаат и не забораваат ноншалантно да те потсетат дека ти си никој и ништо пошто они се од градот на Кочо Рацин - а јас едноставно само седев и молчев. Излишно ми беше да влагам во дискусија која ми наликуваше на детска и максимално глупава.

    Езерото валкано и мизерно, цените во Романтик набилдани. Си реков - јас нареден пат тука не доаѓам. Поарно до Матка ќе скршнам и ќе уживам во оние божествени убавини отколку тука.

    Се на се, Велес не е град кој ме инспирира. Имам една пријателка од Велес која ја сакам премногу и таа ми е светлината на градот. Уште и таа ако ме разочара му правам тотално шкрт и скар на цел град комплет :D

    Нешто што многу повеќе ме интересирало отсекогаш е целата афера и проблемите кои сеуште се чуствуваат заради топилницата. Но нитуеден велешанец не сака да зборува за тоа, изгледа тоа е болна тема, не знам па повеќе не се осудив да прашувам а имам читано интересни и доста запрепастувачки студии за тоа какво навистина било и сеуште е влијанието на оловото и цинкот :worried: Последиците наводно сеуште се чуствуваат.
     
  15. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Сакам да пробам велешка трева.
     
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Загадена е :lol: :lol:

    Кога станува збор за топилницата, имаше големи последици од неа, се раѓаа деца од оние со синдроми :( Наводно воздухот сеуште не е скроз прочистен исто и почвата,, треба да поминат многу години, иако поминаа веќе 15 години мање-више откако е затворена... Уште се сеќавам како мала кога ќе отидев на Вршник како целиот град се гледаше во магла од топилницата. Сакаа пред некое време да ја рестартираат ама имаше некои протести и не ја пуштија пак. А и пред некои 2 години можеби има истече некој отровен гас од таму, не се сеќавам што беше, ама немаше некои последици. Дај Боже да ја рушат и да ја заборавиме сите дека некогаш постоела :worried:
     
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  17. something

    something Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2011
    Пораки:
    460
    Допаѓања:
    1.377
  18. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Дури не пробам, не верувам :D

    Да не бидам офтопик, градов да ти имал прекрасно зеленило.
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.594
    Зеленилото последниве година дена е зголемено и многу е разубавено. Претходно беше многу пусто. Сеа и со она цевќињана на мостовите што ги стваија, се различе градот. Вакви цветни декорации на тревните површини гледав пред некоја година во Истамбул, ги сликав оти беа преубави, а сега ги има и кај нас. (не ми замерувајте, обожавам цвеќе).
    Роматик е скапо, ама претежно одат скопјани, а нив цените им се нормални. Сепак тоа е хотел со 4* па мора да биде и малце поскапо. Сега има фестивал на храна, пред некој ден готвеа турци, па после ќе дојдат од Хрватска, од Босна...интересно ќе биде.
    Инаку плажите сеа малце ги расчистија, имаше многу трска, и ако сакаш да се избањаш у длабокото, мораше да пливаш ептен на површината за да не те гребат трските. Сеа бар тоа е чисто, а се прави и стаза околу езерото, пешачка или за точаци, не знам, па баш ќе биде интересно.
     
  20. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    718
    Јас го сакам Велес, првиот пат кога отидов бев буквално воодушевена едноставно мнооогу ми се допадна. И градчето дека е мало, можеш да го прошеташ цело, убаво средено, паркчето тоа пред Снупи, не знам како се викаше, Младински ли :?: храната во Снупи :mm: :mm: :mm: Велешко, вилите спроти на ридчето. Е сега последниот пат кога бев некако не го добив истиот впечаток, дали дека веќе 100ти пат доаѓав или па може дека прв пат го видов Велес дождлив, но сеедно. Ме интересира за тие плажи на Велешко и колку е чиста водата во езерото? Јас сум била само кај бродот од таа страна, ама изгледа плажите се на друга, или грешам? :?: И за некои огромни риби, читав статија пред што знам мн време, некој се удавил и не успеале да го најдат па претпоставка дека го изеле тие рибите. :D Ако сака некој нека ми објасни малце околу ова, баш ме интересира дали е стварно или се некои глупости :tmi: Велешаните што ги знам отприлика ми објасниле ама онака не беа заинтересирани, а мене секогаш ме интригираат вакви мистерии ]:)
    Иначе за моја среќа, имам доста пријатели во Велес така да при секоја слободна прилика им се канам сама на гости :wasntme: и цееел ден ме шетаат на местата што веќе 94859485 пати сум ги видела, ама пак ми се интересни. Не знам мене Велес, некако ме смирува :)