1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Велес

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Offspring, 31 мај 2011.

  1. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    2.426
    ај не ме разочарувајте дека до толку е празен Велес, за 2-3-4-5 дена си идам и јас дома :D малце гужва да ви напраам :D
     
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    За 2-3-4 дена јас веројатно тргам на одмор, така да ќе биде уште попразен. :rofl:
     
  3. HappyOne

    HappyOne Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    И јас сум во Велес, не е толку празен :lol:
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    На Angelche му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Bajaderka

    Bajaderka Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2010
    Пораки:
    323
    Допаѓања:
    339
    Со душа чекам да дојде сабота, одамна го чекав Владо да дојде (да не речам од лани :) )
     
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    http://www.youtube.com/watch?v=_BQTFFUV ... r_embedded

    Поздрав велешани. Лелеле легенда. :rofl: :rofl: :rofl:

    Ми текнува дека еднаш кога бев мала, го даваа овој на телевизија и се јави еден да го праша - Извинете, господине, но зошто вас ве викаат чавка ?! :rofl:

    И овој се испаничи целиот. Прајслес појава е. :rofl:
     
    На Tajnaotrovna, sadangel и velesanka им се допаѓа ова.
  7. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    2.426

    ауу хахаха човеков од кога го немам слушано :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :rofl:
     
  8. Tajnaotrovna

    Tajnaotrovna Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јули 2011
    Пораки:
    3.074
    Допаѓања:
    33.626
    Пол:
    Женски
    Еве еден опис на велешани, кој го читав пред 1 год. и се газев од :D


    Лична карта на Велешанец

    Име и презиме: Исто како дедо му.

    Прекар: Улав, Смрден, Пеер, Умрен, Сељак.

    Хороскопски знак: Семкар

    Адреса: Или Благој Ѓорев или нагоре по ридот.

    Професија: Шо и да е за пет иљади.

    Општествен статус: Незадоволен граѓанин од владата.

    Хоби: Кладење, Гледање плакати кој умрел.

    Брачен статус: Среќно неоженет.

    Деца: Едно ко ниедно.

    Домашно милениче: Галапчиња.

    Станбен статус: Хармонична симбиоза со родителите.

    Вечна амбиција: Да добијам документи за на брод.

    Надежи: Годинава да биде поарно.

    Најчеста фраза: „Абе умрел Андре на Ленка...“

    Непоправлива навика: Плукање по улица

    Дневна маршута:
    Дома – Работа – Дома
    Дома – На школо – Дома
    Дома – Кладилница – Дома
    (Кладилница се комбинира со претходните две)
    Дневна – Спална – Дневна (само за најупорните)

    Вечерна шема:
    30 круга од Панини до кај Семкарот (за под 18 год.)
    Рандом избор на комплекс кафичи + PUB, Glamour, AS, Nocturno

    Трошоци: Повеќе од заработката.

    Комплекси: Да му цркне козата на комшијата.

    Најпосакуван велешанец: Тој со поршето.

    Најпосакувана велешанка: Таа со деколтето и миничот на минус 20
     
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Велешката топилница ќе се рестартира

    [​IMG]
    Велешката топилница ќе се рестартира. Инвеститорот „Метрудхем“ најави дека планира да инвестира 150 милиони долари во реновирање, ревитализација и модернизација на постоечките постројки и за 2,5 до три години откако ќе добие одврзани раце од Министерството за животна средина да почне со производство.

    Направен е првиот чекор, испратено е известување до министерството за намерата на компанијата за изработка на студија за оцена на влијанието на животната средина.

    - Компанијата „Дексон Ема“ веќе ја изработи студијата, но таа ќе биде конечна по имплементацијата на сите аргументирани сугеститиите од јавната расправа и оценките на експертските комисии и другите државни институции. Таа предлага технолошки решенија од врвот на меѓународната листа на денес признати најдобри техники и технологии - изјави Тони Димитриоски управител на „Метрудхем“. Според нив влијанијата врз животната средина од работата на топилницата ќе се сведе на минимум.

    Планирано е топилницата да произведува 100.000 тони годишно цинк и олово и 100.000 тони вештачко ѓубриво во фабриката во Згрополци. Според проценките, 300 милиони евра треба да изнесува годишниот обрт на инвеститорот првата година откако ќе почне со производство. Планирани се 1.000 директни вработувања и уште 2.000 од страна на кооперантите. (А.Ф.)

    Извор - Дневник.

    :x :x :x :x :x :x
     
  10. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Ќе се отруеме, како глувци ќе се испотруеме. Имаат милиони, ма билиони за инвестирање, зошто не ја преместат надвор од градот. :x

    Се убаво тоа со работни места и слично, но каде во светот има фабрика за МЕТАЛИ сред населено место. Будала работа. Убаво се сеќавам како кога одев на гости во зградите кај УЗУС, не можеа џамот да си го отворат луѓето; алиштата ги сушеа внатре, надвор им стануваа црни од чуревниците.

    Да не спомнувам дека имам направено барем 2-3 проекта со кои многу јасно се докажува штетноста на Топилницава. Ама, кој да слуша. Тие што имаат пари чинат, јас не чинам. :D
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Богами, не да се сеќавам... Баш поназад во темава зборував за тоа, не се сеќавам кој прашуваше за Топилницата... Не смееме да дозволиме да ја отворат, ќе се организираат пак протести како тогаш, нема шанси тоа зло повторно :x
     
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    Ма, знаеш што е баналното. Тоа што и малите деца, меѓу кои и јас, на 13-4 години, комотно докажуваа со аргументирани докази дека е штетно. А никој не ги слуша нив. Кога јас со мојот скромен памет на 13 години сум можела да направам проект за тоа, зошто бе некој асален, стручен во таа област не направи еден проект... Па да побие и отворање и се. Ама нее, сите експерти ќутат. Мани, мани и енд оф стори. ;)

    А ќе видиш, ако ја отворат, ќе уверуваат дека има филтри, ова има, она има. Се тоа убаво луѓе, ама воздух нема во градов, они Топилници ми рестартираат. Ако е толку многу здраво да се живее до фабрики, зошто сите се надвор од градовите, по 20км се оддалечени. Зборувам ова за нормалниот свет, нели ние малку ненормални сме. :D

    Протестите што знам колку ќе помогнат. Како што се сеќавам, од други причини се затвори, не заради протестите или доброто на луѓето. :envy:
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Еве што најдов на нет... Ова е веројатно од 2008ма кога сакаа да ја рестартираат и кога имаше протести.

    Велешани паметат како живееја со енормно високи концентрации на сулфур диоксид, со честички на оловно – кадмиумова и цинкова прашина во воздухот. Не заборавиле дека токму во времето на најголемото загадување на Велес, од Топилницата, беа направени студии за влијанието на тешките метали врз нивното здравје а резултатите не им се соопштуваа, вели д-р Атанас Василев. Гинекологот тврди дека поразителните резултати од студијата за присуството на тешките метали во плацентата на велешките родилки е само еден аргумент зошто фабриката не смее повторно да се рестартира:

    - Присуството на тешките метали во плацентата на родилките значи оштетување на плодот, оштетување на секоја новородена личност, секој граѓанин на Велес. Јас затоа се залагам да не се рестартира Топилницата.

    Мислењето на докторот го делат и стручњаци кои говорат за несоодветното затворање на Топилницата, што се случи пред 5 години. Велат дека нестручното сопирање на производствените постојки сега ќе предизвика ново неконтролирано загадување. Технолозите и металурзите предупредуваат дека додека фабриката работела не биле реализирани ниту проектите кои требале да обезбедат минимум еколошка заштита.

    - Кога се би се направило како што треба и најдобри филтри да се стават може да има загадувања при инциденти посебно при неделните или десетдневни ремонти па и за годишните ремонти – вели Петре Стојанов, дипломиран металург инженер.
     
    На Doozy и femina90 им се допаѓа ова.
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Него, овие да не испитуваат територија како ќе реагираат Велешани ако се пуштат гласини дека ќе се рестартира? Можеби си мислат дека ако не се побуниме лесно ќе можат да ја отворат, познавајќи ја и нашата индиферентност т.е. село гори баба се чешла.
    Јас мислам дека ние Велешани можеме се да си трпиме, но не и кога е во прашање топилницата и нејзиното повторно отварање. Ако се засилат гласините дека ќе се рестартира очекувам протести и тоа масовни, на кои ние Велешани не смееме да останеме сами, туку да добиеме поддршка и од другите граѓани во земјава.
     
  15. LadyEj

    LadyEj Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    76
    Допаѓања:
    128
    Најубавата тема на форумчево наше сакано :))))) Како што кажа offspring, се ни е суперлатив :))) Гледам сте го испофалиле Снупи, пак се мачат луѓенцата да го извадат од калта ама не бидува :| И многу ме изнервираа вчера на базен Снуповци, ама ајде да не бидам офтопик. Ама дека имаме највкусни специјалитетчиња, имаме :P
    За ноќниот живот страшно сте се излажале дека е многу добар, напротив-за никаде е, немаме многу избор каде да одиме по ноќевите. Сепак, се отвараат нови местенца за шеткање и пивкање кафенце, а и градов ни се средува полека полека, иако тоа ќе трае уште долги години. И паркот ни го средија, кога сме веќе кај него :)))))
    Велес инаку располага со природни убавини, како што сте спомнале веќе голем дел од нив се уништени, ама сеуште има места што вреди да се видат :) Во наредна прилика ќе ви прикачам и фотки, имам неколку убави. И да, чурук народ сме, сите знаат се за секого! Има уште многу да се зборува за градов, ама и тоа во друга прилика..И извинете што овака натрупано се изнакажав, без никаков ред :lol:
     
  16. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Еве една прекрасна слика од нашиот град! :)
    [​IMG]
    Единствените семафори што ги имаме :lol:
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Стихови од Рацин на здградата спроти поштата :)
    [​IMG]
    [​IMG]
    Железниот мост - Доживљај беше порано кога бев мала да го поминеш. Кога ми доаѓаа гости од друг град секогаш ги носев на тој предизвик - да го поминат мостот :)
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Од високо :)
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    Велес навечер - кога сите светла од домовите светат! Чувството е прекрасно кога од некој спротивен рид ја гледате таа убавина и срцето ви се исполнува. Како целиот град да е една ливада полна со светулки! Бесценето чувство :inlove: Гледаш, и се повеќе и повеќе се заљубуваш во родениот град!
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Hiii, danichap, Cacy и 4 други им се допаѓа ова.
  17. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.970
    ВЕЛЕС беше ПРЕПРЕПРЕПРЕНАЈНАЈНАЈ ПРЕКРАСЕН вечерва! :clap: Не сте свесни која атмосфера ја имаше, гужви, возила, свирки, вувузели, сирени, еден дури, сирот, и алармот од дуќанот си го откорна за да свири. :rofl: Само што заврши натпреварот, од сите ридишта, чиниш мали поточиња, се сливаа сите на главната улица.

    Еден единствен немаше рамнодушен. ЕДЕН не видов да биде намуртен, изнервиран. Ме испогазија сто пати, ме избуткаа, ма јас со насмевка им одговарав. Замислете, двајца одеа случајно еден до друг, едниот му ја изгази апостолката, овој остана бос... Очекував да се испотепаат, или барем една поштена пцовка да падне. Не, не. Знаете што направија - СЕ ИЗГУШКАА, си честитаа победа и секој по својот пат.

    Мило ми е кога ги гледам велешани обединети, среќни, задоволни. Не сте свесни колку се наполнив со позитивни емоции, па тоа е чудо. Имам чувство на гордост, мир, спокој, некоја надеж дека трудољубивоста, чесноста и упорноста се доволни за успех. :clap:

    Морам да ја пофалам Офи со дечкото, речиси цело време одевме заедно, де пред нас, де зад нас. Си трчкаа они, убавите. Беа едни од најжестоките навивачи. :*

    Еве да ѕирнете. :wasntme:

    http://www.youtube.com/user/KiKaC132#p/ ... sMWZ653TT4
     
    На Offspring, The-Queen, K.Mari4ka и 2 други им се допаѓа ова.
  18. K.Mari4ka

    K.Mari4ka Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2011
    Пораки:
    1.457
    Допаѓања:
    1.559
    Пол:
    Женски
    ДАААААА Вчера ама беше убаво кога сите заедно ја славевме победата на Македонија. Сите испаднаа надвор се урликаше цела вечер :D супер ни е градот јас си го сакам. Поздрав до Велешани а останатите обавезно нека дојдат да го посетат, нема да зажалат :)
     
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Луѓе велешки, да не знаете дали има некаде кај што почнале да прават пити? Ќе убијам некој од што ми се јаде пита! :!:
     
  20. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    2.426
    денес во Штип почнува пастармалијада.. или питијада по нашки :D :D :D

    eдит : Во Баже пити... а и мислам кај и да си нарачаш ке ти направат :D