За рибите, не знам) Знам само дека имало огромни кои лежеле на дното, ама не се замарам со нив Водата е чиста, само на почетокот има кал, ама тоа не е нечистотија, туку нормална работа кога 20 деца ќе ритаат у водата. Иначе, кога врне, Велес е хаос. Затоа не ти се допаднал.Во Снупи храната ја расипаа, ама па има се еден куп кафанчиња, и има вкусна храна секаде, по нормални цени.
Cka и ти ли си од Велес? Бреј колку многу не има Кога се зачленив лани само јас бев активна од Велес на форумов, и Велешанка чат-пат Сега се намноживме
Пробај уште еднаш. Кашкавалот што го ставаат фала Богу не е растителен,квалитетен и вкусен е.И салама ставаат доволно,и кечапот и мајонезот не им се вода,и лепчињата не се ронат и не се суви. За разлика од Скопје каде се ова што набројав е спротивно. Суво лепче,кечап и мајонез 1 % само,салама...не знам дали е салама всушност ,кашкавалот растителен...вкус слабо. И бутиците се стварно убави,има различни парчиња облека,не само цвеќиња.
Маца, пробај од Парадизо. Тоа еден сос што имаат... АХАМ! И јадењето е некако сочно, не знам како да го опишам. Ова ти го кажувам од неколку гриза, уште немам асално јадено од таму. Среќа другарка ми редовно си јадеше, машала машала, па јас крадев апки. Додека одевме уште на школо, почнаа и тостовите од Круг да ги мелезат. Се разбира, заклучок од гриз, немам јадено цел тост. Сепак пробај го Парадизо.
Ми направивте лиги сега. Се надевам во скоро време ќе одам, и обавезно ќе јадеме од таму. А сакам и до базенот да тркнам.
Бујрум, кој е за идење нека иде, прва форумска феминска постава го пречекува во Велес. Јас мислам дека и базенот не е веќе тоа што беше. Нели, и тој беше на Снупи, сега некој друг го работел. Наводно - јас немам отидено - се било хаос, не ја хлорирале доволно водата, цените ги покачиле... Не знам, може си измислуваат, ништо чудно. Некна баш минев од таму и беше полупразен, ама сепак не сум дефинирала уште мислење зошто е така. А офицерски.. Вчера на сестра ми и купуваа пирошки и им ги спакувале во хартиено ќесе како кифли. Чиничиња пластични немало веќе, а ги тргнале и пиците. Сега ако сакаш да нарачаш пица, нема од каде. Од круг прават пици ?? Жално, тоа место има мнооогу потенцијал!
Базентот бил пола на Пачуковци - Франкфурт мафија, пола на Аце снупи. Наводно им должел пари па затоа така. И јас немам отидено оваа година, лани нон стоп киснев, и сезонска дека имав. Да ви кажам право не ми е мака за пиците воопшто, и така беа грозни тие од Снупи не ни личеа на пици
Сега кога бев во Велес јадев во круг. Леле суви сендвичи, грозни лепчиња, проѕирни салами-НУЛА. Ми се чини едни сендвичи кај нас што правеа поубави нема да јадам, сега ни е затворена .
А, да дојдете сите кај мене дома на по една шопска ?? Многу е сочна, ама ептен. Секој ден по 2-3 пати ја јадам. Абе само дојдете вие, еве штрумфетка дошла, нареден пат да се јави фино лепо. И ќе заборавев и јас такво нешто имам чуено за базенот. Знаеш, што знаат нека прават, само нека го одржуваат квалитетот, а вака...
Вечер жива свирка на базент, со The Light! Јас сум таму Лазе ми вети дека ќе ја направи еднаш Убер Македонише за мене хел јеаааа
Јас имам појдено во Велес само еднаш. И тоа пред 3 години, ама бев од школо, натпревар имаше, во тоа училиштето што е право по патот(угорнината) спроти црквата во изградба што е. Спојлер Ама објаснување Спојлер И бај д веј, може некоја да ме просветли кое е тоа школо, до ден денес не му го научив името И знам дека ни остана малце време дур ги чекавме резултатите, да се рашетаме. Ама ние пустите, на нозе више не можевме да стоиме, а не па да шетаме. Се спикавме во еден од кафичите што ни се најде на пат, и после трк назад. За жал ништо не успеав да видам. Иначе, многу ми е интересен дијалектот велешки. Ама преинтересен. И ставањето на акцентот во зборчињата. Јас се обидував, ама залудно. Следен пат кога одам, има цел град да го исшетам, и најбитното: да се изнајадам. Знаете, лиги ми потекоа дур читав за Круг, Парадизо. А шлаг на се' - шопската на Дузи.
Сакате да кажете дека Снупи го затвориле или дека услугата е многу под ниво Пред месец дена бев и се најадов како свинче, превкусно ми беше и исти цени. Нееее
Бујрум, бујрум сите на шопска. Во секое време и невреме. И едно ракииче кога ќе ви дадам да мснете, мх! А школото е Блаже Конески. Прилично изградено од лим. Ама најубавата година од моето школство ја поминав таму. Година велам, затоа што само во осмо учев таму. Ма супер ми беше, малку е како лавиринт, ама кога еднаш ќе ти влезе во срцето... И да, снупи е затворено.
Колку е абсофакинглутли празен градов! Уф, мислам дека само јас, другарка ми, Офи и дечко и сме, други нема. Нема никаде да се оди, ништо да се прави, се е испозатворено... едно од подосадните лета во мојот живот.
Абе речи и нека испадне, нека се згужва малку чаршијава. Инаку, не знам дали имаш приметено, функционираме на систем после 12, 12 и пол, правец дома, сите на фејсбук. Сите 50 души кои се мотаат по улицине, де. Ќе спобудалам уште малку во градов, најозбилно.